!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Намалена видливост на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка


Скопје, 8 март, 2017 - 20:24 (META) 

Сообраќајот низ државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Поради појава на густа магла, намалена е видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 30 до 50 метри, како и на планинскиот превој Ѓавато, од 50 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодена брзина на движење според условите на патот.


Слаб снег и магла на патниот правец кон Попова Шапка


Скопје, 6 март, 2017 - 10:02 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

На Попова Шапка провејува слаб снег и има намалена видливост од 30 до 40 метри поради појава на магла.

Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини се пренасочува преку градот Битола.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Маглата во Сараево ги помести средбите на Могерини во Скопје


Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, поради магла во Сараево слета во Скопје и порано ја почна неколкучасовната посета на Македонија.

Могерини своите планирани средби ќе ги одржи порано, односно прво во 14 часот ќе има средба со претствниците на граѓанскиот сектор, во 15 часот во Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претставниците на парламентарните политички партии, а во 16 часот, како што и претходно беше планирано, ќе има средба со претседателот Ѓорге Иванов.

Шефицата на европската дипломатија, по средбата со Иванов, во 16.45 часот ќе даде куса изјава пред Делегацијата ан ЕУ во Скопје, по што во МОБ ќе има средба со студенти.

Могерини вечерва, по посетата на Скопје, во рамки на својата мини-турнеја на Балканот, ќе отпатува за Белград.


Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на неколку патни правци


Скопје, 13 февруари, 2017 - 9:14 (META) 

Сообраќајот по државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

На патниот правец с.Лисец – Попова Шапка, видливоста е намалена од 50 до 100 метри поради магла. Магла има и на планинскиот превој Стража.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени.


Сообраќајот се одвива по влажни коловози со магла на некои патни правци


Скопје, 8 февруари, 2017 - 20:47 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Видливоста поради магла е намалена од 50 до 100 метри на патниот правец Лисец – Попова Шапка.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла


Скопје, 7 февруари, 2017 - 9:45 (META) 

Поради појава на магла, видливоста е намалена од 30 до 50 метри во Павлешенци, од 50 до 100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.


Авиосообраќајот е нормализиран, Евзони сè уште е затворен


Скопје, 6 февруари, 2017 - 9:48 (META) 

Утринава се нормализираше авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“, откако синоќа поради густата магла беа откажани летови кон повеќе дестинации.

Според информативната табла на веб-страницата на „ТАВ Македонија“, откажан е само летот кон Виена во 4.25 часот, а сите други летови се реализираат.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сè уште затворен за сообраќај, а премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Магла со видлиовост до 50 метри има на патните правци Скопје – Миладиновци, Скопје – Катланово во двата правци и на обиколницата околу Скопје.


Откажани летови на „Александар Велики“ поради густата магла


Скопје, 5 февруари, 2017 - 19:56 (META) 

Густата магла и попладнево беше причина за откажување на дел од летови на аеродромот „Александар Велики“. Според податоците од интернет страницата на концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија, денеска не слетаа авионите кои летаа од Истанбул, Цирих, Братислава и Малме, а не скопскиот аеродром не полетаа ниту авионите за Белград, Истанбул, Цирих и Малме.

Откажан е и полноќниот лет од Виена, како и авионскиот лет од Скопје за Виена, кој според планот требаше да биде реализиран утре наутро.

Од АМСМ јавуваат дека сообраќајот по државните патишта се одвива со намалена видливост од маглата од 50 до 100 метри на патниот правец Скопје – Миладиновци, додека видливоста на патниот правец Скопје-Катланово е од 100 до 150 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Откажани летови на скопскиот аеродром поради густата магла


Скопје, 5 февруари, 2017 - 10:46 (META) 

Поради густата магла во Скопје и во околината, отежнат е патниот и авиосообраќајот. На скопскиот аеродром „Александар Велики“, според податоците објавени на интернет-страницата на аеродромот, поради намалената видливост, не се реализирани летовите од и за Истанбул, како и полетувањата за Загреб и за Барселона.

Од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) соопштуваат дека магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Скопје и Катланово.

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по на места влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и во засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Променливо облачно со сончеви периоди и со магла во котлините


Скопје, 5 февруари, 2017 - 9:19 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во утринските и во раните претпладневни часови со повремени врнежи од дожд, особено во западните и во југоисточните делови. На високите планини повремено ќе провејува слаб снег. По котлините долж Повардарието претпладне ќе биде магливо. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови и засилен ветер, претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината претпладне ќе биде магливо со слаб дожд, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 Целзиусови степени.

И утре по котлините долж Повардарието ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во источните. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 литру на квадратен метар, а во источните локално и околу 20 литри на еден квадратен метар. Можна е и ретка појава на грмежи. Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.