fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

МНР: Лавров манипулира со религиозните чувства на православните верници

Манипулација со чувствата на православните верници и обид за промоција на своите геополитички ставови. Вака македонското Министерство за надворешни работи ги окарактеризира тврдењата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во интервјуто за Асоцијацијата „Наше Кино“ кое беше објавено на официјалната веб-страница на руското МНР. „Во интервјуто се манипулира со религиозните чувства на православните верници во нашата држава и се...

Лавров: Западот од Македонија и Црна Гора прави „алатки“ во антируската игра, исто како Украина

Постои впечатлива разлика помеѓу тоа што Црногорците и Македонците го чувствуваат кон Русија и она што Брисел, ЕУ и НАТО ги принудуваат нивните политичари да го прават, вели рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во видео интервју за Асоцијацијата „Наше Кино“ кое беше објавено на официјалната веб-страница на руското Министерство за надворешни работи. „Ова е обид тие да станат 'алатка'...

Бајден го поздрави отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Соединетите Американски Држави ги поздравуваат чекорите што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница, и тоа преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, се вели во изјавата на американскиот претседател Џо Бајден. „Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било e да се поддржи...

Генчовска во посета на опожарениот Културен центар: Инцидентот во Битола нема да ги наруши односите меѓу Македонија и Бугарија

Палењето на клубот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји, рече министерката за надворешни работи Теодора Генчовска за време на денешната посета на опожарениот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Шефицата на бугарската дипломатија денес и утре ќе престојува во работна посета на Македонија која се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а...

По поразот од Португалија, Македонија останува без настап на Светско првенство во фудбал

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да ја помине последната пречка што ја делеше од настап на Светското првенство во Катар. Со резултат 2:0 заврши финалниот меч од баражот помеѓу Португалија и Македонија што вечерва се одигра на стадионот „Драгао“ во Порто. Стрелец на двата гола беше португалскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Првиот подогок беше постигнат...

Вечерва на стадионот „Драгао“ во Порто, Македонија игра за прво учество на еден мундијал

Вечерва, со почеток во 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто ќе започне фудбалскиот натпревар во кој Македонија игра против Португалија. Победникот на овој натпревар ќе обезбеди пласман на Светското фудбалско првенство во Катар. Ако македонската репрезентација успее да победи, тоа ќе значи прво учество на еден фудбалски мундијал од осамостојувањето на земјата. Селекторот Благоја Милевски соопшти дека е свесен...

ФФМ повика на прослава: Се гледаме денеска на плоштад „Македонија“

Фудбалската федерација на Македонија преку Фејсбук денеска ги повика граѓаните повторно да се соберат на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Прославата за дочекот на репрезентацијата на Македонија попладнево ќе започне во 18:30 часот. Според досегашните информации, фудбалската репрезентација на Македонија ќе пристигне околу 17:30 часот со летот од Палермо, по што фудбалерите ќе се упатат кон центарот на Скопје. Сепак,...

Часот на планетата Земја годинава ќе се одбележи само на неколку знаменитости во светот

Часот на планетата Земја, како најголема светска еколошка акција која обединува  милиони луѓе ширум светот во момент на солидарност за луѓето и за планетата Земја испраќајќи порака за посигурна, позелена и почиста иднина за нас и за идните генерации, оваа година ќе се одржи со повеќе светло, во сенка на војната во Украина. „Целиот регион, Србија, Бугарија, Албанија и скоро...

Османи: Уште четири македонски и четири украински граѓани бараат да бидат евакуирани од Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на прес-конференција изјави дека најголем дел од 120 македонски државјани во Украина се евакуирани. Според Османи, останати се 8 граѓани кои бараат евакуација, а се работи за 4 македонски граѓани и 4 украински државјани. „Има и други наши граѓани околу 20, но тие не бараат евакуација“, рече Османи. Министерот додаде дека се обидуваат да...

(Галерија) Заедничко одбележување на роденденот на Гоце Делчев како чин на добра волја за намалување на тензиите

Во склоп на државните свечени настани и одбележувања по повод 150 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев делегации на владите на Северна Македонија и на Бугарија предводени од министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска попладнево се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Делчев во...

Русија од Скопје го честита раѓањето на Гоце Делчев, а од Софија на потписникот на Санстефанскиот договор

Амбасадите на Руската Федерација во Скопје и Софија во период од само неколку дена испратија паралелни честитки до македонските и бугарските граѓани. Во С. Македонија го честитаат раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, а во Бугарија роденденот на Николај Игнатиев, потписникот на Санстефанскиот договор за формирање на голема Бугарија, која што ги вклучува и границите на нашата земја. Руската амбасада во...

Бугарскиот премиер Петков: Бугарите може да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија

Бугарската страна нема да го менува својот состав во Комисијата за историските прашања, владите на Бугарија и на Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев, Бугарите во Северна Македонија ќе бидат вклучени во Уставот. Тоа се три од најбитните работи што бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ги наведе на парламентарната седница во Собранието на Бугарија, каде беше повикан на...

Пристигна бугарската владина делегација – Петков на средба со Ковачевски

Во првата меѓународна активност на новата влада предводена од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, е пречекот на неговиот бугарски колега Кирил Петков. Очекувањата се дека главната тема на разговорите ќе биде надминувањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за зачленување во ЕУ. Бугарскиот премиер Петков пристигна денеска со владина делегација. Со државна церемонија пред платото на...

Пристигнаа посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигнаа двата воени авиони со посмртните останки на 45-те жртви кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија. По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром, организиран е државен пречек на кој присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир...

Ќе се востанови регионална платформа за поддршка на бизнисите во е-трговија во Западен Балкан

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со ГИЗ ќе ја развива и шири регионално платформата Еcommerce4all.mk, која претставува центар со информации и ресурси за водење на бизнис со е-трговија за сите постојни и нови е-трговци во Северна Македонија. На тој начин, верификуваните е-трговци од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија ќе бидат вклучени во платформата...

(Фото) Незаборавен триумф над Исланд на Македонската фудбалска репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го победи Исланд со 3 – 1. Со овој резултат кој е еден од најуспешните мундијалски квалификации од осамостојувањето нашите момци се изборија за пласман во баражот за Светското првенство во 2022 година во Катар. Македонија поведе во седмата минута со голот на Езџан Алиоски. Исланд израмни во 54 минута со голот на Јон...

Српска зоолошка градина истражува сигурносни снимки по објавата на Мета за лавчето Симба (фото)

Зоолошката градина во Палиќ, на северот во Србија ќе ги анализира снимките од безбедносните камери во близина на кафезите со лавови откако по написот на Мета.мк за лавчето Симба, новинарите од редакцијата Суботичке.рс алармираа дека можеби лавчето потекнува токму од таа зоолошка, потврди за Мета.мк в.д. директорката на оваа институција Соња Мандиќ. Во ЗОО Палиќ, летово лавицата Киара стана вистинска сензација...

Димитров за Еуроњуз: „Бугарија со својата политика го компромитира македонско-бугарското пријателство, а става вето и на ЕУ кон регионот“

На маргините на Белградскиот безбедносен форум, во интервју за Еуроњуз, вицепремиерот Никола Димитров зборува за кредибилитетот на ЕУ во регионот, во светло на последниот пакет за проширување на Европската комисија, како и регионалната соработка и нејзината важност во контекст на европската интеграција. Осврнувајќи се на наодите од последниот Извештај на ЕК за Северна Македонија, Димитров истакнува дека отсуството на акција...

САД: Преговорите на Албанија и Северна Македонија за членство во ЕУ треба да започнат без одлагање

По неодамнешната средба меѓу секретарот Блинкен и високиот претставник Борел, Соединетите држави и ЕУ се согласија дополнително да го зајакнат нивниот заеднички ангажман на Западен Балкан за поддршка на напредокот на регионот на европскиот пат. „Ја подвлекуваме нашата целосна поддршка за процесот на проширување на ЕУ. Пристапувањето кон ЕУ, наведен приоритет за целиот Западен Балкан, помага во консолидација на демократските...

Заврши привремениот престој за 27 бегалци од Авганистан, заминаа во Ирска

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште, соопшти Владата. Станува збор за луѓе кои во Македонија најдоа засолниште откако ова лето во август избегаа, кога Талибанците ја освоија власта во Авганистан. Тие се граѓани кои работеле за...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...