fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Бугарски „Телеграф“ обвинува: Македонија ни го краде грбот

Бугарскиот весник „Телеграф“ обвинува дека Македонија го краде бугарскиот грб. „Владата во Скопје усвои нов државен грб кој е копија на нашиот“, пишува бугарскиот весник „Телеграф“. Во печатеното издание, весникот, во текст насловен „Македонија ни го краде грбот“, наведува дека македонскиот предлог-грб е симбол на Второто бугарско царство, од кој е произлезен актуелниот грб на Бугарија. Македонските хералдичари велат дека лавот е...

Хералдичарите го поздравуваат предлогот за нов грб на Македонија

Предлогот за нов грб на Македонија, кој Владата вчера го усвои, од хералдичка гледна точка е сосема издржан, смета Јован Јоновски, претседателот на македонското здружение „Хералдика“. - Се работи за предлог кој произлегува од вековната европска хералдичка традиција, во која доминантен грб за земјата Македонија или, пак, нејзините кралеви е токму црвен лав на жолто-златно поле. Ваков грб среќаваме во...

Иванов повика сите да се вклучат во кампањата против насилство врз жени и девојчиња

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја поддржа кампањата против насилство врз жени и девојчиња „Обој го светот во портокалово за 16 дена“. Во пораката, Иванов истакна дека правата на жените и на девојчињата се неотуѓив дел од универзалните човекови права и правото на човечко достоинство. „Жената е столб на семејството и нераздвоен дел од политичкиот, општествениот, економскиот и од културниот...

ЕБОР ќе ѝ даде кредит на Македонија за Коридор 8 и за патишта

Европската банка за обнова и развој и Македонија денеска потпишаа договор за кредит од 145 милиони евра, со кој ќе се финансира модернизирањето на железничката инфраструктура и зајакнувањето на регионалните транспортни врски на земјата. Со кредитот кој му се дава на ЈП „Македонски железници“, се обезбедуваат средства за продолжување на втората фаза од изградбатра на источниот дел од паневропскиот коридор 8....

„Чекајќи го мај“ го отвори четвртиот „Анимакс-фест Скопје“

„Филмот „Чекајќи го мај“ (The Wait Of May) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси, во четвртокот го отвори четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс-фест Скопје“, што ќе се одржува до 6 декември во Кинотека на Македонија. Првиот фестивалски ден почна со утрински проекции на осум анимации за деца. Вечерта беше резервирана за повозрасната публика, која уживаше...

Атина по инцидентот на Венизелос: САД уште не ни простија за ветото во Букурешт

Скандалот со отсуството на Евангелос Венизелос на министерскиот состанок на НАТО поради заведувањето на Македонија под уставното име, предизвика „бум“ кај грчките медиуми и крена многу прав. Одлуката Македонија да биде потпишана под уставно име во Заедничката декларација на состанокот за одлуките во врска со ИСИС, за грчкиот печат се еднакви на дипломатски скандал. Според медиумите, ова е фаул на...

Македонија и Социјалистичка Република Виетнам потпишаа Договор за економска соработка

Денеска министерот за економија, Беким Незири, и заменик-министерот за индустрија и за трговија на Социјалистичка Република Виетнам, До Танг Хаи, потпишаа Договор за економска соработка помеѓу двете земји. Со овој договор се создаде правна рамка за развој и за унапредување на економската соработка, која ќе ги опфати земјоделската и прехранбенате индустрија, електро-техничката индустрија, хемиската и петрохемиската индустрија, фармацевтската индустрија, соработката...

Пратениците го изгласаа предлогот за зголемување на минималната плата

Пратениците на денешната седница на Собранието на Република Македонија го изгласаа предлог-законот за минимална плата. Со овој предлог-закон минималната плата се зголеми од 8.050 денари на 8.800 денари. Исто така, со овие измени се донесе и континуирано зголемување на минималната плата до 2016 година, така што во 2015 година минималната плата треба да изнесува 9.590 денери, додека во 2016 година...

Ставрески: Македонија 14 месеци има континуиран пораст

Високиот пораст на индустриското производство се должи на добрата даночна политика и на бизнис-климата, рече денеска во Прилеп вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, коментирајќи го податоците на Државниот завод за статистика. - Македонската индустрија фати добар залет. Веќе 14 месеци има континуиран пораст. Последниот податок за порастот од 7,5 проценти или вкупно за 10 месеци пораст поголем од...

(ВИДЕО) Спираки со отровни стрели кон Милошоски

Продолжува да се разгорува расправијата меѓу грчката европратеничка Мариа Спираки и поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Европратеничката од редовите на Нова демократија, која е дел од Мешовитиот комитет ЕУ-Македонија, не го премолче повикот на Милошоски, во знак на добрососедство, заедно да се искачат на Олимп и да ги развеат знамињата на двете држави, туку возврати со нова...

Европратеник од Бугарија ја обвини македонската полиција за тортура врз Бугарите

Eвропратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски, испрати писмо до Европската комисија во врска со испрашувањата бугарски граѓани од службите за безбедност на Република Македонија. Имено, според Џамбаски, на 25 ноември 2014 година, претседателот на Бугарскиот културен клуб од Скопје реагирал поради повреда на правата на граѓаните во Струмица и во Кочани, нанесени од полицијата во Македонија. Од македонското Министерство за внатрешни работи, запрашани...

ВМРО-НП: Македонија е за или против членство во ЕУ?

ВМРО - Народна партија сериозно го проанализира предложениот план на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, што го објави пред Европскиот парламент, за формирање европски фонд за инвестиции тежок повеќе од 315 милијарди евра. Почетокот на оперативноста на овој фонд е предвиден за средината на 2015 година, со траење од три години и со можност за продолжување. „Особено внимание привлекува...

Возот Белград – Солун ќе сообраќа само до Гевгелија

Меѓународниот воз „Хелас“, кој сообраќа на релација од Белград до Солун, ќе сообраќа само до Гевгелија поради денешниот еднодневен штрајк на грчката железница, соопшти „Железница Србија“. Според соопштението, синоќешниот воз кој тргал од Белград во 18.45 часот, ќе сообраќа само до Гевгелија, а денешната релација од Солун за Белград, за која возот вообичаено тргнува во 15.52 часот од Солун, нема...

Пратеник ја обвини Анкара дека ги подгрева поделбите во Македонија со нова политичка партија на Турците

Пратеник од Партијата на националистичкото движење (ПНД) ја обвини турската влада дека ги подгрева поделбите меѓу Турците во Македонија со тоа што дозволува во земјава да се формира нова партија на Турците, која ќе дејствува во целосна согласност со владејачката турска партија. - Нова политичка партија, покрај постојните три партии на Турците се формира во Македонија - изјавил пратеникот Луфту...

Чичек: Со Македонија имаме стратегиски врски

Mирот во регионот зависи од стабилноста на Македонија. Mакедонија е срцето на Балканот, изјави претседателот на Големото национално Собрание на Турција, Џемил Чичек, по средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски. - Македонија и Турција имаат длабоки историски и културни врски. Нашите односи не се темелат на дневнополитичка основа, туку станува збор за стратегиски врски. Затоа Турција ги...

Средба на парламентарните групи на Македонија и на Турција

Претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Турција, Кенан Хасипи, оствари средба со делегација на Големото национално собрание на Република Турција, предводена од претседателот, Џемил Чичек. На средбата присуствуваа и членовите на пратеничката група: Силвана Бонева, Амди Бајрам, Јамин Синани и Газменд Алији. Беше изразена благодарност за поддршката што Турција ѝ ја дава...

Седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА

Мешовитиот комитет на потписничките на ЦЕФТА, денеска ќе одржи седница со која ќе претседава министерот за економија, Беким Незири. Седницата се одржува во рамките на Неделата на ЦЕФТА 2014, која се одржува во Скопје. На седницата ќе бидат финализирани активностите што се однесуваат на претседателството на Република Македонија со ЦЕФТА во 2014 година. Истовремено, ќе бидат усвоени и бројни одлуки...

Македонија е седма во светот по ниски даноци

Република Македонија се најде меѓу најдобрите десет земји во светот со најниска даночна стапка, се наведува во извештајот „Пеинг таксис 2015“ (Paying taxes 2015). Од вкупно 189 земји, Македонија, со стапка од 7,4 проценти, се најде на седмото место. Минатата година даночната стапка во Македонија изнесуваше 8,2 отсто. Во извештајот се наведува дека потребното време за плаќање даноци во Македонија изнесува...

Незири – Исмаили: Унапредување на економската соработка со поддршка од Европска Унија

Министерот за економија, Беким Незири, денеска во просториите на министерството, оствари средба со косовскиот министер за економски развој, Фадил Исмаили. На состанокот се разговарало за тековната соработка во трговската и во економската сфера. - Постојните билатерални односи помеѓу Реублика Македонија и Република Косово се добра основа за натамошно надградување и за унапредување на соработката. Денешната средба е резултат на договорот...

Попоски: Македонија по 16. пат ќе аплицира за членство во НАТО

На денешната трибина за плановите на Македонија за членство во Северноатланската алијанса по самитот во Велика Британија, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, рече дека на крајот од месецов Македонија ќе аплицира по 16. пат за членство. - Тоа е преседан. Ниту една држава досега не аплицирала за членство во НАТО 16 години по ред - истакнува Попоски. Министерот за надворешни работи смета...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...