fbpx
Таг: мајчин јазик

таг: мајчин јазик

Матура ќе се полага во спортски сали за да нема препишување

Наместо во училници, оваа година, матурантите ќе ги полагаат испитите од државната матура во спортските сали на училиштата и во холовите, потврдија за Мета.мк од Државниот испитен центар (ДИЦ). Оваа новина се прави за да нема препишување. Минатата година, оценувачите во текот на процесот на оценување по предметот англиски јазик, утврдија дека дури 3.100 ученици препишувале на испитот. Од Сојузот...

Не е точно дека никогаш не постоела македонска нација

Факт е дека Македонците се посебен и автохтон народ што го населува историско-географскиот регион Македонија. Македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот историски, културен, јазичен, политички идентитет во континуитет, а особено во текот на 19 и 20 век, во текот на својата борба за национално ослободување и државно осамостојување. Првото заседание на АСНОМ одржано на...

Објавени имињата на матурантите со најдобри резултати на државната матура

Леонид Тодороски од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, Матеј Митевски од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, Едон Адеми од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, Чигдем Муарем од приватното училиште „Јахја Кемал“ во Струга, Ѓулен Јагмур од меѓународното училиште „Мариф“ од Тетово, како и Огнен Јосифовски од скопската гимназија „Орце Николов“, се шестмината матуранти кои годинава освоија највисок...

Подготвени но под стрес, матурантите денес полагаа мајчин јазик

Матурантите во државата денес полагаат мајчин јазик, задолжителниот предмет од државната матура, која пак, е услов за упис на факултет. Процесот утрово започна на време и без значителен број на отсуства на ученици. Директорите на училишта со кои поразговаравме, велат дека учениците дошле подготвени за испитот на зрелоста. „Малку се под стрес, но нашите ученици секогаш доаѓаат подготвени за државната...

Просечната оценка од државната матура во јуни e 3,42

Вкупната просечна оценка од испитите по сите предмети од 11-тата државна матура за учебната 2017/2018 година во јунската испитна сесија е 3,42, што е мало подобрување од минатата година кога средната оценка беше 3,39. Резултатите од испитите по трите екстерни предмети кои се полагаа од 2 до 21 јуни, денеска на прес-конференција ја соопштија министерот за образование и наука Арбер...

Матурантите денеска ќе го полагаат првиот тест од државната матура

Вкупно 16.426 матуранти денеска со полагањето на тестот по мајчин јазик и литература ќе ги започнат полагањата на тестовите од државната матура кои ќе траат до 14 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10.632 матуранти за македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик. На 10 јуни е закажано полагањето на странски јазик. Најголем...

Денеска се одбележува Денот на албанската азбука

Албанската заедница во Македонија денеска го одбележува Денот на албанската азбука. Манифестација по тој повод ќе се одржи во Битола, па во Музејот на албанската азбука ќе биде отворена Спомен-собата на Комисијата на албанската азбука, во која се претставени нејзините 11 членови, кои во 1908 година одлучиле за новата азбука на Албанците. По повод одбележувањето на Денот на aлбанската азбука, претседателот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...