Поради магла, намалена видливоста на повеќе патни правци


Скопје, 16 декември, 2014 - 10:03 (META) 

Сообраќајот на сите државни патишта во земјата утрово се одвива без забрани, по претежно влажни коловози, информираат од Авто-мотосојузот на Македонија (АМСМ).

Поради појава на магла, видливоста е намалена од 50 до 100 метри во Битола, Прилеп, Скопје, Куманово, Тетово, Кочани, Струмица, Гевгелија, Сарамзалино, Павлешенци, како и на патните правци Велес – Скопје и Велес – Штип.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание им се препорачува на возачите на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга и Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.


Откажани летови на скопскиот аеродром


Скопје, 15 декември, 2014 - 10:16 (META) 

Полетувањата и слетувањата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се откажани. Причината за ова е густата магла која два дена ја покрива Скопската Котлина.

Според информациите на интернет-страницата на аеродромот, до 9 часот биле откажани сите летови, а наредниот кој треба да биде во 11 часот не се знае дали ќе полета.

Според прогнозата на метеролозите, не се очекува маглата да се крене.

 


Видливоста на патиштата е намалена на 50 метри


Скопје, 15 декември, 2014 - 9:32 (META) 

На патните правци Велес – Скопје, Велес – Штип, Катланово – Велес, во Тетово, Македонски Брод, Срамзалино, Павлешенци, Кочани, Делчево и во Струмица, поради појава на магла, видливоста е намалена на 50 метри .

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.


Сончево време со магла по котлините


Скопје, 15 декември, 2014 - 9:29 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, а во котлините се очекува да има магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 4 до 13  Целзиусови степени.


Времето денеска сончево и тивко


Скопје, 14 декември, 2014 - 10:44 (META) 

Во Македонија времето денеска се очекува да биде претежно сончево и тивко. Утринската температура ќе се движи од – 1 до 5 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 14 степени.

Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има магла, која во текот на денот се очекува да се повлече.

Во Скопје претпладне ќе има магла, а во текот на денот се очекува времето да биде сончево со мала облачност.


Поради магла, намалена видливоста на патните правци кај Маврово и кај Крушево


Крушево, 4 декември, 2014 - 9:06 (META) 

Поради појава на магла, намалена е видливоста до 10 метри на патиштата кај Маврово, а во Крушево видливоста е од 50 до 60 метри, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

На сите останати патишта во земјата, сообраќајот се одвива без забрани, по, на места, влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.


Откажани летовите од Скопје кон Виена и обратно


Скопје, 1 декември, 2014 - 10:32 (META) 

Вчеравечер сите летови од и кон Виена од скопскиот аеродромот „Александар Велики“ беа откажани поради магла.

Останатите летови на скопскиот аеродром од изутринава се реализираат.


Облачно време, со магла по котлините


Скопје, 28 ноември, 2014 - 9:07 (META) 

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со појава на магла во котлините. Минималната температура ќе изнесува 2, а максималната ќе достигне 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде претежно облачно, со појава на магла. Утринската температура ќе изнесува 4 степени, а дневната нема да надмине 9 Целзиусови степени.


Време: Облачно со магла


Скопје, 11 ноември, 2014 - 8:26 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно, со магла по котлините и во речните долини во утринските часови. Во текот на денот, маглата ќе се намалува, а ќе дува и слаб југоисточен ветер.

Температурата преку денот ќе се движи од 12 до 17 степени.

Во Скопје слично време, со дневна температура до 16 степени.


Облачно со магла по котлините


Скопје, 10 ноември, 2014 - 8:33 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а по одделни котлини, претпладне, со појава на магла.

Температурата ќе се движи до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината, времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Минималмата температура ќе биде шест степени, а во текот на денот ќе достигне 18 степени.