fbpx
Таг: Македонска каменица

таг: Македонска каменица

ЦУК: Маж си ја запалил куќата и загинал во пожарот

Една човечка жртва однел пожар во куќа во селото Косевица, близу Македонска Каменица, информираше Регионалниот ЦУК Штип. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 7.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во селото, односно во месноста „Реката''. Интервенирано е со две протипожарни возила, а материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема. „Причина...

Обвинителството проверува изборен поткуп во Делчево

Основното јавно обвинителство информира дека постапува по дојава за изборен поткуп во Македонска Каменица. „Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник дал 1000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија“, наведно е во соопштението. Јавен обвинител даде насоки и се...

Одлука за бојкотот на наставата во Македонска Каменица нема, иако учениците почнуваат да се приклучуваат

Веќе три недели трае бојкотот на наставата во ООУ „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, каде родителите бараат настава со физичко присуство. За денеска беше најавена конечна одлука, меѓутоа, родителите ја префрлаат топката еден на друг, особено по најавата дека од понеделник Општината ќе почне со поделбата на бесплатните таблет компјутери за учениците, кои изјавиле дека немаат опрема за...

„Саса“ за загадувањето на Каменичка река ќе добие глоба од максимум 100.000 евра

Државниот инспекторат за животна средина предложил казна од максимум 100.000 евра за рудникот „Саса“, од чие јаловиште вчера беше предизвикана еколошка катастрофа во Каменичка река во Македонска Каменица. Точната висина на казната, според постапката која ја предвидува Законот за животна средина, ќе ја утврди комисија на Министерството за животна средина и просторно планирање, во постапка за спогодување. Управата на...

Се излеа јаловина од рудникот „Саса“ во Каменичка река, штетата допрва ќе се утврдува

Јаловина од рудникот „Саса“ се излеа утрово и ја потемне Каменичка река. Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина во моментов се на терен во Македонска Каменица, а по увидот ќе се знае големината на штетата која им е нанесена на водата и животната околина. Според соопштение од управата на рудникот, инцидентот се случил рано утрото откако заради дефект на...

Ковид-19 привремено ги прати дома административците од две општини во Источна Македонија

Македонска Каменица
Од 14 септември (понеделник) по десетдневна пауза на работа се враќаат сите административци во Општина Македонска Каменица, кои од 3 септември работеа од дома поради тоа што нивен колега е позитивен на ковид-19. Откако беше потврден случајот, а неколку други вработени беа суспектни, зградата на општината беше затворена. Граѓаните со соопштение беа информирани за новиот режим на работа.   „Поради...

„Рударска приказна“ симболичен мурал за историјата на рударска Македонска Каменица

На Денот на рударите, 28 август, кој е и празник на градот, Македонска Каменица доби мурал, еден од најголемите во Македонија. Муралот е своевидна историја на малото рударско градче и го краси ѕидот спроти зградата на Општината. Делото на четворица македонски автори е исцртано на површина од речиси 300 квадратни метри, во должина од 75 метри. Највисоката точка на...

Рудникот „Саса“ главно прашање на јавната расправа за заштита на Осогово во Македонска Каменица

Кои се зоните на заштита во идниот заштитен предел на Осоговските планини, како тоа ќе влијае на работата на рудникот „Саса“ и дали ќе биде дозволен лов, беа главните прашања околку кои се дискутираше на втората јавна расправа по Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел која се одржа во Македонска Каменица. Пред граѓаните и претставниците...

Предлогот за заштита на Осоговските планини на јавна расправа во четири општини

Министерството за животна средина и просторно планирање ги објави термините за јавните расправи за предлогот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје. Почнувајќи од 18 па до 26 август ќе бидат организирани четири отворени средби, на кои јавноста ќе може да ги даде своите забелешки и коментари во врска со актот со кој ќе се заштитат...

„Мета.мк“ помеѓу граѓаните кога стигна веста за првиот ковид-19 пациент во Македонска Каменица

Марија Мицевска има 77 години. Вели дека е особено внимателна, што беше и забележително, затоа што иако се движеше сама по улицата во Македонска Каменица, на носот и устата ја имаше ставено заштитната маска. Кога побаравме да ја фотографираме, ја симна за да ѝ се види лицето. „Послушни сме, внимаваме колку можеме. Младите се послободни, но секој треба прво да...

Добредојдовте во Македонска Каменица, последниот град кој попушти во корона битката

„Ние сме четири пријателки и комшивки и секое утро се собиравме кај некоја во домот или дворот за да пиеме кафе и да си поразговараме. Од кога кажаа дека има вирус, престанавме да си одиме на гости и сите пиеме кафе сами дома“. Вака го започнува разговорот госпоѓа Гуга, откако ги застанавме на улица со нејзината пријателка за да ги...

Тесна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, СДСМ победи во Кочани

Првичните неофицијални партиски резултати од предвремените парламентарни избори во источниот дел на земјава покажуваат тесна победа на коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Според актуелниот распоред на гласовите во Штип, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 10.122 гласови, СДСМ – 10.010, Левица – 1.204, ГДУ – 601, Интегра – 346, ДУИ – 187, МОРО – Работничка партија – 125,...

Повеќе од половина од буџетот на Македонска Каменица се полни од концесијата од „Саса“

Малата рударска општина Македонска Каменица во тековната 2020 година ќе може да потроши над 3,4 милиони евра од основниот буџет. Од тој износ, два милиони евра се прилив од концесијата, која секоја година ја плаќа рудникот „Саса“ по основа на експлоатација на минерални суровини. Ова се значајни средства, што на општината ѝ дава извесна комоција за да може да...

Забранет сообраќајот на некои превои и патни правци, на некои само за камиони

Поради обилните снежни врнежи, прогласена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои Пресека, Буково и кон граничниот премин Ќафасан. На Буково сообраќајот е забранет и за автомобили. Од 15 часот на патниот правец Тетово - Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на камиони и автобуси. Забрана за движење на камиони има и на патот Маврово...

Двајца загинати во две сообраќајки близу Македонска Каменица

Маж и жена загинале во две одвоени сообраќајки близу Македонска Каменица денеска. Според СВР Штип, на магистралниот пат на потегот од селото Истибања до Македонска Каменица, на свиокот во близина на рибникот „Саваро“, загинал 51-годишен маж од селото Облешево. Возилото „махиндра“ со кое управувал, претпладнево излетало од коловозот и тој на местото на несреќата починал од добиените повреди. Три часа подоцна...

Анѓушев: Владата подготвува мерки за подобрување на статусот на рударите

Во Владата во тек е подготовка на активности околу подобрување на состојбата на работниците во рударството, порача вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, при денешната посета на рудникот Саса во Македонска Каменица, при што се сретна со неговиот генерален директор, Нели Стивенсон. - Разговаравме за задоволување на европските стандарди и норми во практикување на рударство во Саса и во другите...

Излетале од патот и паднале во провалија длабока 4 метри

Вчеравечер околу 21 часот на локалниот пат Македонска Каменица - с.Моштица, се случила сообраќајна незгода во која Б.Ц. (22) од Македонска Каменица, кој управувал автомобил марка „рено меган“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и паднал во провалија длабока околу четири метри. Од МВР информираат дека во незгодата сопатничката од возилото, С.Ѓ. (28) од Македонска Каменица, добила тешки телесни...

Апели на социјалните мрежи: Парите за Цеца, Северина и Чолиќ да се дадат на поплавените

Парите за Цеца, Северина и Здравко Чолиќ, кои треба да дојдат во Берово, Македонски Каменица и Штип, да се пренаменат за граѓаните од поплавените подрачја. Тоа ќе ја потврди општествената одговорност на општините, кои се организатори на манифестации, каде ќе настапат овие регионални ѕвезди. Ова се дел од ставовите и иницијативите, кои интензивно се вртат по социјалните мрежи. Општината Штип...

Цеца за Голема Богородица ќе пее во Македонска Каменица

Како настан на летото во Македонска Каменица за 28 август најавен е концерт на српската пејачка Цеца Ражњатовиќ. Таа ќе пее на Денот на рударите на Голема Богородица, што е и празник на градот. Покровители се Општината Македонска Каменица и рудникот „Саса“. Никој не соопштува за колкав износ ќе пее Цеца. Во Штип на манифестацијата „Штипска пастрмалијада“, Цеца настапи за...

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...