fbpx
Таг: Мајкрософт

таг: Мајкрософт

Мајкрософт најавува големи инвестиции во вештачката интелигенција

Американскиот гигант Мајкрософт најави дека ќе потроши милијарди евра на центри за податоци за вештачка интелигенција во Шпанија, покрај големите инвестициски проекти што ги планира во Германија, пренесува германската новинска агенција ДПА. Шпанскиот премиер Педро Санчез и менаџерот на Мајкрософт Бред Смит вчера објавија дека ќе бидат инвестирани 1,95 милијарди евра (2,1 милијарди долари) во период од две години. Парите...

„Мајкрософт“ хакиран од руски владини хакери

Технолошката компанија „Мајкрософт“ тврди оти руски хакери, кои биле поддржани од владата, добиле пристап до мејловите на високо рангирани членови на компанијата. Од компанијата во петокот изјавија дека нападот почнал во ноември 2023 година, а бил откриен на 12 јануари. Од „Мајкрософт“ сметаат дека зад нападот стојат истите хакери кои стоеле и зад големиот сајбер-напад во 2020 година, кога беа...

Њујорк Тајмс ги тужи ОпенАИ и Мајкрософт за прекршување на авторските права

„Њујорк Тајмс” (New York Times) ги тужи „ОпенАИ” (OpenAI) и „Мајкрософт” (Microsoft) за прекршување на авторски права тврдејќи дека се преземени милиони написи на Тајмс за употреба на ChatGPT, соопшти Гардијан. Тужбата за прекршување на авторските права беше поднесена пред федералниот суд на Менхетен во средата и тврди дека иако компаниите копирале информации од многу извори за да ги изградат своите...

Поранешниот шеф на „Твич“ е нов директор на „Опен АИ“, Алтман во „Мајкрософт“

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ објави дека Сем Алтман се придружува во неговиот тим, соборувајќи ги шпекулациите дека поранешниот извршен директор на „Опен АИ“ би можел да се врати во оваа компанија која што стои зад популарниот четбот ChatGPT. Главниот извршен директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела, на социјалната мрежа „Х“ напиша дека Алтман ќе се придружи во компанијата за да води „нов...

И британските регулатори го одобрија стекнувањето на Мајкрософт со „Активижн Близард“

Ревидираната понуда на „Мајкрософт“ за купување на производителот на видео-игри „Активижн Близард“ е одобрена од регулаторите во Обединетото Кралство. Управата за конкуренција и пазари во Велика Британија го расчисти договорот вреден 69 милијарди долари со што е отворен патот двете компании да го завршат стекнувањето – најголемото преземање во индустријата за игри досега, пренесува „Гардијан“. Претходно во април, институцијата го блокираше...

„Call of Duty“ останува на Плејстејшн уште десет години – Мајкрософт и Сони постигнаа договор

Видеоиграта „Call of Duty“ ќе остане на конзолата Плејстејшн во наредните десет години – со ваков договор заврши борбата за иднината на играта помеѓу компаниите „Сони“ и „Мајкрософт“. Склучувањето на договорот следува откако американски судија ги одби повиците на Федералната трговска комисија да го блокира Мајкрософт во намерите да ја преземе „Активижн Близард“ – компанијата - креатор на „Call of...

Мајкрософт: Кина обвинета за хакирање мејлови на американските власти

Хакери со седиште во Кина обезбедиле пристап до сметките за е-пошта на околу 25 организации, вклучително и на владини агенции, соопшти „Мајкрософт“, а пренесува Би-би-си. Компанијата не даде детали за тоа за кои владини агенции станува збор, но американското Министерство за трговија за Би-би-си потврдило дека „Мајкрософт“ ги известил за нападот. Американски медиуми објавија дека мета на хакерите бил и Стејт...

„Мета“ со план да им овозможи на корисниците во ЕУ да симнуваат апликации директно преку Фејсбук

Технолошката компанија „Мета“, во чија сопственост е социјалната мрежа Фејсбук, планира да им дозволи на корисниците во Европската Унија (ЕУ) да преземаат апликации директно преку рекламите на оваа платформа. Доколку ова биде овозможено, „Мета“ ќе им стане конкурент на продавниците за апликации на „Гугл“ и „Епл“, јавува „Врџ“. Како што објави медиумот, новиот вид реклами на Фејсбук треба да започне...

По Велика Британија, и САД се обидуваат да го блокираат преземањето на „Активижн“ од „Мајкрософт“

Регулаторите во САД побараа од судијата да го блокира „Мајкрософт“ во обидите да го заврши купувањето на компанијата „Активижн Близард“ во вредност од 69 милијарди американски долари. Федералната трговска комисија на САД вели дека договорот, кој, доколку се заврши, ќе биде најголемиот во историјата за видео игри, би можел „суштински да ја намали конкуренцијата“ во оваа индустрија, пишува Би-Би-Си. Предложеното стекнување...

Претставници од Гугл, Мајкрософт и Спотифај на самит за вештачка интелигенција во Скопје

За прв пат во Скопје, од 29 до 30 септември 2023 година во салата на Националната опера и балет, ќе се одржи водечки меѓународен високо-технолошки самит. Темата на самитот е истражувањето на моќта на вештачката интелигенција и новите технологии. Светски реномирани експерти за вештачка интелигенција од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots...

Мајкрософт ќе плати 20 милиони долари поради незаконско собирање податоци за деца на „Ексбокс“

Технолошката компанија „Мајкрософт“ ќе им плати 20 милиони долари на американските федерални регулатори, откако беше откриено дека компанијата незаконски собирала податоци за деца што отвориле сметки на „Xbox“ (Ексбокс). Федералната трговска комисија на САД вчера постигнала спогодба со „Мајкрософт“, при што е предвидено и зголемена заштита на децата гејмери, пренесува Би-Би-Си. Меѓу другите прекршувања, Комисијата открила и оти „Мајкрософт“ не ги...

ЕУ со зелено светло за преземањето на „Активижн“ од „Мајкрософт“

Регулаторите на ЕУ го одобрија обидот на „Мајкрософт“ за 69 милијарди долари да ја купи американската компанија „Активижн близард“, која е една од најголемите компании за видео-игри, пишува Би-Би-Си.  Од Европската комисија (ЕК) потврдија дека „Мајкрософт“ соодветно одговорил на нивната загриженост во однос на прашањето за конкурентност. Имено, станува збор за најголем договор што е склучен во историјата на видеоигрите. Ваквата...

„Кумот“ на вештачката интелигенција го напушти „Гугл“ со жалење и со страв за тоа што го работел

Човекот кој се смета за „кум“ на вештачката интелигенција (ВИ) ја напушти својата работа, предупредувајќи на зголемените опасности од развојот на оваа област. 75-годишниот Џефри Хинтон своето повлекување од „Гугл“ го објави во Њујорк Тајмс, велејќи оти сега се кае за тоа што го работел, пренесува Би-би-си. Во изјава за Би-би-си Хинтон рекол дека некои од опасностите од четботовите со...

Велика Британија го блокираше преземањето на Активижн Близард од страна на Мајкрософт

Управата за конкуренција и пазари на Велика Британија го блокираше договорот вреден 68,7 милијарди долари со кој Мајкрософт требаше да ја купи американската компанија за видеоигри Активижн Близард. Британскиот регулатор рече дека е загрижен оти договорот ќе понуди намалени иновации и помал избор за гејмерите во брзорастечкиот гејминг бизнис, јави Би-би-си. И Мајкрософт и Активижн рекоа дека ќе се жалат на...

Бил Гејтс: Започна ерата на вештачката интелигенција

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс смета дека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) е најважниот технолошки напредок во последните децении. На неговиот блог, Гејтс го нарече развојот на ВИ исто толку фундаментален како создавањето на микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон. „Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита и комуницираат едни со други....

„Мајкрософт“ го брани договорот со „Активижн“, Плејстејшн се противи

Компанијата „Мајкрософт“ го бранеше својот предлог за купување на „Активижн Близард“ – производителот на видео-игрите „Call of Duty“ и „Candy Crush“, на сослушувањето пред регулаторите на Европската Унија (ЕУ). „Мајкрософт“ истакна дека договорот вреден 68,7 милијарди американски долари ќе им донесе поголем избор на повеќе гејмери, пренесува Би-би-си. Конкурентот „Сони“, кој е сопственик на Плејстејшн – главниот ривал на Ексбокс...

Британскиот регулатор се противи на купувањето на „Активижн Близард“ од страна на „Мајкрософт“

Управата за конкуренција и пазари на Обединетото Кралство соопшти дека е против планираното купување на компанијата за развивање игри „Активижн Близард“ од страна на технолошкиот гигант „Мајкрософт“, јавува Би-би-си. Управата смета дека ваквиот договор ќе резултира со повисоки цени, помал избор и помалку иновации и ќе направи штета во индустријата за видеоигри. „Мајкрософт“, како производител на конзолата „Ексбокс“, сака преку...

„Мајкрософт“ ја претстави новата верзија на Бинг засилена со ChatGPT

„Мајкрософт“ ја објави новата верзија на својот пребарувач Бинг, кој сега го вклучува и најновото од вештачката интелигенција. Пребарувачот е засилен со технологијата на јазичниот модел ChatGPT, пренесе Би-би-си. Овој потег е убедливо најголемата закана што „Гугл“ ја видел за време на својата доминација во интернет-пребарувањето и го означува почетокот на трката за вооружување со вештачка интелигенција меѓу технолошките компании. „Трката...

„Гугл“ го лансираше Бард, ривалот на ChatGPT

„Гугл“ лансира чет-бот со вештачка интелигенција наречен Бард со цел да му парира на ChatGPT, јавува Би-би-си. Бард за почеток ќе го користат група тестери пред да биде претставен во јавноста во текот на наредните недели, соопшти компанијата. Чет-ботот е изграден на постоечкиот јазичен модел на „Гугл“ наречен Ламда, кој еден инженер кој работел на него минатата година го опиша како...

Мајкрософт за 7 долари месечно го нуди Тимс премиум со ChatGPT

Корпорацијата Мајкрософт објави премиум понуда за претплата на нивната апликација Teams, која го вклучува четботот ChatGPT, со цел како што велат, да ги поедностават состаноците со помош на вештачка интелигенција, пренесе Ројтерс. Премиум услугата најпрво ќе чини 7 долари месечно за потоа да се зголеми на 10 долари во јули, соопшти Мајкрософт. ChatGPT во сопственост на OpenAI ќе генерира автоматски белешки...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...