fbpx
Таг: македонска берза

таг: македонска берза

Цените на храната не го ништат профитот на прехранбената индустрија [инфографик]

Холандски кашкавал во супермаркетите е поевтин од домашниот, исто како што увозното пиво е поевтино од македонските. Граѓаните кои секојдневно купуваат храна се прашуваат како е ова можно, а апсурдната ситуација продолжува и откако владата утврди „гарантирана цена“ за дел од прехранбените производи до крајот на 2023 година. Податоците кои ги анализираше Мета.мк покажуваат дека најголемиот дел од прехранбените...

Бесими и Штериев со ѕвоно го означија стартот на тргувањето со граѓанската обврзница

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Македонската берза заедно со извршниот директор Иван Штерив симболично со заѕвонување на ѕвоното го означија стартот на тргувањето со граѓанската обврзница. Првата емисија на граѓанска обврзница беше издадена во текот на овој месец, при што на аукцијата одржана на 13 јули беа запишани вкупно 1.448.030.000 денари. „Граѓаните кои учествуваа на аукцијата на 13...

Почнува распродажбата на имотот на Мијалков запленет во „Империја“

На Македонска берза денеска и во следните четири дена на тргување ќе бидат ставени акциите запленети од Сашо Мијалков во предметот „Империја“. Акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Арселор Митал“, Стопанска Банка - Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нивен сегашен сопственик е Агенцијата за управување со одземен имот. Вкупната почетна вредност...

Царовска: Финансиската едукација на средношколците е важна во нивната подготовка за пазарот на труд

Раната финансиска едукација е од исклучително значење за младите. Тие мора навремено да се запознаат со основните термини, поими и информации врзани за финансиите и економијата, тргувањето со хартии од вредност, менаџирањето со средства и нивно искористување на најефикасен начин, надминувањето на финансиските проблеми и управувањето со ризиците. Со совладувањето на оваа материја учениците стануваат подобро подготвени за успешен...

Голема родова нееднаквост во управните органи на компаниите од Македонската берза

Мажите доминираат во органите на управување на акционерските друштва што котираат на Македонската берза, покажува родовата анализа што ја објави берзата. Во вкупно 98 котирани компании се евидентирани вкупно 632 лица-членови на органи на управување. Од вкупниот број членови на органи на управување во котираните компании само 24,2 отсто се жени. Уште е помал бројот на жени на повисоките раководни...

Бесими: Нè очекува најголемата реформа на пазарот на капитал, Законот за хартии од вредност ќе се замени со два нови закона

бесими
Министерството за финансии наредната година планира да ja реализира најголемата реформа во областа на пазарот на капитал. Постојниот Закон за хартии од вредност ќе биде заменет со два нови закона: Закон за финансиски инструменти и Закон за проспекти за хартии од вредност и обврски на издавачите за транспарентност, соопштија од Министерството за финансии. „Со оваа реформа ќе се создадат...

Заев: Компаниите кои се на берза, се поатрактивни за домашните и странски инвеститори

Македонската берза и пазарот на капитал се важен дел од економското функционирање на нашата земја и улогата и функцијата што ги имаат за раст и развој на економијата и компаниите се исклучително важни, рече денеска во обраќањето премиерот Зоран Заев на јубилејната 20-годишна конференција во организација на АД Македонска берза во Охрид. Тој додаде дека државата е тука да гарантира...

Тевдовски верува дека проектираниот економски раст од 3,2 отсто ќе се реализира

Министерот за финансии, Драган Тевдовски очекува дека проекцијата на Народна банка за раст на економијата од 3,2 отсто, годинава ќе се реализира „Индустриското производство во првите три месеци од 2018 година забележа раст од 5,2 отсто, бројот на работници во индустријата во првите два месеца порасна за 6,1 отсто, извозот на стоки во првите два месеца забележа висок раст од 24...

Дебата на Македонска берза: Каматните стапки се доближуваат до нула

Македонската берза организираше дебата на тема „Време на ниски каматни стапки“, при што беше истакнато дека каматните стапки на локално, регионално и на глобално ниво се намалуваат и се доближуваат до нула. Генералниот директор, Иван Штериев, истакна дека и покрај намалувањето на каматите за штедење во банките, тоа не го зголеми интересот за купување акции во Македонија. - Намалувањето на каматите...

Од првиот ден на тргување до денеска, Македонска берза со промет од 3,3 милијарди евра

Од првиот ден на тргување до денеска, односно од 28 март 1996 година до 31 август 2015 година, на берзата е остварен вкупен промет од повеќе од 3,3 милијарди евра (апроксимативно 90 проценти акции, 10 проценти обврзници) и се склучени 468.258 трансакции со повеќе од 600 хартии од вредност. Ова денеска го истакнаа од Македонска берза по повод прославата за 20 години постоење. - Овие резултати се остварени преку...

Прометот на македонската берза е намален за 72,61 процент

Прометот на македонската берза е намален за 72,61 процент, стои во месечниот извештај на Македонска берза. Има пад и на бројот на трансакции од 34,56 проценти. Во јули биле реализирани 909 трансакции и промет од 119.787.481 денари. Според извештајот, само 3 проценти од инвеститорите се странски физички и правни лица, а остатокот од 97 проценти се домашни вложувачи.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...