!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Обвинителството има осомничен во врска со изгореното тело пронајдено кај Љуботен


Скопје, 26 септември, 2017 - 20:00 (META) 

Основното јавно обвинителство – Скопје издало наредба за истражна постапка за едно лице поради сомнеж дека сторило свирепо убиство. Лицето е осомничено дека е одговорно за пожарот на ливада кај селото Љуботен на 4 август годинава, по чие гаснење е пронајдено изгорено човечко тело.

Жртвата била жена. Осомниченото лице е приведено и обвинителството за него побарало притвор од 30 дена.


Најдено изгорено човечко тело кај селото Љуботен


Скопје, 4 август, 2017 - 15:20 (META) 

Изгорено човечко тело било пронајдено ноќеска во меѓа на ливада кај скопското село Љуботен, извести СВР Скопје.

Околу 23.30 часот вчера, во полиција било пријавено дека гори меѓа од ливада кај селото, по што полициска екипа излегла на терен и по згаснувањето на огнот било најдено изгорено човечко тело. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Полицијата работи на расчистување на случајот.


На 28 мај ќе се одржи традиционалното искачување на Титов Врв


Тетово, 25 мај, 2017 - 14:52 (META) 

Во недела на 28 мај ќе се одржи 36 традиционално искачување на Титов Врв на Шар Планина, во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“. Настанот е дел од прославата по повод денот на Европа организирана од Канцеларијата на Европската Унија во Скопје. Годинешното мото на традиционалното искачување гласи „Планинскиот цвет и пластичниот смет не одат заедно, да ја зачуваме животната средина за поздрава иднина“.

– Поаѓањето на планинарската колона е од 6 часот наутро пред платото на хотел Попова Шапка. Кон Титов Врв ќе се оди по Вакуфска Патека и апелираме да се користи оваа патека, каде што ќе оди самата колона. Се случувало, некои планинари да одат по други патеки до Титов Врв, па да има несакани последици. До Титов Врв ќе се пристигна некаде околу 11 часот, еден час имаме пауза на самиот врв, потоа кон Попова Шапка тргнуваме околу 12 часот, а на овој скијачки центар колоната ќе треба да пристигне околу 16 часот – изјави Јован Божиновски претседател на планинарскиот клуб „Љуботен“.

Традиционалното искачување на Титов Врв, кој е втор по големина врв во Македонија, со надморска височина од 2.747 метри е најпосетена планинарска тура во Македонија. Во изминативе 35 година на Титов Врв, преку оваа манифестација се искачиле околу 23 илјади планинари од земјава и странство.