fbpx
Таг: магнитуда

таг: магнитуда

Силен земјотрес во Грција почувствуван на југоистокот на земјава

Сеизмолошката опсерваторија (СО) при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје соопшти дека ноќеска во 50 минути по полноќ се случил земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 320 км. југоисточно од Скопје, во соседна Грција. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML5.3, а бил почувствуван од населението на југоисточните делови на нашата земја, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес почувствуван во југозападниот дел од земјата

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава во 06 часот и 25 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 175 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија „Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4,9 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид, Струга, Битола Ресен и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје...

Слаб земјотрес синоќа во Скопје

Земјотрес со сила од 2,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Скопје вчера во 21.29 часот. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ соопшти дека земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Утринава слаби земјотреси во Скопје и во Охрид

Земјотрес во Скопје од 2,4 степени според Рихтер, регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Тој бил регистриран во 08.03 часот со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје. Сеизмолошката опсерваторија регистрирала и земјотрес во Охрид, од 2,1 степени според Рихтер и бил почуствуван во 02.26 часот. Земјотресот бил со епицентар на 10 километри источно од Охрид.

Утрово повторно земјотрес во Дојран со интензитет од 3,3 степени според Рихтер

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во дојранското епицентрално подрачје. Земјотресот бил регистриран утрово во 4 часот и 6 минути. Ова е еден од серијата земјотреси што оваа недела го тресат Дојран и околината. Вчера, земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Косово, а се...

Два земјотреси синоќа и утрово во Охридско

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени се случил во 5.53 часот на 9 километри североисточно од Охрид и 4 километри источно од селото Косел. Земјотресот бил на длабочина од 11 километри, вели Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Речиси на истото место, земјотрес се случи и вчера во 21.48 часот, а тој имал сила од 2,7 степени по Рихтеровата скала. Локацијата била речиси иста...

Нов земјотрес на северот од Галичица

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени се случил во 12.13 часот на северниот дел на планината Галичица. Епицентарот бил на 9 километри северозападно од Ресен и 8 километри северно од селото Јанковец, а потресот се случил на длабочина од 2 километри, известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотрес со сила од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала обично едвај се чувствува од...

Земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтер регистриран во Охридско

Земјотрес со магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11.39 часот, во охридското епицентрално подрачје. Земјотресот чиј епицентар бил на седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри, почувствуван е во Охрид и во Струга. Земјотресот бил со интензитет од четири степени според Европската макоросеизмичка скала. Претходно утрово, во 9.58 часот, во охридското епицентрално подрачје беше...

Два земјотреси со епицентар во Грција почувствувани на југот на Македонија

Два земјотреси почувствуваа граѓаните во јужните делови на Македонија, синоќа по полноќ. Епицентарот на земјотресите се наоѓал во Грција, а Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека интензитетот на едниот од земјотресите на територијата на Македонија бил меѓу три и пет степени според Европската макросеизмичка скала.  

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...