fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Османи – Мортон: Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска во Скопје го одржаа и заеднички ко-претседаваа со првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Двајцата министри овој свечен чин помеѓу двете држави го окарактеризираа како нова ера во развојот на односите...

Димитров: Со оспорувањето на јазикот и европската иднина, Бугарија прави тешко да ја гледаме како пријател

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров во интервју за Би-Би-Си радио, рече дека прв пат по неколку години, ЕУ успеа да постигне консензус за да ја потврди својата посветеност кон проширувањето. Тој потсети дека на претходните самити, во Загреб и во Софија, се зборуваше само за европската перспектива. Прашан за блокадата од Бугарија, Димитров рече дека прашањето за јазикот...

Заев со честитка за 11-ти Октомври: Се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата

„Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Денеска се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата, правдата и социјалната еднаквост. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври –...

Русија прогласи македонски дипломат за „персона нон грата“

В.Д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството. Како што е наведено во соопштението на руското МНР, вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“. Од руското МНР велат дека ова е одоговор на...

Македонија на 40-то место на Глобалниот индекс за мир, скок од 11 места во однос на лани

Глобалниот индекс за мир за 2021 година покажува скок од 11 места за Македонија, односно нашата земја во моментов е најбезбедна од регионот на Западен Балкан. Истражувањето на Институтот за економија и мир ја смести Македонија на 40-тото место на Глобалниот индекс, за разлика од лани кога била рангирана на 51-то место и во 2019 година кога била на...

Порталб: Родовата еднаквост во С. Македонија и Албанија е далеку од европската реалност

Застапеноста на жените во политиката и раководните позиции во Северна Македонија и Албанија е далеку од посакуваното ниво. Стереотипите и предрасудите за улогата на жените во општеството се клучните фактори кои ги држат жените настрана од политиката, како и од другите сфери на животот. Зголемувањето на бројот на жени во политиката и на раководни позиции во последно време е...

Македонија изгуби од Австрија на првиот настап на Европското првенство во фудбал

Македонија изгуби од Австрија на првиот настап на Европското првенство во фудбал, кој се одржа во Букурешт, со три спрема еден. Австријците дадоа три гола, а првиот гол за Македонија на едно Европско првенство го постигна Горан Пандев. Следниот меч нашата репрезентација ќе го игра во четврток од 15 часот, со Украина.

Заев по средбата со Вархеји и Силва: Предлогот е добра основа за решение, не навлегува во идентитетските прашања

Важно е дека, во овој момент јасно и одговорно можеме да кажеме дека предлогот е добра основа за постигнување решение за проблемот, решение со кое ќе се отстранат сите пречки и ќе се отворат преговорите преку одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија. За нас, особено важно е што со ова предлог решение никако не се допира и...

Заев по повод Денот на Европа: Нашиот природен дом е Европската Унија

Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации. Нека ни е честит – 9 Мај, Ден на Европа!, порача премиерот Зоран Заев, по повод денешниите одбележувања. „Денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа и на нашата земја – 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Датум, впишан со...

Македонија ја победи Германија во фудбал на нивен терен, за квалификации за Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Германија во Дуизбург со 2:1 во квалификациите за Светското првенство, а натпреварот беше вистинска фудбалска сензација. Двата гола за репрезентацијата ги постигнаа Горан Пандев и Елиф Елмас. Македонија поведе со 1:0 со гол на Горан Пандев во продолжението на првото полувреме. Германија дојде до израмнување на резултатот со голот на Илкај Гундоган од пенал во 63.минута. Македонија на...

Една година во НАТО: „Од тема на дневен ред, станавме учесници во неговото креирање“

„Ако со еден збор треба да го опишам денешниот настан, тој збор е - успеавме!“, рече премиерот Зоран Заев на денешната свеченост по повод првата годишнина од приемот на Македонија во НАТО. По 21 година минати како кандидат за членство, Северна Македонија конечно стана членка на Алијансата на 27 март лани, кога в.д. амбасадорката во САД, Вилма Петковска, во Стејт...

Утре на „Часот на планетата Земја“ еден час во мрак ќе потонат неколку локации во Скопје и во Охрид

На 27 март, дванаесетта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Во 20:30 часот по локално време, еден час во мрак ќе потонат и над 180 земји и 7.000 градови ширум светот. Акцијата ќе патува низ часовните зони и милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање...

МОН: Учебникот по географија за втора година гимназиско образование повлечен од употреба

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека е повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование. Министерката Мила Царовска денеска го потпишала решението на Комисијата, со кое спорниот учебник се повлекува од настава. „Комисијата констатира дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат со дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата....

Отстранувањето на пречките во трговијата приоритетна цел за Македонија во претседавањето со ЦЕФТА

Македонија оваа година ќе претседава со Централно европскиот договор за слободна трговија ЦЕФТА. Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција истакна дека претседавањето доаѓа во момент со започнување на имплементацијата на Акцискиот план на заедничкиот регионален пазар кој беше усвоен во Софија во ноември 2020 година. „Клучниот столб на нашето претседавање е трговијата. Овој столб има за цел олеснување...

Охридското езеро, заложник на договорот од 1957 година

Албански експерти го креваат гласот дека во последните 10 години лошо се управува со водите на Охридскиот слив од македонска страна, предизвикувајќи голема штета на екосистемот на ова езеро што е под заштита на УНЕСКО. Во 2017 година, водата од албанска страна се повлекла до 100 метри, што ги алармирало експертите за животна средина од албанска страна, пишува Фактоје.ал,...

Заедничката царинска контрола меѓу Северна Македонија и Албанија остана само празно ветување

Заедничката царинска контрола Северна Македонија - Албанија, од типот „One Stop Shop“, е едно од ветувањата за кое се дискутира само на масите на владини претставници од двете земји, но со години нема конкретно дејствување на терен. Заедничката царинска контрола, покрај зајакнувањето на билатералните односи меѓу соседните земји, ќе помогне во развојот на економијата, ќе ги олесни царинските процедури,...

Случувањата во 2020 година преку 20 фотографии

Две патки преминуваат на пешачки премин за време на полицискиот час Атиџе Муратова, главен лик од „Медена земја“ – македонски документарец номиниран за „Оскар“ Мигрантска криза во Турција и Грција Последениот патнички авион кој слета на Меѓународниот аеродром во Скопје пред неговото затворање поради пандемијата Првоаприлски снег Имамот на Мустафа-пашината џамија, сам ја одржа молитвата за првиот ден на светиот месец Рамазан по рестриктивните...

Влада: Нафтоводот Солун-Скопје да биде достапен за сите увозници, цената да ја одредува РКЕ

Нафтоводот да може да го користат сите увозници на дизел гориво, а цената за користење да ја формира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Ова е решението што го предлага Владата во однос на реактивирање на нафтоводот, кој веќе осум години не е во функција. Владата на 24-тата седница ја разгледала информацијата за улогата на трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ...

Заев: Извесно дека ќе има вето од Бугарија, но сепак очекувам крик на пријателство

Вето од Бугарија е повеќе од извесно, но очекувам крик на пријателство, вели премиерот Зоран Заев. Тој нагласува дека до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од бугарската страна - Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете...

Николај Крстев: Бугарија ја води антибугарската кампања во Македонија

Николај Крстев, долгогодишен новинар, дописник на Бугарското национално радио (БНР) од Белград и Москва, признат аналитичар и одличен познавач на состојбата во Западен Балкан за offnews.bg вели дека е проблем кога внатрешната политика на една земја станува меѓународна. Според него, двете политички партии со предзнак ВМРО во двете земји работат против ЕУ, а во корист на Пекинг и Москва. „Опаѓањето...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...