fbpx
Таг: Лондон

таг: Лондон

Адвокатите на САД негираат дека обвинувањата против Џулијан Асанж се политички мотивирани

Кривичната пријава е поднесена против Џулијан Асанж бидејќи го открил идентитетот на изворите и поттикнувал кражби и хакирање, а не поради политички причини, рекоа адвокатите што ја застапуваат владата на САД, која бара екстрадиција на основачот на WikiLeaks (Викиликс) на денешното сослушување во судот во Лондон, извести „Гардијан“. Асанж би можел да биде екстрадиран во САД за неколку дена. Таму...

Министерот Бујар Османи не поседува компании во Велика Британија

Несомнено постојат повеќе луѓе со име Бујар Османи, а оваа објава на Фејсбук манипулира со тој факт. Намерата е да се претстави лажен наратив дека министерот за надворешни работи Бујар Османи поседувал 10 фирми. Со пребарување на интернет со податоците на Османи наведени во неговата биографија, не најдовме ниту една фирма која може да се поврзе со него, пишува...

Oсмани се сретна со кралот Чарлс Трети во Лондон

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и Кралот Чарлс Трети. Министерот изразил голема благодарност до кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка. „Оваа година одбележуваме јубилеј - три декади...

Манипулативен пост ја извртува вистината – Украина се брани од Русија и не војува за „ќеиф на Лондон“

Објавата во која се тврди дека Украина ја води војната против Русија заради ќефовите на Лондон и дека Орбан и е најголем пријател на Украина зашто единствен инсистирал на преговори меѓу Киев и Москва за запирање на војната е невистинит и манипулативен по повеќе основи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната...

Не е точно дека на Олимписките игри во 2012 година била предвидена ковид пандемијата

Наспроти изнесеното во објавата, церемонијата од 2012 година траеше четири часа, а акцент беше ставен на британската историја и култура. Во еден дел од церемонијата ѝ се изразува почит на Националната служба за здравство на Велика Британија (владина програма која обезбедува здравствени услуги по ниски цени), но тоа во ниту еден случај не ја предвидува пандемијата, односно коронавирусот кој...

Голем број граѓани пред Бакингемската палата оддаваат почит кон кралицата Елизабета Втора

Голема толпа граѓани се собраа пред Бакингемската палата во Лондон за да оддадат почит кон британската кралица Елизабета Втора, пренесе Си-ен-ен. Додека веста за смртта на кралицата Елизабета Втора се рашири низ Обединетото Кралство, луѓето дојдоа до кралската резиденција за да положат цвеќе и да запалат свеќи. Николас Плеер (41), туристички водич во Лондон, рече дека „почувствувал морници“ кога слушнал дека...

Кралицата Елизабета Втора ја посети новата брза линија на лондонското метро именувана по неа [видео]

Кралицата Елизабета Втора ја посети новата брза линија на лондонското метро именувана по неа. Таа пристигна облечена во сончево жолта комбинација и како што пренесе јавниот сервис Би-би-си во репортажата за настанот, беше насмеана и во весел дух. Со помош на бастун прошета низ станицата, па дури го провери и автоматот за билети, а разговараше и со машиновозачот и...

Вистиномер: Лага е дека полицијата во Лондон затворала вакцинални пунктови и апсела поради вакцинирање

Полицијата во Лондон за Ројтерс вели дека нема никаква кривична истрага за ковид-19 вакцините и дека ниту еден вакцинален центар не е затворен, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесува тврдење дека во Велика Британија, од 23 јануари 2022 година е издадена наводна наредба за заплена и стопирање на работата на сите...

Британска студија: Аерозагадувањето го зголемува ризикот од потешки ментални заболувања

Најново истражување спроведено во Велика Британија покажува дека и малото зголемување на изложеноста на аерозагадување може да доведе до поголем ризик од медицински третман, пишува весникот „Гардијан“. Станува збор за една од најсеопфатните студии од овој вид, а која што го поврзува аерозагадувањето со предизвикувањето на потешки ментални заболувања. Ова истражување извршено на над 13.000 луѓе во Лондон открило дека...

Вистиномер: Хигиеничари на лондонска железничка станица не се фотографирале за да инсценираат лажна пандемија

Овој пост е со испуштен контекст, односно со ненаведување на информации и нивно намерно или ненамерно прикривање, во јавноста се креира сосема погрешна слика. Објавата дезинформира дека хигиеничарите на железничка станица во Велика Британија се преправаат дека нешто работат, за да предизвикаат страв и за да добијат публицитет во медиумската кампања за заплашување на граѓаните дека постои пандемија од...

Рикер назначен за привремен амбасадор на САД во Лондон

Амбасадорот Филип Рикер е назначен за шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Лондон, привремено, во отсуство на амбасадор, соопшти Стејт департментот, пренесе Гласот на Америка. Тој ќе ја презеде оваа функција на први август. Амбасадорот Рикер во моментов е в.д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Рикер беше амбасадор на САД во Северна Македонија од...

Обновливите извори на енергија во фокусот на Самитот за Западен Балкан на ЕБОР

На Самитот за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, ЕБОР, кој се одржува во Лондон, во фокус на дискусиите е енергетиката од обновливи извори и зелената економија. Како што соопштија од Владата, техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој заедно со министерката за финансии, Нина Ангеловска, и министерот за економија Крешник Бектеши се во еднодневна работна посета на...

Делегација предводена од Заев ќе учествува на Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на нашата земја во чиј состав се и министрите Радмила Шекеринскa, Бујар Османи и Никола Димитров, на Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември, со кој одбележува 70 годишнината од постоењето на Алијансата. Централно место во програмата е Состанокот на Северноатлантскиот совет (NAC) на шефовите на држави и/или...

Повеќе од половина земји-членки на НАТО го ратификуваа протоколот (инфографик)

Повеќе од половина земји-членки на НАТО го ратификуваа протоколот за пристапување на Македонија кон Алијансата. Германија е најновата, 16-та земја, од вкупно 29 членки на Организацијата на северноатлантскиот договор, која го ратификуваше протоколот - анекс на оригиналниот Вашингтонски договор со кој во 1949 година е основан воениот сојуз. Протоколот за пристапување на Македонија на 6 февруари во Брисел, во седиштето на...

Џафери: На самитот на НАТО во Лондон ќе се виори и македонското знаме

Процесот на ратификација на Протоколот за наше полноправно членство во НАТО оди со добра динамика, во јуни очекуваме американскиот Сенат да го ратификува протоколот и јас сум сигурен дека уште оваа година, ние и формално ќе станеме полноправна членка на НАТО Алијансата. Односно, на самитот на НАТО во Лондон во декември, знамето на Република Северна Македонија ќе се виори...

Џулијан Асанж уапсен во Лондон, Еквадор го повлече азилот

Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, за потоа тој да биде уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде ги мина изминатите седум години без да излегува надвор. Тој побара азил поради обвинувања за силување во Шведска, кои подоцна беа отфрлени. Асанж тврдеше дека овие обвинувања се само маска за негово испорачување од Шведска за САД,...

Путин: Лицата осомничени од Лондон за „Скрипаљ“ не работеле за војската

Рускиот претседател Владимир Путин денеска порача дека руските безбедносни служби ги идентификувале двете лица кои Велика Британија ги посочи како одговорни за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка. Тој рече дека осомничените се цивили и не работеле за војската, односно за нејзината разузнавачка служба. – Се надевам дека тие ќе контактираат со медиумите, ќе излезат и...

Заев за Лондонскиот самит: Македонија имаше специјално место

Премиерот Зоран Заев во оценката за учеството на ова издание на Самитот ЕУ/Западен Балкан во Лондон вели дека Република Македонија имала специјално место на овој собир посветен на Регионалната економската соработка, потоа на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните прашања и миграциите. - Мора да се каже дека Република Македонија има специјално место...

Заев во Лондон се сретна со претставници на Охридската група

Премиерот Зоран Заев, на маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, што денеска се одржува во Лондон, имаше средби со претставници на Охридската група, пријатели и поддржувачи на Македонија, предводени од сер Џорџ Робертсон. Од владиниот кабинет велат дека на средбите, искусните дипломати и политичари, претставници на повеќе меѓународни организации, го истакнале исклучителниот напредок на Република Македонија и ја...

Аеродромот „Сити“ во Лондон затворен поради пронајдена бомба

Лондонскиот аеродром „Сити“ е затворен откако бомба од Втората светска војна била пронајдена во близина на реката Темза. Аеродромот ќе биде затворен цел ден и сите летови се откажани, а тоа ќе има влијание врз 16.000 патници, изјави портпаролката на аеродромот. Полицијата воспостави забранета зона од 214 метри, поради што лондонскиот „Сити“ аеродром сега е затворен, стои во соопштението на...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...