!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Одбојкарите освоија сребрен медал и никој не ги пречека


Скопје, 4 јули, 2017 - 11:26 (META) 

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, која вторпат го освои сребрениот медал во Европската лига, вчеравечер се врати дома, но за неа немаше организиран пречек, како за ракометарите, па сами минаа низ Порта Македонија, на плоштадот ја отпеаја македонската химна и потоа заиграа оро.

Како што извести „Екипа“, од „пречекот“ директен пренос од својот мобилен телефон преку „Фејсбук“ правел капитенот Никола Ѓорѓиев.

Во финалето на Ф4-турнирот одбојкарите со 3:1 загубија од Украина, но на земјава ѝ го донесоа второто сребро од ова натпреварување.

 


Македонија изигра нерешено со Норвешка


Варшава, 25 јануари, 2016 - 20:20 (META) 

Македонската ракометна репрезентација изигра нерешено против репрезентацијата на Норвешка. Натпреварот од втората фаза на Европското првенство, кое се игра во Полска, заврши со резултат 31:31.

На полувремето македонските ракометари водеа со четири поени разлика (17:13).

Играч на натпреварот беше Кире Лазаров, кој постигна 11 гола. Пет гола даде Дејан Манасков, а три Филип Миркуловски. Борко Ристовски имаше 11 одбрани. Кај Норвешка, Кристијан Бјорнсен даде шест гола, а Магнус Јондал пет.

По овој бод, Македонија сега ќе треба да се надева Полска да победи во следните два свои натпревари, а Франција да ги победи Норвежаните за официјално да обезбедиме пласман на олимпискиот турнир.

Нашите ракометари утре имаат слободен ден, а в среда го играат последниот меч на овој шампионат против селекцијата на Белорусија.