fbpx
Таг: љупчо николовски

таг: љупчо николовски

Владата ќе прави процена на интегритетот на министрите, нивните советници и надворешни соработници

Владата во првата половина на годинава, во соработка со УСАИД, ќе спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници. Ова го најави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски на денешната прес-конференција презентирајќи ги идните мерки од владиниот план наречен „Акција 21 - европски стандарди дома“. „Во Новата 2021 година...

Вицепремиерот Љупчо Николовски позитивен на ковид-19

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски информираше дека е позитивен на ковид-19. „Поради лесни симптоми направив ковид-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.

Николовски: Потребна е поврзаност и дигитализација во работењето на инспекциските служби

Споделувањето на документите со сите служби во државните институции кои би влегле во еден систем, е дел од процесот на поврзаност на кој се работи. Дигитализирањето на овој систем, според вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, е голем предизвик, а тоа ќе помогне во надминувањето на некои пракси од минатото, како нарачани инспекции и некоординираност. Николовски како проблем...

Со усвоените законски измени инспекторите на лице место ќе затвораат локали кои ги кршат здравствени протоколи

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска заедно со членовите на Инпекцискиот совет одржа прес-конференција за измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, којшто го усвои Собранието. Вицепремиерот Николовски е задоволен од усвоените законски измени, со кои инспекторите добиваат зголемени ингеренции. „Конкретно,...

Вицепремиерот Николовски најави дека ќе побара разрешување на директорката Димова

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вчера најави дека ќе побара разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова по неодамнешните пишувања во медиумите за наводни злоупотреби на средства. „Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На...

Инспекторите добиваат поголеми овластувања за да се справат со прекршителите на протоколите за ковид-19

На денешната владина седница ги усвоивме предлог-измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои инспекциските служби добиваат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите, информираше заменикот на претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на неговиот фејсбук-профил. „Законските измени се однесуваат на Државниот...

„Вистиномер“: Намалените глоби во Законот за заштита на укажувачи и борбата со корупцијата немаат ништо заедничко

Пред неколку дена вицепремиерот во Владата на РСМ задолжен за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски,во рамките на преставување на неговите должности и планови, го изјави и следново тврдење, во чии делови може да се препознае недоследност, пишува „Вистиномер“: Свесни сме дека целиот процес ниту може, ниту некаде во било која држава започнал и завршил...

Заев на брифинг со амбасадорите од ЕУ: Приоритет на Владата се процесите за приклучување кон ЕУ

Премиерот Зоран Заев, придружуван од Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Бујар Османи министер за надворешни работи, Бојан Маричиќ министер за правда и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од Министерството за надворешни работи, денеска одржаа утринска брифинг средба со амбасадорите на земјите членки на Европската...

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски прогласи победа на коалицијата „Можеме“

Генералниот секретар на Социјал-демократскиот сојуз и носител на листа во третата изборна единица, Љупчо Николовски прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на денешните предвремени парламентарни избори. „На 75 отсто обработени податоци од денешиот кристално чист и европски изборен ден, јасно е - победуваме и продолжуваме уште подобро“, рече пред малку на прес-конференција Николовски. - Победивме чисто, победивме европски. Граѓаните го казнија ВМРО-ДПМНЕ,...

СДСМ бара избори веднаш по стабилизирањето на епидемијата, ВМРО-ДПМНЕ против

Фото: Борче Поповски
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција информираше дека владејачката партија очекува парламентарните избори да се организираат веднаш по стабилизирањето на епидемијата со корона вирусот. Тој посочи дека ова е заклучокот од одржаната онлајн координација на шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ. - Веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти дека брзо ќе се случи,...

СДСМ го избра Николовски за шеф на изборниот штаб, подготвува и нова изборна програма

На предлог на претседателот Зоран Заев, Централниот одбор на СДСМ на вчерашната седница едногласно го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на партијата за претстојните парламентарни избори. Воедно, Централниот одбор ја задолжи заменик претседателката на партијата, Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите закажани на 12 април, информираат од СДСМ. Партиските...

Љупчо Николовски е нов генерален секретар на СДСМ

Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на СДСМ, информираше синоќа премиерот Зоран Заев по одржувањето на Централниот одбор, во рамките на кој беа направени смените во партијата. „Љупчо Николовски нема повеќе да биде министер на Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопанство. Тој е еден од поуспешните министри во нашата Влада. Тоа го знаат граѓаните со сите реформи, со сите мерки...

Владата подготвува фонд од 30 милиони денари за заштита на шумите

Од идната година во програмата за рурален развој се внесува сосема нов фонд од половина милион евра за заштита на шумите. Ова денеска од Штип го најави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како дел од мерките во борба против пожарите. -Креиравме посебна мерка, која се однесува на заштита на шумскиот фонд, таа мерка до сега не постоеше....

Откупувачите на јагниња не очекуваат проблеми со пласманот

Откупувачите на јагниња на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски посочиле дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено. Тие, како што информираат од МЗШВ, позитивно ја оцениле иницијативата што се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози, која што е во...

Баздникин: Не постои застој при влез на македонските камиони во Руската Федерација  

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј  Баздникин, на кој што главна тема беа последните информации за извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи во Русија, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Наспроти информациите на некои медиуми дека македонските производи не можат да стигнат до рускиот пазар, поради промената...

Потпишани првите договори за закуп на земјоделско земјиште над три хектари

Денеска во Владата се потпишаа првите договори од инвестицискиот оглас за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари, со агробизнисмени и земјоделци кои ќе развиваат инвестициски проекти во преработувачки капацитети. покрај примарното производство. „За прв пат државата доделува државно земјоделско земјиште под закуп за кое што земјоделците и агробизнисмените имаат можност освен за примарно производство да подготват и бизнис план...

Николовски: Предлог-буџетот за 2019 за земјоделие изнесува 10,5 милијарди денари

Новиот предлог-буџет за 2019 за секторот земјоделство, предвидува мерки и политики кои се во насока на унапредување на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини, создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство, порача на денешната прес конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Вкупниот буџет за секторот земјоделство, кој што подразбира неколку институции, е во износ од околу...

Започна откупот на тутунот, 4.700 договори повеќе од ланската реколта

Денеска започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година. Според базата на податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до денеска се отворени 195 откупни пунктови, на кои што тутунарите можат да го предаваат тутунот. Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со девет откупни претпријатија. Подрачните единици на МЗШВ, пријавија 23.430...

Започна исплатата на првите договори од европската ИПАРД 2 програма

Од денска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со првите исплати за финансиските средства од договорите склучени со последниот повик за програмата ИПАРД 2. Преку ИПАРД 2 до денеска се склучени рекордни 898 договори во вкупна вредност на побарувани средства од 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони евра се од европските фондови. Се очекува вкупната...

ВМРО-ДПМНЕ прашува кој дозволил вработен на дело да уништи службен автомобил

ВМРО-ДПМНЕ го праша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски да објасни како се случило вработен на дело минатиот месец да упропасти во сообраќајна несреќа вон работното време службен џип. Сообраќајката се случила на 9 јули на патот Берово - Виница, при што Н.Б. од Виница со „дачија дастер“ излетал од патот и слетал под мост. „Дали лицето Н.Б. имало...

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...