fbpx
Таг: Мајкрософт

таг: Мајкрософт

Мајкрософт за 7 долари месечно го нуди Тимс премиум со ChatGPT

Корпорацијата Мајкрософт објави премиум понуда за претплата на нивната апликација Teams, која го вклучува четботот ChatGPT, со цел како што велат, да ги поедностават состаноците со помош на вештачка интелигенција, пренесе Ројтерс. Премиум услугата најпрво ќе чини 7 долари месечно за потоа да се зголеми на 10 долари во јули, соопшти Мајкрософт. ChatGPT во сопственост на OpenAI ќе генерира автоматски белешки...

Обиди за блокирање на преземањето на „Активижн Близард“ од страна на „Мајкрософт“

Федералната трговска комисија (ФТК) на САД поднесе тужба во обид да го блокира преземањето на „Мајкрософт“ на компанијата за игри „Активижн Близард“ (Activision Blizzard) преку договор вреден 69 милијарди американски долари, пишува „Блумберг“. Според медиумот, американскиот регулатор поднел жалба побрзо од очекуваното бидејќи сакал да ги спречи европските колеги кои се подготвуваат да преговараат за потенцијален компромис со „Мајкрософт“. Преземањето на...

Патентот на Мајкрософт воопшто не се однесува на инјектирање микрочипови кај луѓето

Апликацијата за патент споменува технологија која дозволува активноста на луѓето да биде мониторирана во замена за криптовалути, но не се работи за имплантирање чипови. Овој патент уште не е одобрен. Во патентот воопшто не се споменува дека секој треба да има чип на десната рака или на челото, како што невистинито се тврди во постот. Патентот не се однесува...

„Мајкрософт“ ќе инвестира милијарди долари во компанијата која го создаде ChatGPT

„Мајкрософт“ најави дека во текот на наредните неколку години ќе инвестира повеќе милијарди американски долари во вештачка интелигенција, додека го проширува партнерството со „ОпенАИ“, пренесе Би-би-си. „ОпенАИ“ е креатор на чет-ботот ChatGPT и популарната алатка за генерирање слики Dall-E. Претходно, во 2019 година „Мајкрософт“ инвестираше една милијарда долари во компанијата основана од инвеститорот Сем Алтман и милијардерот Илон Маск. „Мајкрософт“ неодамна најави...

Гејмери тужат за да го спречат преземањето на Активижн од Мајкрософт

Десет гејмери поднесоа тужба во федерален суд во САД, во обид да спречат спојување на „Активижн Близард“ (Activision Blizzard), компанијата што ја создаде играта „Call of Duty“ и Мајкрософт. Тужителите велат дека договорот за спојување „тежок“ 69 милијарди американски долари, односно купувањето на ривалот од страна на Мајкрософт, кој ја создаде играчката конзола „Иксбокс“ (Xbox) „ќе создаде монопол во...

Системот за криптовалути на Мajкрософт нема никаква врска со вакцините

Постот го обвинува Бил Гејтс дека ќе копа криптовалути преку чиповите кои се вградени во луѓето што се вакцинираа. Вметнатите принтскринови во оваа објава, кои наводно го прикажуваат планот на Гејтс, се однесуваат на оригинален патент поднесен од Мајкрософт,  но овој патент не вклучува план за микрочипирање на поединци. Патентот всушност воопшто не спомнува чипови, системот за криптовалути развиен...

„Нетфликс“ се здружи со „Мајкрософт“ за поевтина услуга со реклами

Стриминг платформата „Нетфликс“ објави дека се здружила со компанијата „Мајкрософт“ со цел да им понуди поевтин план за претплата на клиентите, кој ќе вклучува и реклами. Ваквата услуга ќе биде дополнување на сегашните постоечки планови кои немаат реклами. „Би-би-си“ пишува дека во април, акциите на „Нетфликс“ паднаа откако компанијата, по повеќе од една деценија, ја пријави првата загуба на претплатници....

Интернет Експлорер денеска заминува во историјата

По 27 години откако беше лансиран Интернет Експлорер, „Мајкрософт“ објави дека прелистувачот ќе биде отстранет од сите уреди, пренесува „Гардијан“. Од денеска, десктоп апликацијата на Експлорер ќе биде оневозможена и наместо тоа, корисниците ќе бидат пренасочени кон новиот прелистувач – Мајкрософт Еџ (Microsoft Edge). И додека Експлорер ја загуби својата релевантност изминативе неколку години, како оригинален прелистувач на „Мајкрософт“ беше важен...

Доктор Џозеф Шмид беше првиот виртуелен хирург во Меѓународната вселенска станица

Иако звучи како дел од сценариото на американската научно-фантастична ТВ серија Ѕвездени патеки, сепак станува збор за реалност. НАСА неодамна соопшти дека кон крајот на минатата година, за првпат во историјата, „холопортираше“ холограмска слика од хирург во Меѓународната вселенска станица (МВС). Францускиот астронаут Томас Песк имаше можност прв да разговара со хирургот Џозеф Шмид, кој е еден од докторите што...

„Мајкрософт“ најави купување на компанијата што ги создаде „Call of Duty“ и „Candy Crush“

„Мајкрософт“ (Microsoft) соопшти дека планира да ја купи големата компанија за видео-игри „Активижн Близард“ (Activision Blizzard) со договор вреден речиси 70 милијарди долари. Доколку плановите се остварат, оваа аквизиција што треба да биде финализирана догодина ќе биде најголемата во историјата на компанијата, а ќе претставува и најголемиот договор во индустријата на видео-игрите воопшто, пишува „Би-би-си“. Тоа би значело дека „Мајкрософт“ ќе...

Родното место на Олимписките игри ќе биде зачувано и обновено дигитално

Грчкото Министерство за култура и спорт и компанијата Мајкрософт (Microsoft) ја најавија својата соработка за дигитално зачувување и обновување на античка Олимпија, со помош на вештачка интелигенција и технологија за проширена реалност, пишува „Би-би-си“. Необичната соработка помеѓу технолошката компанија и грчките власти подразбира користење на вештачка интелигенција за мапирање на археолошкиот локалитет и пренесување на реалноста во дигитална форма, што...

Мајкрософт го повлекува „LinkedIn“ од Кина

Мајкрософт ја исклучува својата социјална мрежа „Линкдин“ (LinkedIn) во Кина, бидејќи услогласувањето со насоките од кинеските власти било голем предизвик за компанијата, јави „Би-би-си“. „Линкдин“ беше единствената голема западна социјална мрежа која функционираше во Кина. Нејзиното повлекување доаѓа откако платформата за кариерно поврзување се соочи со прашања околу блокирањето на профилите на неколку новинари. „Линкдин“ планира кон крајот на годинава во...

Оперативниот систем на „Мајкрософт“, Windows 11 ќе биде достапен на 5 октомври

Компанијата „Мајкрософт“ објави дека најновиот оперативен систем Windows 11 ќе биде достапен за потрошувачите на 5 октомври. Од овој датум, тој ќе може бесплатно да се надградува на компјутерите кои досега го користеа Windows 10, како и да се инсталира на новите компјутери. Од компанијата соопштуваат дека надградбата на Windows 11 на компјутерите ќе се одвива постепено. Најпрво инсталирањето на...

„Мајкрософт“ го претстави оперативниот систем Windows 11

Уиндоус 11
После неколкумесечни најави, новиот оперативен систем на „Мајкрософт“ и официјално на онлајн настан ѝ беше претставен пред јавноста. Windows 11 доаѓа откако критиките кон „Мајкрософт“ пораснаа во текот на изминатава година додека траеше пандемијата, а луѓето остануваа дома и поминуваа повеќе време со Windows 10 за работа, образование и забава, па сѐ повеќе се жалеа на недостатоците на актуелниот оперативен...

„Мајкрософт“ ќе претстави нова верзија од својот оперативен систем, поддршката за Windows 10 престанува во 2025 година

Мајкрософт
„Мајкрософт“ соопшти дека ќе престане да го поддржува оперативниот систем „Виндоус 10“ (Windows 10) во 2025 година, а кон крајот на овој месец се подготвува да ја објави новата верзија на овој оперативен систем. Кога Windows 10 беше промовиран во јули 2015 година, од компанијата рекоа дека нивна цел е тоа да биде „последна верзија од оператиниот систем“ и наместо...

Интернет Експлорер згаснува догодина, „Мајкрософт“ се фокусира на Еџ

Интернет Експлорер
По повеќе од 25 години функционирање на еден од најстарите интернет прелистувачи во светот - Интернет Експлорер, „Мајкрософт“ официјално ќе престане да го поддржува на 15 јуни наредната година. Сиот труд „Мајкрософт“ ќе го вложува во прелистувачот Microsoft Edge, кој беше претставен во 2015 година и уште тогаш го најави „пензионирањето“ на Експлорер. „Објавуваме дека иднината на Интернет Експлорер на оперативниот...

Истражување на „Мајкрософт“ покажало дека работниците се надеваат на далечинска работа и после пандемијата

Далечинско работење
Дури 73 отсто од работниците што работат од дома се надеваат дека далечинското работење ќе продолжи да биде опција и по завршувањето на пандемијата, покажала анкетата што „Мајкрософт“ ја спроведе на почетокот од годинава. Во годишниот извештај насловен „Индекс на работниот тренд“ е наведено - речиси 40 отсто од анкетираните одговориле дека сега чувствуваат оти можат целосно да се...

Пресврт во преговорите за ТикТок: постигнат договор со „Оракл“

TikTok
Случувањата околу купопрадажбата на ТикТок во Соединетите Американски Држави доведоа до нов пресврт. Компанијата „Мајкрософт“, која важеше за најверојатен наследник на операциите на ТикТок во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, објави дека матичната компанија на видео-платформата, „БајтДенс“, ја одбила нивната понуда за купопродажба. „Бајт Денс денес ни стави до знаење дека американските операции на ТикТок нема да ги продаде...

Мајкрософт ја претстави новата Xbox Series S гејминг конзола

За сите купувачи кои не сакаат да потрошат 500 долари за гејминг конзола, Мајкрософт официјално ја претстави Xbox Series S новата конзола, која ќе чини 300 долари. Оваа евтина алтернатива е од Series S и просторот кој го зафаќа е 60 проценти помал од Series X конзолите. Заедничко за двете генерации е што имаат ист процесор, а разликата е во...

Згаснувањето на Интернет Експлорер проследено со хумор и носталгија

Интернет Експлорер згаснува
Од  август наредната година веб-прелистувачот Интернет Експлорер ќе престане да работи на продуктите на „Мајкрософт“ како што се Office 365, Outlook, OneDrive и други.  Како што беше споменато во блогот, тимот на „Мајкрософт“ потврдил дека ќе ги укине поддршката и развојот на Интернет Експлорер, почнувајќи од 30 ноември годинава. https://twitter.com/Bosslogic/status/1296391119685562374?s=20   Креаторите на забавни содржини на социјалните мрежи најавата за згаснувањето на...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...