fbpx
Таг: Љубен Арнаудов

таг: Љубен Арнаудов

Мукоски, Василевски, Димовски, Арнаудов и Тарчуловски добија амнестија

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се помеѓу првите обвинети што добија амнестија за крвавиот четврток на 27 април минатата година, пишуваат дел од медиумите. Покрај петте пратеници, амнестија е одобрена и за вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Елена Божиновска и Иван Цветановски, како и за обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан...

Обвинетите за насилството во Собранието со поддршка за пратениците кои гласаа „за“

Обвинетиот за насилството во Собранието, Вилијам Михајловски на денешното судско рочиште за настаните од 27 април рече дека сака да даде поддршка за пратениците кои во петокот во Собранието гласаа за пристапување кон уставни измени. Михајловски во име на обвинетите рече дека „им изразуваат поддршка на храбрите пратеници кои гласаа за уставните измени“. Судијката Добрила Кацарска го прекина и го...

Арнаудов: Никој не е предавник и ништо не е ветувано за случајот

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето во Основен суд Скопје 1 изјави дека не смета оти некој е предавник и дека не знае кој стои зад завчерашното писмо, испратено до медиумите во име на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што во петокот гласаа за почнување со уставните измени. Истакна дека не...

Пo Сашо Василевски и пратеникот Љубен Aрнаудов излегува од куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје го прифати барањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Aрнаудов, со гаранција да се брани од слобода, однoсно да му се укиине мерката притвор. Тој е еден од пратениците кои обвинителството ги товари за упадот и насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Утрово Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ја прифати гаранцијата од 400.000 евра...

Дамовски, Илиевски и Арнаудов излегуваат од „Шутка“, Апелација им одреди куќен притвор

Организаторите на протестите на „За заедничка Македонија, Борис Дамовски и Богдан Илиевски и пратеникот Љубен Арнаудов, излегуваат од истражниот затвор „Скопје“, откако Апелацискиот суд Скопје им ги прифатил жалбите и им ја заменил мерката притвор со куќен притвор и да им бидат одземени пасошите, потврдиле за „Телма“ од судот. Дамовски, Илиевски и Арнаудов се меѓу 35-те осомничени за насилствата во...

Судот им одреди притвор на пратениците Мукоски, Арнаудов и Василевски

Кривичниот суд по денешниот распит, попладнево им одреди притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Нивните колеги, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, добија куќен притвор. Мукоски, Арнаудов и Василевски попладнево, со полициска придружба, беа изнесени од задниот влез на Кривичниот суд и ставени во полициско комби, кое...

Собраниската комисија едногласно одобри да им се одземе имунитетот на пратениците

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања едногласно, со пет гласа „за“ и без воздржани или против, го одобри барањето на судот и донесе заклучок да му предложи на Собранието да им се одземе имунитетот на пратениците Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска. На комисиската расправа не присуствуваа членовите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу...

Утре напладне комисиска расправа за имунитетот на уапсените пратеници

Седница на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за барањата за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот, потврди претседателот на Комисијата, Павле Богоевски. Одлуката е објавена и на веб-страницата на Собранието. Барањата за одземање на пратеничкиот имунитет...

Џафери ги доставил барањата за притвор до надлежната комисија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања вечерва ги доставил барањата за одобрување притвор за пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, известија собраниските служби. Барањата се поднесени вчера од Основен суд Скопје 1, односно од Одделението за организиран криминал и корупција. Џафери ги доставил барањата до надлежната комисија...

СДСМ: Проектите на ВМРО-ДПМНЕ се симбол за криминал и за корупција

Доколку Љубен Арнаудов и неговите сопартијци навистина се грижеа за интересите на граѓаните, одамна ќе ја увидеа реалната состојба и ќе инсистираа на одговорност за промашувањата во изведбата на автопатот Кичево - Охрид, но и на одговорност за провизиите од автопатиштата за кои слушна целата јавност, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. „Но наместо...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата дека ја блокира изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и Владата дека ја блокираат изградбата на автопатот Кичево - Охрид. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов, денеска од местото Мауцкер кај Охрид, каде треба да поминува автопатот, изјави дека претходната влада ја оставила изградбата на делницата во напредна фаза, а дека сега има целосен застој без никаков сигнал за нејзино продолжување. - Неспособноста на...

ВМРО-ДПМНЕ вети изградба на пристаниште во Охрид, кое ќе чини 2 милиони евра

Во Охрид ќе се изгради долгоочекуваното пристаниште со кое ќе се задоволат потребите за пловните објекти во Охридското Езеро, истакна денеска на прес-конференција пред Студенчишкиот канал претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов. - Меѓу главните проекти, кои се од витално значење за градот Охрид, е и долгоочекуваното пристаниште, проект кој ќе се реализира од 2018 до 2020 година, а ќе чини...

ВМРО-ДПМНЕ назначи нов претседател на ОК во Охрид

Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ донел одлука со која за нов претседател на општинскиот комитет на партијата во Охрид е назначен д-р Љубен Арнаудов, актуелен директор на Општата болница во градот. Досега оваа функција ја вршеше Атанаско Михаилов, исто така лекар, чиј мандат формално завршил уште во 2014 година. Назначувањето на новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...