fbpx
Таг: македонски филм

таг: македонски филм

Кандидатот за оскар „Домаќинство за почетници“ од 12 октомври ќе се прикажува во „Синеплекс“

Филмот „Домаќинство за почетници“, во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој е македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ и е еден од селектираните филмови за Европските филмски награди, од 12. октомври (четврток), ќе почне да се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје. Светската премиера на „Домаќинство за почетници“ се одржа во рамките на 80. издание...

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски влезе во селекција за Европските филмски награди

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА). Кон крајот на август, прво беа избрани 19 играни филмови, а во...

„Домаќинство за почетници“ во режија на Столевски е македонски кандидат за Оскар

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Оваа одлука ја донела Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Кастриот Авдили...

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски ќе има премиера на филмскиот фестивал во Венеција

Филмскиот фестивал во Венеција, еден од најпрестижните настани во глобалната филмска индустрија, денеска го отвора своето 80-то издание. Во рамки на фестивалот премиера ќе има и македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје. Во рамките на јубилејното издание, кое ќе трае до 9 септември, ќе бидат...

Кикстартер-кампања на Ана Јакимска за филмот „Нема духови во туѓина“

Тимот на филмот "Нема духови во туѓина" од Ана Јакимска
Ана Јакимска дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а потоа дипломирала и Филмска режија на Факултетот за драмски уметности при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје. Јакимска моментално е на дополнителни студии - магистериум - на универзитетот Голдсмитс во Лондон, каде што работи на нејзиниот најнов филм со наслов „Нема духови...

Кусометражен филм на Зоран Попоски креиран со вештачка интелигенција е во финалето на фестивал во Далас

Кусометражниот филм „Уништен свет“, создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ), во режија на на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски, е финалист на 53-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Далас, Тексас. Филмот на Попоски е номиниран во категоријата меѓународен кусометражен филм и видео. Фестивалот во Далас е еден од најстарите и најреноминарните меѓународни филмски фестивали во САД. Од 1971 година...

„Сестри“ ја освои публиката на грчкиот филмски фестивал „Панорама“

Македонскиот филм „Сестри“ во режија на Дина Дума на 34-то издание на грчкиот фестивал за европски филм „Панорама“ ја освои наградата од публиката, „Audience Prize“. Фестивалот годинава се одржа онлајн од 27 јануари до 2 февуари. Филмот беше прикажан преку платформата Cinesquare, признанието го доби од страна на читателите на филмското списание „Атинорама“. „Првиот долгометражен филм на Дина Дума е изборот...

Иванка Апостолова Баскар за својот нов филм „The PCR Song“: Клучната работа е односот кон деталите

Неодамна се одржа премиерата на најновиот филм, односно експерименталниот видео-театар проект наречен „The PCR Song“ на македонската артистка, режисерка и професорка Иванка Апостолова Баскар. Во разговор за Мета, таа сподели неколку впечатоци од премиерното прикажување на филмот, а дополнително поразговаравме и за процесот на изработка. Како помина премиерата, колку сте задоволна од заинтересираноста за филмот? Апостолова Баскар: Премиерата беше дигитална, на...

„Тајната состојка“ на Ставрески го зачини филмскиот фестивал во Солун

Ако задачата на филмот како уметност, во духот на најславната парола на париската револуционерна 1968 година, „Да бидеме реални, да го бараме невозмозното!“, е да го најавува духот на новото време, тогаш не треба да му се лутиме за сите тие депресивни и црни слики што ни ги нуди?! И кој ја има формулата на онаа тајна состојка што ветува добар филм и добар фестивал? Веќе...

Премиерата на новиот македонски филм „Кога денот немаше име“ на Берлинале

Новиот македoнски филм „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар-Митевска, премиерата ќе ја има на престижниот филмски фестивал во Берлин, соопшти продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“. „Кога денот немаше име“ ќе биде претставен во програмата „Панорама специјал“ на Берлинале, на 14 февруари, во 19 часот, во киното „Зоо палас“. Во филмот улогите ги толкуваат актерките Ратка Радмановиќ, Николина Кујача, Ана Костовска и...

Македонски филм освои прва награда на меѓународен фестивал во Флорида

Македонскиот краткометражен филм „Мрачни часови“ освои прва награда на меѓународниот натпревар „Хeмфри Богарт филм фестивал“, за студентски ноар-филмови, во категоријата филмови од странско говорно подрачје. Сценариото и режијата се на Трифун Ситниковски, а главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ и Александра Стојкова. Во филмот се појавуваат и Гоце Цветановски, Марија Димитрова и Александар Трајковски. „Мрачни часови“ ќе се прикажува вечерва во...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...