fbpx
Таг: Мајк Помпео

таг: Мајк Помпео

Европа и светот бараат итно ослободување на Алексеј Навални

Откако вчера веднаш по слетувањето во Москва, Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозиционер и жесток критичар на претседателот Владими Путин, беше уапсен од руската полиција, врвни светски водачи и политичари побараа тој да биде итно ослободен. Алексеј Навални вчеравечер) се врати во Русија, по пет месеци откако падна во кома откако беше затруен со бојниот нервен отров Новичок и пренесен на...

Помпео: Чувајте се од руското влијание и кинеската технологија

Срцата и умовите на граѓаните на Северна Македонија треба да ја водат државата напред, а не руските ботови на социјалните медиуми. Би сакал да ве предупредам и за учеството на Кина во полето на чувствителните технологии и нивната стратегија на подмитување при обезбедувањето на зделките. Претседателот Трамп во Обединетите нации рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни...

Помпео пристигна во Охрид

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, пред околу половина час пристигна во Охрид. На аеродромот го пречека македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, а потоа државниот секретар на САД замина на средба со претседателот Стево Пендаровски. Подоцна ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев. Помпео пристигна попладнево од Црна Гора, а вечерва заминува во Грција, на дводневна посета.

Државниот секретар на САД, Помпео, денеска е во Охрид

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска пристигнува во Охрид, каде што ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. Помпео пристигнува на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Во Охрид безбедноста во градот крената на највисоко ниво и низ градот е забележливо присуство на униформирани и неуниформирани полициски и службеници од државните безбедносни агенции. Околу аеродромот Св. Апостол...

Во Вашингтон земјава доби ново уверување за поддршка за НАТО

За среќа, нашата бројка расте! НАТО обединува 29 нации. Оваа година се подготвуваме за добредојде за триесеттата – Северна Македонија!, порача државниот секретар на САД, Мајк Помпео, поздравувајќи го фактот што минатата седмица до американскиот Сенат е поднесен документот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на заедничкиот...

Помпео: САД го поддржуваат историскиот Договор од Преспа

САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и му честитаат на грчкото раководство за неговото постигнување, истакнал американскиот државен секретар Мајк Помпео на средбата во Вашингтон со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос. Катругалос вчера во Њујорк имаше средба со посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц на која беше поздравена заложбата на Атина и Скопје...

Коѕиас: Да прифатиме еден од предлозите на Нимиц

Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во изјава за грчките дописници од САД, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува МИА. Со оваа изјава и Коѕиас индиректно го отфрли името „Република Илинденска Македонија“, исто како што Грција отфрли и еден од петте предлози на медијаторот...

Коѕиас во посета на САД на средби со Помпео, Болтон и Гутереш

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас од денеска е во посета на САД каде ќе се сретне со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, со советникот за национална безбедност, Џон Болтон и со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, Според грчките медиуми, преговорите за името ќе бидат една од темите на агендата разговори на средбите на Никос Коѕиас. Според официјалната...

Трамп го разреши Тилерсон, нов државен секретар е шефот на ЦИА, Мајк Помпео

Актуелниот директор на aмериканската разузнавачка служба ЦИА, Мајк Помпео, ќе биде нов државен секретар на САД и ќе го замени Рекс Тилерсон. Ова го објави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Твитер“ и додаде дека Помпео извонредно ќе ја врши работата. Тој истовремено му се заблагодари на Тилерсон. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/973540316656623616 Американскиот претседател за нова директорка на ЦИА ја назначи досегашната заменичка на...

Лавров: Според Помпео, Обама станал претседател благодарение на Русија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека ако се следи логиката на директорот на ЦИА, Мајк Помпео, кој ја обвини Москва не само за мешање во минатогодишните претседателски избори во САД, туку и во претходните, тогаш и Барак Обама станал претседател благодарение на Русија. Говорејќи на безбедносниот форум во Колорадо, Помпео рече дека Русија дека се...

Русија сака да ги казни САД, тврди директорот на ЦИА

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, тврди дека Русија не планира да ја напушти Сирија и дека ќе продолжи да се меша во американските работи за да ги казни САД. Тој повторно изрази уверување дека Русија се мешала во претседателските избори во САД, а односите меѓу двете земји ги опиша како „комплицирани“. Помпео додаде дека видел само минимални докази дека Русија спроведува сериозна...

Кандидатите на Трамп за шефови на ЦИА и на Пентагон предупредуваат на закана од Русија

Кандидатите за шефови на Пентагон и на ЦИА што ги предлага новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска, на сослушувањата пред Сенатот, предупредија на заканата на Русија кон НАТО. Генералот Џејмс Матис и Мајк Помпео ја посочија вмешаноста на Москва во хакерските напади на Демократската партија на САД. Генералот Џемјс Матис, кој е номиниран од Трамп за министер за одбрана, пред Комитетот...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...