fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Туск денеска во посета на Македонија

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска ќе пристигне во работна посета на Скопје. Туск за време на престојот ќе има одвоени средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски, а главна тема на средбите ќе биде бегалската криза и справувањето со напливот мигранти во Европа. Посетата на претседателот на Советот на Европа следи по одлуката на Македонија,...

„Орбитс травел“: Македонија е вистински микс на култури и на религии

Балканскиот туризам во Македонија почнува да зема голем удел во Европа, оцени „Орбитс травел“, додавајќи дека нашата земја е вистински микс на култури и на религии, поради остатоците од окупациите во минатото. „Орбитс травел“ ги препорачуваат Чаршијата во Скопје, свадбата во Галичник и неколкудневен одмор во Охрид или Струга. Овој американскиот портал за бизнис и за туристички патувања, со Охрид и...

Нова демократија реагира во ЕУ за оградата на македонско-грчката граница

Грчката опозициска партија Нова демократија ја критикуваше македонската одлука за подигнување ограда на границата со Грција на европско ниво. Европратеничката на десничарската партија, Марија Спираки, упати прашање до Европската комисија дали одлуката за кревање ограда е во согласност со насоките на ЕУ за справување со бегалската криза. Спираки оди и понатаму, барајќи да ѝ се објасни дали, можеби, оградата е...

Иванов: Грција не соработува со македонските институции за бегалската криза

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, упати апел до Грција да не дозволи проблемот за името да биде пречка за соработка на двете земји на полето на безбедноста и во справувањето со бегалската криза, а областа на безбедноста и понатаму да биде заложник на нерешениот спор за името. - За време на самитот за бегалската криза во Брисел, имав средба со премиерот Алексис Ципрас...

Облачно и ветровито време, со дожд во ноќните часови

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито, со повремен локален дожд во западните и во северозападни делови на земјата. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој ќе достигнува брзина помеѓу 50 и 70 километри на час. Во вечерните часови се очекуваат дождови на целата територија на земјата, но поинтензивни ќе бидат во...

Орбан: Со Македонија во ЕУ и во НАТО, ќе се пополни дупката на Балканот

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска во Будимпешта изјави дека Унгарија ќе ја поддржи Македонија за влез во ЕУ и во НАТО, со што, како што рече, ќе се пополни празнината на Балканот. Орбан, по средбата со македонскиот премиер, Никола Груевски, која во Македонија не беше најавена, изјави дека во интерес на Унгарија е секоја земја од Балканот, од Грција до...

За 11 проценти зголемен бројот на туристи

Во трите квартали од 2015 година, бројот на туристи во Македонија е зголемен за 11,2 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од јануари до септември годинава, во земјава се регистрирани за 5,6 проценти повеќе домашни гости и за 15,4 проценти повеќе странски посетители. Во деветте месеци, Македонија ја посетиле вкупно 672.286 туристи.    

Претседателот на Советот на ЕУ, Туск, в недела во Скопје

Претседателот на Советот на Европската унија, Доналд Туск, претстојниот викенд ќе ги посети Србија, Албанија и Македонија и ќе се сретне со лидерите на трите земји, информирaат попладнево од Советот на ЕУ. На интернет-страницата на Советот на ЕУ е објавен распоредот на средбите на Туск со лидерите на земјите, но не се наведени причините за посетата, како и тоа што ќе...

АРМ го дематира „Катимерини“: Не се поставува ограда, туку за секој случај, само се расчистува теренот

На македонско-грчката граница не се поставува ограда, туку се расчистува и се подготува теренот за случај македонските власти да донесат одлука за поставување ограда, изјави за „Мета“, портпаролот на Армијата на Република Македонија (АРМ), потполковник Тони Јаневски. Со ова се демантираат пишувањата на грчкиот весник „Катимерини“, кој денеска објави дека македонските власти почнале со поставување ограда на јужната граница. Активностите на јужната...

„Катимерини“: Македонија почна да крева ограда на границата со Грција

Македонија крева ограда на границата со Грција за да се справи со напливот на бегалци и на мигранти кои се насочени кон Централна Европа, јавува грчкиот весник „Катимерини“. Советот за безбедност на Македонија викендов оцени дека можно е да се подигне ограда на границата со Грција, доколку не се намали напливот на мигрантите и нареди веднаш да се почнат подготовки на...

Пасошот на бомбашот од Париз ја стави на мака и македонската полиција

Идентификацијата на еден од париските бомбаши станува сè покомплицирана за полициските истражители откако во саботата српската полиција, во прифатниот центар за бегалци во Прешево, уапсила мигрант со идентичен пасош, на име Ахмед Алмухамед, како оној пронајден крај еден од терористите кај стадионот „Стад де Франс“. Според српските власти, името и другите генералии во пасошот биле исти, освен фотографијата. Дека голем дел...

МВР за „Мета“: Французите побараа асистенција, во тек се проверки за бомбашот од Париз

Француските власти - Национално централно биро (НЦБ) Париз до сите земји-членки на Интерпол, меѓу кои и Република Македонија, доставија одредени барања за проверка во базите на податоци што би помогнале во истрагата за откривање на можните сторители, организатори и помагачи на терористичките напади, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како одговор на нашите прашања, оттаму информираат дека во...

Македонските власти се најтаинствени околу парискиот бомбаш

Дали сирискиот државјанин Ахмед Алмухамед, за кого се претпоставува дека е еден од терористите во Париз, минал низ територијата на Македонија, е сè уште мистерија, за која молчат македонските власти. Грција и Србија уште вчера потврдија дека лице со тој идентитет, кое се движело по т.н. балканска бегалска рута, било регистрирано од нивните служби и изнесоа точни датуми и податоци...

Македонија се поврзува директно со енергетскиот систем на Србија

Утре, 17 ноември, ќе биде ставен во функција новиот далновод, поставен на 168 челични решеткасти столбови, на траса долга 70 километри од Штип до македонско-српската граница, кај Куманово. Со овој систем на МЕПСО, македонскиот енергетски систем директно се спојува со енергетскиот систем на Србија. Со изградбата на овој далновод, македонскиот електропреносен систем добива петта врска со четири соседни електропреносни системи. Веќе има...

Еден од париските терористи минал низ Македонија

Сириски државјанин кој учествувал во вчерашниот терористички напад во Париз, минал по таканаречениот балкански коридор, информираат француските телевизии. Тој, според нив, заедно со илјадниците бегалци од Грција, минал низ Македонија, па преку Србија, Хрватска, Словенија, Австрија и Германија, стигнал во Франција. Дека оваа, засега неофицијална информација, е можна, потврди и грчкиот министер за јавен ред, Никос Тоскас, кој изјави дека сирискиот терорист бил...

Коцијанчич: Европската комисија ги осудува заканите кон новинарите

Европската комисија им дава голема важност на слободата на изразувањето и на слободата на медиумите, изјави Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните наводни закани од опозицијата кон новинари блиски до власта. Коцијанчич потсети дека во извештајот за напредокот за Македонија се осудува заканувањето и застрашувањето на новинарите од кого било. - Тоа е наведено и во препораките за Македонија,...

ЕК го поздрави изборот на новата влада

Европската комисија денеска кусо реагираше на вчерашниот избор на новата влада во Македонија, предвидена со Договорот од Пржино. - Европската комисија беше многу јасна со инсистирањето да се имплементира политичкиот договор што беше донесен со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан во текот на летото. Сите чекори во таа насока ги поздравуваме - рече Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување и за...

Ахмети: Извештајот е огледало на состојбата во Македонија

Извештајот е реално огледало на општата состојба во Република Македонија и обврска за институциите да дејствуваат во согласност со очекувањата на Брисел, оценил лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, кој денеска го примил извештајот за напредокот на земјава од амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав, соопштија од партијата. Ахмети на средбата со Орав го изразил своето...

Груевски: Народот може да даде најдобра оценка за извештајот

Македонија седма година по ред добива препорака од Европската комисија за почеток на преговори за членство во Европската унија, изјави премиерот Никола Груевски, откако од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, го прими годишниот извештај за напредокот на земјата во евроинтеграциите. Груевски рече дека политичкиот извештај ги оценува карактеристиките на Македонија низ призмата на интересите на ЕУ и додаде...

За Иванов извештајот на Европската комисија е објективен

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав. Орав на Иванов му го врачи извештајот за напредокот на Република Македонија за 2015 година и го информира за клучните оцени содржани во документот подготвен од Европската комисија. Иванов оценил дека и годинешниот извештај на Европската комисија дава објективна слика на актуелните состојби во...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...