fbpx
Таг: Лондон

таг: Лондон

Бројот на жртви во лондонскиот облакодер може да се зголеми на 60 лица

Лондонската полиција соопшти дека постои можност никогаш да не се идентификуваат сите жртви на големиот пожар што го зафати облакодерот во Лондон, јави „Би-би-си“. Службите за итни случаи веќе трет ден на терен се во потрага по телата на настраданите кои изгореа во зградата „Гренфел“. Досега официјално е потврден идентитетот на 17 жртви, но се стравува дека бројот на настраданите може да се...

Британската полиција продолжува со апсењата по нападите во Лондон

Британската полиција продолжува со новите рации и апсења, но не соопштува колкав е бројот на новоприведените во рамките на истрагата за саботните терористички напади во Лондон, во кои загинаа седум лица. „Одреден број луѓе се уапсени“, соопшти денеска полицијата. Шефот на лондонската Метрополитен полиција, комесарката Кресида Дик, за „Би-би-си“ изјави дека полицијата „има големо количество форензички материјал“ кој внимателно се прегледува,...

Три напади во Лондон – еден загинат и пет поврдени

Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени во трите напади што вечерва се извршени во Лондон, соопшти полицијата. Засега не се знае дали инцидентите се поврзани, а на социјалните мрежи се појавија голем број снимки од полициски акции на Лондонскиот мост, како и во баровите и во рестораните. Една од снимките е направена во бар во близина на мостот, на...

Почина уште едно лице повредено во нападот во Лондон

Жена која е повредена за време на нападот од 22 март во Вестминстер во Лондон, почина денеска, со што бројот на жртвите се зголеми на шест, вклучувајќи го и напаѓачот. Според полицијата, настрадала Романката Андреа Кристеа, која во тоа време била во посета на Лондон. Околу 50 лица се повредени во нападот што британскиот државјанин Калид Масуд го изведе со возило во...

Трамп Помладиот, мета на критики поради твитот за терористичкиот напад во Лондон

Доналд Трамп Помладиот се најде на мета на критики откако неколку часа по нападот во Лондон на „Твитер“ објави неколку месеци стар коментар на градоначалникот на британската престолнина, кој напишал дека терористичките напади се дел од животот во големите градови. „Мора да се шегувате со мене?! Терористичките напади се дел од животот во големиот град, вели градоначалникот на Лондон, Садик...

Македонка пронајдена мртва во својот дом во Лондон

Македонска државјка (36) со потекло од Велес била пронајдена мртва изминатиов вторник во нејзиниот стан во Лондон. Нејзината цимерка, исто така Македонка, им ја соопштила веста на нејзините родители во Велес. Таа не ја знаела причината за смртта. Кусо им кажала дека нивната ќерка е однесена на обдукција, од чии резултати ќе се утврди причината за смртта, објави „Дума“. Станува...

Фараж се „заканува“ со нова кампања за Брексит

Доколку Британија не излезе од ЕУ до 2019 годин, ќе почнам нова кампања за напуштање на Европската Унија, изјави привремениот лидер на антиевропската и антимигрантска Партија на независноста на Обединетото кралство (УКИП), Најџел Фараж. Во своето обраќање по одлуката на лондонскиот виш суд, според која владата нема овластување да го почне двегодишниот процес за напуштање на ЕУ без согласност и...

На шефот на британската дипломатија му забраниле со велосипед да оди на работа

Скотланд јард му забрани на шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, да оди на работа со велосипед поради страв дека може да биде мета на терористи, па отсега тој мора да користи службено возило, пишуваат британските весници. „На Џонсон му е забрането да вози велосипед од страв дека може да биде лесна мета за терористите“, пишува „Дејли мејл“. Министерот за надворешни...

Груевски во Лондон на средби со раководството на Конзервативната партија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој од вчера е во „работна посета“ на Лондон, денеска се сретнал со претседателот и со потпретседателот на владејачката Конзервативна партија, Патрик Меклоглин и Марк Филд. На средбата, како што соопштуваат денеска од партијата, било разговарано за членството на Македонија во НАТО, мигрантската криза, како и за аспектите на политичката криза „наметната од опозицијата“. Груевски истакнал дека и покрај...

Груевски во работна посета на Лондон

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска заедно со партиска делегација, во чиј состав се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, како и членот на извршниот комитет на партијата, Никола Попоски, ја почна својата посета на Лондон, Велика Британија, во рамките на која ќе се остварат повеќе средби со политичари и со влијателни личности од јавниот и општествен...

Зголемена безбедноста на транспортната мрежа во Лондон поради сомнителна направа

Лондонската полиција го подигна нивното на безбедност околу транспортната мрежа во градот, откако пред два дена била најдена сомнителна направа во воз, јавува „Би-би-си“. Вчера вооружената полиција на Лондон уапсила 19-годишно момче во северниот дел на Лондон, за кое постојат сомневања дека е поврзано со „сомнителната направа“, која еден ден претходно била уништена со контролирана експлозија на станицата во Северен...

Еквадор му го прекина интернетот на Асанж во амбасадата во Лондон, обвини „Викиликс“

„Викиликс“ денеска ги обвини властите на Еквадор дека го прекинале пристапот на интернет на нивниот основач, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон повеќе од четири години. Организацијата на Асанж, како што јавуваат светските медиуми, за прекинот на интернетот првично обвини државна институција, без да наведе за која станува збор. Подоцна „Викиликс“ на „Твитер“ напиша дека...

Руската банка ВТБ ќе го напушти Лондон поради Брексит

Руската банка ВТБ соопшти дека размислува да го пресели своето европско седиште за инвестициско банкарство од Лондон, по одлуката Велика Британија да излезе од Европска Унија. - Преселувањето од Лондон или нашиот опстанок ќе зависи од развојот на ситуацијата поврзана со Брексит. Поради Брексит, ВТБ ќе ги прилагоди своите активности во Лондон, но нема намера да ја затвори канцеларијата таму...

Протест на аеродромот во Лондон за поддршка на „Црните животи значат“

Летовите од градскиот аеродром во Лондон се откажани откако демонстрантите ја окупираа пистата, јавуваат светските медиуми. Од полицијата наведуваат дека околу 5.40 часот по локално време биле повикани на аеродромот затоа што демонстрантите влегле на пистата. На социјалните мрежи објавени се фотографии на група млади луѓе кои лежат на пистата, а покрај нив се гледаат пароли „Црните животи значат“ (Black lives...

Во напад со нож во Лондон, загина една жена, а петмина се повредени

Една жена загина синоќа, а пет лица се повредени при напад со нож на лондонскиот Расел сквер, јавува „Би-би-си“. Полицијата синоќа околу 22.30 часот добила дојава дека маж со нож избодел неколку лица. Полицијата веднаш интервенирала и со помош на електричен пиштол успеала да го совлада напаѓачот. Како што јавуваат британските медиуми, итната медицинска помош на местото на инцидентот регистрирала шест повредени, но...

Тереза Меј со најголема предност во трката за наследник на Дејвид Камерон

Британската министерка за внатрешни работи, Тереза Меј, има голема предност пред својата најблиска конкурентка, Андреа Лидсом, во внатрепартиската трка за наследник на премиерот Дејвид Камерон, но оваа трка е засенета од повлекувањето на инвеститорите и од падот на британската фунта. Тереза Меј, која се залагаше за останување на Велика Британија во Европската Унија, освоила 165 гласови, а Андреа Лидсом, застапничка за излегувањето...

Лондон бара поголема автономија заради економска сигурност

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, денеска побара поголема автономија за овој град за да може да ја надмине економската неизвесност по гласањето на референдумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија. Првиот човек на британската претстолнина изјавил дека поголемата автономија е потребна за да се заштити економијата на Лондон од неизвесноста која следува. - Ни треба поголема автономија заради заштита...

Лондон бара независност од Велика Британија и членство во ЕУ

Десетина илјади граѓани на Лондон денеска потпишаа петиција со која се бара, метрополата да остане во Европската Унија, откако градоначалникот Садик Кан изјави дека претстолнината исто така има право на глас кога станува збор за преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ. Петицијата насловена „за прогласување на Лондон независен од Обединетото Кралство и приклучување кон ЕУ“ на сајтот „ćange.org“,...

Две експлозии во близина на телевизијата „Ај-ти-ви“

Студиото на телевизијата „Ај-ти-ви“ во Лондон е евакуирано поради дојава за бомба која наводно е сместена во сомнително возило, паркирано во непосредна близина. Според тврдења на очевидци две контролирани експлозии одекнале пред студиото „Саутбенк“. Портпаролот на лондонската полиција соопшти дека експлозиите одекнале два ипол часа откако ја добиле дојавата за сомнителното возило.

Лондон бара копија од „Панама пејперс“

Британската влада побара денеска копија од податоците што протекоа во медиумите за клиентите на адвокатската фирма од Панама, за да може да ги проучи тие информации и да дејствува по повод евентуално затајување данок. Во документите се објавени податоци на неколку стотини илјади клиенти на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“, а во еден од документите е споменат и Ијан Камерон, покојниот татко...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...