fbpx
Таг: Македонија пат

таг: Македонија пат

Вистиномер: И на реконструираната делница од регионалниот пат Тетово – Јажинце се поставени „легнати полицајци“

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за едно ветување: Директорот на  Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми на 27 мај 2021 година, најави дека кога ќе се рехабилитира регионалниот пат Тетово – Јажинце ќе се извадат таканаречените „лежечки полицајци“. Ако се рехабилитира почетокот на оваа делница ќе се извадат и таканаречените легнати полицајци за кои возачите постојано реагираат, а...

Неизвесно е колку ќе биде вон функција патот Кочани – Делчево кај Истибања

Со мерење и испитување следено со расчистување на камењата, денеска „Македонија пат“ ги започна активностите на санирање на големото свлечиште, коe со себе повлече цел рид и го затрупа патот Кочани – Делчево кај селото Истибања. Засега никој не се осмелува да прогнозира колку ќе биде затворен за сообраќај овој пат што води кон границата со Република Бугарија. -Сообраќајот во...

Магла на Стража, Ѓавато и Плетвар

Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла утринава има на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар. Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека од 05.40 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар која беше воведена поради врнежи од снег. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Сообраќајот надвор од...

Магла и намалена видливост на неколку патни правци

Поради магла намалена видливост има на неколку планински превои низ државата, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат“. На патниот правец Тетово-Попова Шапка видливоста е од 30 до 50 метри, на Страцин од 100 до 150 метри, на планинскиот превој Стража од 100 до 150 метри и на планинскиот превој Плетвар до 50 метри. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во...

Намалена видливост на Стража, можна појава на одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи, известуваат од „Македонија Пат“. Врнежи од снег во раните утринските часови се забележани на Попова Шапка, Страцин, планинскиот превој Стража и во Маврово. Намалена видливост поради појава на магла...

Намалена видливост поради магла во Делчево и Стојмирово

Поради магла намалена видливост од 30 до 50 метри има во Делчево и Стојмирово. Од „Македонија пат“ соопштуваат дека на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Коловозите влажни, „Македонија пат“ препорачува внимателно возење

Сообраќајот низ Македонија се одвива тековно, по влажни коловози, а во западниот дел на државата наместа со остатоци од кашест снег. Како што информира јавното претпријатие „Македонија пат“, снег со слаб интензитет врне кај Крива Паланка, Стража, Маврово и Дебар. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Се препорачува внимателно возење...

Владата на денешната седница донела одлуки поврзани со спроведување на планот „3-6-9“

Владата денеска ја одржа 22. седница, на која биле донесени одлуки поврзани со спроведување на планот „3-6-9“, а се од интерес на локалната самоуправа и се однесуваат на енергетиката, информираат од владината прес-служба. „На денешната седница, Владата ја донесе уредбата за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност (ДДВ) по општини за 2018 година. На седницата беше истакнато...

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави петтата листа на должници за долгови доспеани до 31 јануари и за неплатени долгови до 30 април врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата се компании, јавни претпријатија и физички лица. „Македонија пат“ е едно од јавните претпријатија што за неплатен данок...

УЈП ја објави новата листа на даночни должници

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници на која се наоѓаат 4.251 фирма и физички лица кои имаат долгови доспеани до 31 декември 2016 година и неплатени до 31 март 2017 година врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Најголем должник на листата...

Патот до Драгоево и до Селце четврти ден непрооден

Жителите на двете штипски села Драгоево и Селце веќе четврти ден се завеани од снегот, кој на места, поради наносите, е со висина до еден метар. На помош е повикана механизацијата на „Македонија пат“, која денеска го расчистува патот. Се очекува до крајот на денот селата да бидат пристапни. Во делови околу Штип има наноси од снег високи и до четири метри....

Сообраќајот се одвива отежнато со забрана за товарни возила на Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег по интервенција на екипите на „Македонија пат“. Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, како и на патниот правец Маврово - Дебар. Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, а поради наноси од снег во прекин...

Забрана за тешки товарни возила на Маврово, Ѓавато и кон Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на места со остатоци од снег по интервенцијата од „Македонија пат“, соопштуваат од претпријатието. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Маврово, Ѓавато, и на патниот правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир, а укината е забраната за Стража и за Плетвар. Во клисурите и во засеците можна...

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег, по интервенција на екипите на  ЈП „Македонија пат“. Утринава, околу 7 часот, на патниот правец село Крупиште - Пробиштип е воведена забрана за сите видови сообраќај, а забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Ѓавато, патен правец...

Три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци

Најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи покажува дека три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци. „Македонска радио-телевизија“ должи околу 73 милиони денари или 1,1 милион евра, „Македонија пат“ должи 433 милиони денари или околу 7 милиони евра, а „Македонски шуми“ должи околу 253 милиони денари или околу 4,1 милиони евра.

Сообраќајот на автопатот Катланово – Велес се одвива по една лента

На патниот правец Катланово-Велес е воведена привремена измена на режим на сообраќај поради изведување градежни работи, односно осветлување на тунелот Бел Камен, соопшти ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента за што е поставена соодветна сигнализација.

СДСМ прашува како е можно „Македонски шуми“ да нема пари за данок, а да има за палми

Управата за јавни приходи призна дека Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ѝ должи на државата 3,5 милиони евра за неплатени даноци, реагираат од опозицискиот СДСМ. Од партијата преку соопштение велат дека „Македонски шуми“ нема пари за даноци, но има за да ги задоволи егзотичните идеи на Никола Груевски. „Македонски шуми“ набави 1.100 палми во вредност поголема од половина милион евра, односно 522.347 евра....

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...