fbpx
Таг: Луфтханза

таг: Луфтханза

Хаос во Германија по обилните снежни врнежи

Обилните снежни врнежи во текот на ноќта ги парализираа транспортните врски во јужната германска покраина Баварија, оставајќи заглавени илјадници патници, а дел од железничкиот сообраќај беше во прекин поради временските услови, јави германската агенција ДПА. Во другите делови од земјата, исто така, забележан е обилен снег и мраз, а се очекува дополнително влошување на временските услови. Најмалку едно лице загинало...

Визер и Луфтханза ќе воведат летови кон Франкфурт, Штутгарт, Љубљана, Луксембург и Салцбург

Владата склучи договор со авиокомпаниите Визер и Луфтханза за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од македонските аеродроми, кои се пријавија на мартовскиот јавен повик за доделување субвенции. Германската авиокомпанија ќе започне да сообраќа меѓу Скопје и Франкфурт од 23 април, и тоа 10 пати неделно, за што ќе добие субвенции од државата. Визер ќе добие финансиска поддршка...

Само „Визер“ и „Луфтханза“ побарале субвенции за нови авионски линии од Скопје и Охрид

Авиокомпаниите „Визер“ и „Луфтханза“ се единствените што се јавиле на повикот на македонското Министерство за транспорт и врски за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии, соопшти министерството. Отворањето на барањата за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се случило денеска во просториите на министерството. Јавниот повик траеше...

Луфтханза по една деценија повторно ќе лета до Скопје

Германската авиокомпанија Луфтханза, една од најголемите компании во бизнисот во европски и во светски рамки, кон крајот на април следната година повторно ќе лета до Скопје, соопшти компанијата на својот вебсајт. Компанијата имаше летови до Скопје во минатото, но не лета на оваа дестинација повеќе од една деценија. Луфтханза вчера го објави својот нов распоред за следното лето, којшто во однос...

„Еуровингс“ ќе воспостави директна авионска линија меѓу Приштина и Белград

Германската авиокомпанија „Еуровингс“, членка на „Луфтханза“ групацијата, е заинтересирана по повеќе од две децении да ја возобнови авионската линија меѓу Приштина и Белград. Во Берлин денес беа потпишани писмата за намери за воспоставување на редовна авионска врска. Од страна на Србија, потписник е  Министерството за економија, додека Управата за цивилно воздухопловство на Косово ги потпиша писмата од косовска страна...

Откажани околу 1.300 летови поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Луфтханза“

Поради штрајкот на вработените во авиокомпанијата „Луфтханза“ денеска и утре, се очекува да бидат откажани околу 1.300 летови, меѓу кои и интерконтинентални летови, а ќе извисат 180.000 патници. Причината за штрајкот се барањето за повисоки плати и подобри услови за работа за околу 21.000 стјуарди и стјуардеси. Авиокомпаниите кои се во сопственост на „Луфтханза“ како „Свис“ (Swiss), „Аустријан“ (Austrian), „Еделвајс“ (Edelweiss)...

„Луфтханза“ со намален профит поради терористичките напади

Најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза“ соопшти дека поради терористичките напади и сè поголемата политичка и економска нестабилност, значително опаднал бројот на резервации за авионски летови, особено на долгите дестанции во Европа. Како што јавуваат светските агенции, акциите на германскиот гигант денеска паднале за 5,6 отсто и сега чинат 10,47 евра по акција. Покрај заканите од тероризам, Европа се соочува и со политичка нестабилност...

Штрајк во „Луфтханза“, откажани 929 летови

Штрајкот на екипажот на германската авиокомпанија „Луфтханза“, кој почна во петокот како борба за подобри плати и услови за работа, до 23 часот ќе влијае на 113.000 патници и ќе бидат откажани 929 летови, Штрајкот се одвива на трите најголеми аеродроми, во Франкфурт, Дизелдорф и во Минхен. Во петокот, кога почна штрајкот, откажани беа 290 летови, со што беа погодени 37.000...

И „Емирејтс“ прекинува со летови над Синајскиот Полуостров

По одлуката на авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“, и светската авиокомпанија „Емирејтс“ од Дубаи одлучи да ги прекине летовите над Синајскиот Полуостров поради несреќата на рускиот авион во која загинаа 224 лица. – „Емирејтс“ ќе избегнува летови над Синајскиот Полуостров сè додека не добие дополнителни информации. Го следиме развојот на состојбата - изјави претставник на компанијата.  

Авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“ нема да летаат над Синајскиот Полуостров

Двете најголеми европски авиокомпании, германската „Луфтханза“ и „Ер Франс КЛМ“, одлучија да не летаат над Синајски Полуостров сè додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион. Одлуката, како што наведуваат од две авиокомпании, е поради безбедносни причини. „Луфтханза“ има околу 10 летови кои поминуваат над Синајскиот Полуостров.  

Пилотите на „Луфтханза“ најавија штрајк

Синдикатот на пилотите на „Луфтханза“ повика утре да се одржи еднодневен штрајк на долгите и на карго-линиите на германската авиокомпанија. Германскиот синдикат „Ферајнигунг“ во текот на последните неколку месеци организираше десетина краткорочни штрајкови на синдикатот на „Луфтханза“ поради плановите да се намали платата на пилотите кои сакаат порано да се пензионираат. Синдикатот најави штрајк со образложение дека на денешните разговори не...

Авион на „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон над Варшава

Патнички авион на германската компанија „Луфтханза“ за малку ќе се судрел со дрон во близина на Меѓународниот аеродром во главниот град на Полска, Варшава, соопштиле службите на аеродромот. Инцидентот се случил вчера попладне, кога дронот се доближил на стотина метри од авионот, кој летал од Минхен. Екипажот на „Луфтханза ембраер ЕРЈ -195“ го пријавил избегнатиот судир кога авионот се наоѓал на...

„Луфтханза“ им понуди по 25.000 евра на семејствата на жртвите од падот на авионот

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ понудила по 25.000 евра обештетување на семејствата на секој патник што загина во падот на авионот на „Џерманвингс“, кој, според истрагата, намерно го срушил копилотот Андреас Лубиц. - Не можам да замислам дека некои од семејствата тоа би го прифатиле – рекол адвокатот на 15 семејства, Кристоф Веленс, оценувајќи ја понудата како непримерна. Во трагедијата што се случи на 24...

„Луфтханза“ ненајавено ќе го проверува здравјето на пилотите

„Луфтханза“, под чија закрила работи „Џерманвонгс“, чиј авион се урна кон крајот на март, би можела да воведе ненадејни медицински тестирања за своите пилоти, што би овозможиле да се открие дали редовно земаат антидепресанти. - Ненајавените контролни испитувања за пилотите се можност да се идентификуваат таквите лекови и би можеле да предупредат на евентуални психолошки нарушувања – рече генералниот директор на „Луфтханза“,...

Во „Џерманвингс“ не знаеле за депресијата на Лубиц, а во „Луфтханза“ знаеле

Авионската компанија „Џерманвингс“ денеска соопшти дека не знаела оти нејзиниот копилот Андреас Лубиц, за кој се сомнева дека намерно го урнал авионот со 150 лица, имал депресија за време на обуката за летање. Германската авиокомпанија „Луфтханза“, сопственичка на „Џерманвингс“, во вторникот потврди дека пред шест години знаеле дека Лубиц имал депресивна епизода пред да ја заврши обука во нивното школо...

Шпор: Треба многу време за да се дознае вистината за „Џерманвингс“

Директорот на компанијата „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ќе биде потребно уште многу време за да се дознае што се случило со авионот на компанијата. Шпор, кој заедно со Томас Викелман, шеф на „Џерманвингс“, ќерка-компанија на „Луфтханза“, го посети местото на трагедијата на француските Алпи, вети дека на семејствата, кои во несреќата ги изгубиле најблиските, ќе им помагаат колку што...

„Луфтханза“: Нема безбедносни мерки кои можеа да ја спречат трагедијава

Директорот на „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ни во најлошите соништа не можеле да замислат дека таква трагедија ќе се случи во нивната компанија. Тој додаде дека нема никакви индикации што би можел да биде мотивот на копилотот за намерно да го урне авионот со 150 патници. - Нашиот персонал го избираме многу, многу внимателно. Без разлика на безбедносните прописи,...

„Луфтханза“ тврди дека авионот бил исправен, а падот е необјаснив

Директорот на „Луфтханза“, Карстен Шпор, денеска изјави дека авионот што вчера се урна бил технички беспрекорен, а несреќата ја опиша како необјаснива. - За нас тоа е необјасниво. Авионот бил исправен, а двајцата пилоти искусни – рече Шпор на аеродромот во Франкфурт. Поради несреќата, откажани се повеќе летови на „Џерманвингс“, пред сè, затоа што пилотите и членовите на екипажот одбиле да летаат со...

Нов штрајк на пилотите на „Луфтханза“

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ најавија нов штрајк за четврток, два дена откако заврши претходниот штрајк. Синдикатот на пилотите доцна синоќа најави дека штрајкот ќе се одрази на долгите, како и врз карго-летовите, но не на кратките и на средните летови. Пилотите се противат на идејата на компанија да се применува досегашниот модел за пензионирање, според кој, пилотите се пензионираат на...

„Луфтханза“ откажа 1.350 летови

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ откажа 1.350 летови поради штрајкот на пилотите, кои бараат подобри услови за пензионирање. Штрајкот стапи на сила откако раководството и пилотите не успеаја да постигнат договор. Според податоците на авиопревозникот, повеќе од 150.000 патници се погодени од штрајкот на пилотите, кој е деветти по ред годинава. Пилотите се противат на идејата на компанија да се применува досегашниот модел за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...