fbpx
Таг: Љубомир Јовески

таг: Љубомир Јовески

Ана Павловска Данева нов предлог на СДСМ за уставен судија

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Ана Павловска-Данева е новиот предлог на СДСМ за уставен судија, откако вчера на собраниската Комисија за избори и именувања беше повлечен предлогот поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Предлогот за избор на Павловска Данева за уставен судија е на дневен ред на денешната седница на Комисијата во 12.30 часот. Павловска Данева...

Од трите кандидати за нов републички јавен обвинител, остана само Љупчо Коцевски

Од тројцата пријавени кандидати за преземање на улогата на републички јавен обвинител остана само Љупчо Коцевски. На денешната седница на Советот на јавните обвинители се даваше мислење за пријавените кандидати за огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија, а овој филтер не го поминаа обвинителките - кандидатки Лидија Раичевиќ и Фатиме Фетаи. Фетаи испадна од игра поради несоодветна документација,...

Јовески го заврши мандатот со анкета дека граѓаните имаат доверба во судството

Мандатот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески завршува денеска, по што тој ѝ се обрати на јавноста и на јавните обвинители. Јовески во своето поздравно обраќање кажа дека во последниот извештај на Европската комисија, навистина се ниски оценките за борбата против корупцијата во земјава и од тоа не можеме да бидеме задоволни. „Но, ниту една критика не е...

На местото на Јовески, избрана е Соња Симовска како в.д. републички јавен обвинител

Обвинителката Соња Симовска денеска беше избрана за в.д. републички јавен обвинител и ќе дојде на местото на Љубомир Јовески. Советот на јавни обвинители денеска ја избра Симовска, која доаѓа на местото на Јовески поради истекот на неговиот шестгодишен мандат. Симовска ќе ја врши функцијата до изборот на нов републички јавен обвинител, за што процедурата треба да оди преку Владата и...

Јовески: Ни треба систематски пристап кон наодите од ревизорските извештаи

Потребен уште посистематски пристап кон наодите од ревизорските извештаи, пред сè од страна на владините институции кои треба да ги отстранат слабостите, но и од истражните органи во поглед на постапките против можните злоупотреби. Ова го истакна јавниот обвинител Љубомир Јовески на работилницата во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и на начинот на постапување по ревизорските извештаи, на која...

Јовески пред Грковска се пожали за недостигот од обвинители и ИТ кадар во обвинителствата

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа состанок со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на кој биле отворени прашања со недоволните кадровски капацитети во овие институции, и од аспект на недостиг на обвинители, но и на информатички и друг стручен кадар, што ја отежнува работата и перформансите на јавните обвинителства. На средбата присуствувале...

Злоупотребите на Клиниката за онкологија ја отворија рак-раната за мешањето на партиите во правосудството

И покрај апелите од страна на Јавниот обвинител Љубомир Јовески да не се мафта со документи и да нема „фалење во однос на тој кој има информации за работата на Клиниката за онкологија“ туку истите да се пријават во обвинителството, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и денеска продолжи да зборува за аферата, како што ја нарече „Диво месо“. Тој сега...

Јовески пред Анкетната комисија за онкологија: „Оставете нè да си ја вршиме работата!“

Ниту постапувањето на јавното обвинителство, ниту на најголемиот дел од сведоците кои секојдневно ги повикувате тука можат да биде предмет на политичка одговорност. Кривичната одговорност, можеби ќе ве разочарам, но не е во ваша надлежност. Ова денеска пред собраниската Анкетна комисија формирана за случувањата на Клиниката за онкологија го порача јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој беше повикан да зборува во...

Протест во Тетово: 14 жртви, нула дена затвор за пожарот во модуларната болница

„Денеска цела земја слави, а ние се собравме да им оддадеме спомен на членовите на нашите семејства кои беа изгорени пред две години овде во модуларната болница“, со овие зборови денеска започна протестот што го иницираа роднините на 14-те загинати лица во пожарот во тетовската модуларна болница што се случи пред две години. „Корупцијата убива! Сите политичари зборуваат за интеграција...

Платформата за борба против корупција бара оставка од Јовески поради нецелосната истрага за тетовската модуларна болница

Во документарецот на ИРЛ се виде она што се шпекулираше, дека Јавното обвинителство ја нема спроведено целосно истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој живи изгореа 14 лица и не се наведува како настанале причините за пожарот. Ова денеска го истакна Дарко Аврамовски од Платформата на граѓански организации за борба против корупција. Претставници на организациите денеска...

Јавните обвинители со упатство како да постапуваат по ревизорските извештаи

Јавното обвинителство ќе изготви задолжително упатство со насоки до јавните обвинители за начинот како да постапуваат по ревизорските извештаи. Ова е заклучено денеска на работниот состанок меѓу главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик главниот државен ревизор Орхан Адеми со јавниот обвинител Љубомир Јовески и јавниот обвинител – раководител на Одделението во ЈОРСМ за соработка со други институции, Башким Бесими. Средбата...

Од 30 предмети за струшкиот градоначалник Мерко – само една условна пресуда

Комисија на Јавното обвинителство извршила вонреден надзор над работата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, како и во предметите поврзани со работата на општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник. Разгледувани се вкупно 30 предмети поврзани со струшкиот градоначалник, кој се најде на црната листа на САД како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата...

Јовески: Во земјава сè помала е возрасната граница на сторители на тешки кривични дела

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, изразува длабоко жалење и со загриженост ги следи настаните во соседна Република Србија, каде во оружени напади во претходните денови беа убиени повеќе лица, соопшти Јавното обвинителство. Истовремено, Јовески предупредува дека во земјава има тренд на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела. Јовески побара поефикасна контрола на оружјето...

Јовески: Приоритетни задачи за обвинителите се ефикасноста, отпорноста кон притисоци и транспарентноста

По повод 31 Март - Денот на правосудството, Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески упати порака до сите јавни обвинители во државава, во која ги наведе ефикасноста, отпорноста кон притисоците и влијанијата и транспарентноста како нивни приоритетни задачи. „Роковите за постапување мора да се почитуваат и да нема неоправдано одолговлекување на постапките. Граѓаните од нас очекуваат правда во разумен рок. Ја...

Комисијата за дисциплинска одговорност бара разрешување на Вилма Русковска

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот донесе решение, во кое меѓу другото се предлага разрешување на обвинителката Вилма Русковска. Во соопштението на Јавното обвинителство се вели дека „за поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал...

Јовески: Обвинителството сослушува сведоци за смртта на Јана, се чека наодот од обдукцијата

Битолското обвинителство обезбедува докази за случајот со смртта на шестгодишната Јана Христова, која минатата среда почина во битолската болница, откако била однесена со симптоми кои, според родителите, наликувале на настинка. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека обвининителството сè уште не ги добило наодите од обдукцијата. „Јавниот обвинител од надлежното јавно обвинителство Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува...

Јавното обвинителство и МВР потпишаа протокол за соработка

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со посредство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Протокол за соработка со кој се уредуваат клучни области на заедничкото постапување на двете институции. Протоколот е изготвен на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Според Јовески, потребно е дополнително...

Дисциплинска постапка за тројца јавни обвинители, Вилма Русковска е суспендирана

Во согласност со членот 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, информираат...

Контраспин: Во „војната“меѓу Русковска и Муареми веќе настрада вистината

Во целиот овој галиматијас со последици кои веќе се видливи – тешко нарушување на угледот на три многу важни институции за гонење на криминалот и корупцијата, УФП, ОЈО генерално и ОЈО ГОКК, како и Судот, Русковска изговори една многу моќна реченица: „Никогаш нема две вистини. Има само една“. Проблемот е што со толку многу уништена доверба во институциите во...

Обвинителството сè уште ги анализира доказите за тетовската модуларна болница, Јовески очекува епилог наскоро

Поминаа повеќе од 7 месеци од трагичниот ден кога избувна пожар во Модуларната ковид болница во Тетово и како резултат на тоа животот го загубија 14 пациенти кои се лекуваа од ковид-19. Обвинителството во овој период сè уште не успеало да ја заврши анализата на доказите. Обвинителот Љубомир Јовески вели дека тетовското обвинителство наскоро треба да донесе решение, информира...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...