fbpx
Таг: мајка

таг: мајка

Мајка го оставила бебето само во количка, минувачи пријавиле на полицијата

Полицијата во Скопје имала невообичаена интервенција вчера, откако минувачи пријавиле дека е откриена количка со бебе во неа, покрај која немало никој. Како што соопшти МВР, во 14:40 часот била примена пријава дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката. Набргу полициски службеници од...

Полицијата го уапси убиецот од Хром чија мајка запали стан за да го прикрие

Денеска во 14.20 часот на пидрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две...

Мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство. Доказите кои се обезбедени до овој момент, според ОЈО, даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство...

Гостиварка ги врзувала децата, ги навредувала и ги тепала, поднесено е обвинение

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО-Скопје) поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете, како и за Телесна повреда. Од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, ги запуштила и ги малтретирала своите две деца –...

Нема докази дека мајка платила казна во Германија оти одбила да го облече синот како девојче

Училиштата се толку многу чувствителни на темата, така што она што е кажано (во видеото н.з.) е невозможно да се случило дури и на ниво на училиште. Наредба од федерално Министерство за образование врз покраината е нешто што е комплетно апсурдно, изјави за Вистиномер портпаролот на Постојаната конференција на министри за образование во Германија, Торстен Хеил, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Неверодостојна приказна за дете со аутизам, се користи за да се собираат лајкови на Фејсбук

Во написот пишува дека мајката и девојчето со аутизам сакале да се симнат на постојката пред главна пошта, меѓутоа, спротивно на изнесеното, автобусот број 23 на ЈСП воопшто не поминува кај главната пошта, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува напис, во којшто се раскажува приказна...

Судот го штити сторителот, а не жртвата: Итна заштита за мајката од Гостивар од екс партнерот – полицаец

Граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост остро реагираат на непостапувањето од страна на надлежните институции во однос на лицата кои се соочуваат и справуваат со семејно насилство. „Станува збор за Елена Јовицоска од Гостивар, на возраст од 27 години, мајка на едно малолетно дете, која 5 (пет) години се соочуваа и трпи семејно насилство од страна на нејзиниот...

Петта година по ред се намалува бројот на родени деца, мајките раѓаат сè подоцна во животот

Во Македонија лани се родиле најмал број на живородени деца за периодот од 1994 до 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со 19.845 живородени деца, во 2019 година било забележано намалување за 7 отсто кај бројот на живородени деца во однос на претходната година. Ваквите загрижувачки бројки за наталитетот во земјава се повторуваат веќе петта година...

Скопјанка пријавила дека воспитувачка го тепала нејзиниот шестгодишен син

Скопјанка во Полициската станица Аеродром вчера пријавила дека нејзиниот шестгодишен син бил тепан од воспитувачка во градинка, соопшти СВР Скопје, појаснувајќи дека се работи на расчистување на случајот. Жената кога завчера попладнето дошла да го земе синот од градинка забележала дека има оток на десниот образ и го прашала од што му е, на што детето рекло дека неговата воспитувачка...

Милошоски: Кукавички поставена бомба во куќата на мојот татко

Во селото Ижиште вчеравечер екипи на крим-техника од Македонски Брод, Прилеп и од антитерористичка единица од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на родителите на Антонијо Милошоски, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил. Тој обвини дека „криминално-политичкото подземје кое се инспирира од „бомбите на мандатарот за Живот“, почнало да поставува вистински бомби со закани по живот...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанецот што ја малтретирал мајка си

Поради основан сомнеж дека не ја извршувал судската одлука, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(58) од Охрид. „Тој, со судско решение издадено од Основниот суд Охрид, имал забрана да врши семејно насилство. И покрај тоа, пријавениот М.Д. продолжил да ја малтретира, вознемирува, навредува и физички да ја напаѓа својата 81-годишна мајка, да оштетува и да фрла предмети од домот и...

Првото бебе родено во Скопје во 2017 година е машко

Првото бебе што се роди во Скопје во новата 2017 година е момче и беше родено во 4.15 часот во Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир. Бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри, а на свет го донесе Нуредини Рамадан Хикмет, на која ова ѝ е прво дете. Денеска во 12 часот, мајката...

Почина струмичанката што беше силувана од синот

Вчера починала 75-годишната струмичанка С.Т која беше силувана од нејзиниот син, информираат од полицијата. Против синот, С.Т. (48) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „родосквернавење“ поднесе е кривична пријава. Телото на починатата е дадено за обдукција. С.Т. и мајка му се од село Градашорци. Според информациите од полицијата мајката и синот живееле заедно, таа била болна, а С.Т....

Во Индија уапсени 15 лица за силување мајка и дете

Петнаесет лица во Северна Индија се уапсени поради сомневање дека извршиле групно силување на жена и на нејзината ќерка. Како што соопшти полицијата, мајката и детето патувале заедно со тројца роднини во автомобил, кој на фреквентен автопат бил сопрен од група мажи со метални прачки. Напаѓачите ги извлекле патниците од автомобилот, роднините ги врзале, а жената и детето ги силувале. По грозоморниот чин,...

Мајка го пронашла синот починат во стан во Скопје

Вчера, околу 18 часот, С.К. (70) пријавила дека на булеварот Партизански oдреди во нејзиниот дом го пронашла починат нејзиниот син Александар К. (44). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.  

Обвинителството побарало психијатриско лекување за мајката што го фрли својот син

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 доставило предлог на мајката што го фрли својот шестгодишен син од четврти кат од зграда во населбата Хиподром да ѝ се определи мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, соопштија денеска од јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи –...

Да си го одземеш животот е избор, но да земеш на душа и друг е тешка дијагноза

За само неколку дена во Скопје се случија две самоубиства и еден обид за убиство. Пред два дена, мајка од скопски Хиподром, својот шестгодишен син го фрли од четвртиот кат, по што и таа се обиде да си го одземе животот. Денеска, пак, 42-годишен маж во центарот на Скопје се заканувал дека ќе се фрли од скеле, кое било поставено покрај...

Детето што мајката го фрли од зграда, оперирано и стабилно

Детето што вчера беше фрлено од балкон четвртиот кат од зграда во Хиподром, од својата мајка, е оперирано и се наоѓа во стабилна состојба, информираат од Клинички центар. Мајката, која подоцна се фрли, сè уште е во тешка состојба и е на интензивно лекување на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). По падот шетгодишното дете доби скршеници на главата, по...

Мајка го фрлила детето од балкон, па се фрлила себеси

Мајка го фрлила од балкон своето дете во населбата Хиподром, а потоа се фрлила и себеси. - Во 9.05 часот мајката се заканила дека ќе го фрли детето, во 10 часот го фрлила, а 20 минути подоцна се фрлила и таа - потврдуваат од МВР за „Мета“. И мајката и детето се во Ургентниот центар и се во животна опасност.

Мајка и бебе починаа во медицинскиот центар во Гевгелија

Ноќеска, околу 23 часот, на гинеколошкото одделение во гевгелиската болница починале мајка и бебе. Родилката имала 32 години и се породувала со царски рез. Породувањето го вршеле двајца гинеколози, анестезиолог и помошен персонал. Веста ја потврди директорот на болницата во Гевгелија, Сретко Јованов. Тој рече дека веднаш била повикана полицијата, која извршила увид заедно со јавен обвинител од Велес. По налог на обвинителот,...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...