!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Комби влета во ресторан во Лос Анџелес, девет лица се повредени


Лос Анџелес, 31 јули, 2017 - 10:29 (META) 

Девет лица се повредени во Лос Анџелес откако комби се судрило со камионет и влетало во ресторан, јавуваат локалните медиуми.

По несреќата на булеварот Пико, во болница се пренесени осум лица, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес на „Твитер“ и додаде дека деветтото повредено лице е пожарникар, кому не му било потребно хоспитализирање.

Американските медиуми наведуваат дека несреќата ги имала карактеристиките на нападите на исламските екстремисти кои претходно беа изведени во Европа и во Израел.

– Станува збор за сообраќајна незгода, ништо намерно – соопшти поручникот Џим Луис пред полицијата во Лос Анџелес.


Калифорнија воведе состојба на подготвеност поради можен земјотрес


Лос Анџелес, 2 октомври, 2016 - 18:51 (META) 

Жителите на Северна Калифорнија се во состојба на подготвеност до вторник поради зголемена можност од силен земјотрес, соопштија официјални лица.

– Такви предупредувања обично се соопштуваат еднаш или двапати годишно – изјави претставник од кабинетот на гувернерот, задолжен за вонредни ситуации.

Експерти предупредуваат дека веројатноста за земјотрес со интензитет од 7 степени или посилен во областа Сан Андреас е еден спрема 100 и засилената веројатност важи до вторник.

Гувернерот Џери Браун одобри закон со кој е развиен систем за предупредување на граѓаните. Предупредувањата ќе ги добиваат граѓаните на своите мобилни телефони, преку радиостаници и други уреди.


Експлозија во најголемата нафтена рафинерија во Калифорнија


Лос Анџелес, 27 август, 2016 - 11:10 (META) 

Во најголемата нафтена рафинерија во Калифорнија дошло до експлозија во која нема повредени, но во воздухот биле испуштени големи количества хемиски супстанци.

Властите во Лос Анџелес ги предупредија граѓаните да останат во своите домови.

Пожарникарите соопштија дека најверојатно дошло до пукање на еден капак, но сè уште не се знае точната причина за пожарот.

Иако пожарот бргу бил згаснат, облакот со опасни хемиски супстанци можел да се забележи и неколку часови по несреќата.


Вечерва е доделувањето на филмските награди „Златен глобус 2016“


Лос Анџелес, 10 јануари, 2016 - 18:13 (META) 

Ноќеска во Лос Анџелес ќе се одржи 73. доделување на филмските награди „Златен глобус“, на кои годинава домаќин ќе биде британскиот комичар Рики Џервејс.

Престижните филмски награди „Златен глобус“ ги доделува холивудското здружение на странски новинари.

Главен фаворит на годинешното доделување на наградите е лезбејската романса „Керол“, која е номирана во вкупно пет категории, меѓу кои за најдобра драма, најдобра главна женска улога и за најдобар режисер.

Покрај „Керол“, во конкуренција за „Златен глобус“ за најдобар филм се и психолошкиот трилер „Соба“, драмата за педофилијата во Католичката црква „Спотлајт“ и акциониот трилер „Лудиот Макс: Бесниот пат“.

Кај телевизиските серии, за најдобра серија ќе се борат „Империја“, „Игра на тронови“, „Господин робот“, „Наркос“ и „Аутлендер“.


Тарантино: Најдобар филм е „Лудиот Макс: Бесниот пат“


Лос Анџелес, 25 декември, 2015 - 16:20 (META) 

Последниве неколку години, режисерот Квентин Тарантино објавува свои листи на најдобрите филмови за годината што завршува. Оваа година тој издвои само еден наслов, за кој вели дека е најдобриот филм за годинава.

Според Тарантино, најдобриот филм за годинава е „Лудиот Макс: Бесниот пат“ (Mad Max: Fury Road).

– Се двоумев дали да го гледам некое време бидејќи сметав дека Лудио Макс без Мел Гибсон не е добра идеја. Во свет каде постои Мел Гибсон, зошто би го најмиле Том Харди за улогата? Тогаш го изгледав филмот и си реков, одличен е. И Харди е добар во улогата, мора да признаам – вели Тарантино.


Отворени училиштата во Лос Анџелес


Лос Анџелес, 16 декември, 2015 - 13:09 (META) 

Училиштата во Лос Анџелес денеска повторно се отворени откако е утврдено дека заканите поради кои вчера беа затворени, се лажни.

Во понеделникот вечерта на адреса на одборот за јавно школство во Лос Анџелес пристигнала порака со закана за напади на училиштата. Поради пораката, училиштата беа затворени.

По полициската истрага, ФБИ заклучи дека не станува збор за веродостојна закана, објави градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарцети.