fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

Ѓорчев: Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е замижување за сите нерегуларности

Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е необјективен и не ја одразува фактичката состојба на изборниот процес, вклучувајќи го и денот на гласањето, изјави денеска на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. - Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР повеќе е замижување и перење на сите нерегуларности, отколку изнесување на виделина и прецизно посочување на одговорните за очигледните нарушувања. Во најмала рака е неодговорно и некредибилно во...

Заев со кратовци ја прослави историската победа на изборите и повика на единство

„Новиот градоначалник и новиот Совет на Општина Кратово да работат во интерес на граѓаните, да бидат нивен сервис и внимателно да ги слушаат граѓаните, бидејќи нема пoголема вредност од среќни и задоволни граѓани“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешното обраќање на граѓанскиот собир во Кратово, по повод победата на локалните избори што се одржаа во неделата. Заев, пред...

ВМРО-ДПМНЕ со 43 приговори до ДИК, Левица, Алијанса за Албаниците и ТМРО по еден

До Државната изборна комисија пристигнале вкупно 46 приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите од локалните избори, кои се одржаа во неделата, на 15 октомври. Најмногу приговори - 43 поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а по еден приговор поднеле ТМРО, Алијансата за Албанците и Левица. Рокот за поднесување приговори за постапката за гласање истече вчера во 19 часот, а...

СДСМ во прв круг доби 38 градоначалнички мандати, ВМРО-ДПМНЕ – три, ДУИ – два

Државната изборна комисија на својата веб-страница ги објави конечните резултатите од локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври, и мандатите на градоначалниците што ги освоиле градоначалничките места во првиот круг, од вкупно 80 општини во Македонија и Градот Скопје. Според резултатите, кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ во првиот круг победиле во 37 општини, а таа партија го...

СДСМ доминира и според бројот на освоени мандати во советите на општините

Државната изборна комисија (ДИК) вчера, пред полноќ, ги објави мандатите, односно освоените места во советите на општините на локалните избори што се одржа во неделата. Во Битола, идниот Совет на Општината ќе има 17 советници од коалицијата на СДСМ, 11 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и двајца независни советници и еден од коалицијата на ДУИ, Беса и на Алијанса на Албанците. Во...

СДСМ со 21, ВМРО-ДПМНЕ со 17 советници во Град Скопје

Во Советот на Град Скопје, СДСМ ќе има 21 советник, ВМРО-ДПМНЕ - 17, ДУИ доби три советнички места, Беса - две, а Левица и Алијанса на Албанците ќе имаат по еден советник. ДИК вчера пред полноќ ги објави листите на освоени советнички места во Советот на Град Скопје и во советите на општините. Меѓу другите, во Советот на Град Скопје ќе бидат и...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 приговори до ДИК

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ТМРО и Алијанса за Албанците се единствените партии што досега имаат поднесено приговори до Државната изборна комисија за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите, соопштија за „Мета“ од ДИК. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вкупно поднела 22 приговори, од кои дел се за постапката на гласање, а дел за сумирањето на гласовите. Засега не се...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се одважи да го признае поразот на изборите

Одговарајќи на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз порача дека изборите биле регуларни и слободни, првпат по долг период, а избирачката волја на граѓаните била почитувана. ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повтори своите обвинувања од неделата дека имало бројни нерегуларности и посочи на нови инциденти. „Во Република Македонија по долг период, првпат имаше фер, регуларни и слободни избори на кои граѓаните гласаа...

Хелсиншки комитет посочува на непрочистен избирачки список и спреченост да се гласа

Пријави за фантомски гласачи и за гласачи избришани од избирачкиот список, оневозможеност на слепи лица да гласаат на посебно гласачко ливче, како и неможност на вработен во јавно претпријатие да гласа зашто целиот ден бил ангажиран на работа, се работите што Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги одбележал во текот на првиот круг од локалните избори. На две...

Заев не размислува за предвремени избори, туку за реформите и за спорот за името

Не размислувам за предвремени парламентарни избори бидејќи сè уште се во тек локалните, а наш приоритет е тие да завршат комплетно регуларно и веродостојно, како и во првиот круг оти само тогаш Македонија победува, изјави премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ. Заев рече дека на резултатите од изборите гледа...

ВМРО-ДПМНЕ без реакција на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

ВМРО-ДПМНЕ ја кажа својата оценка за изборниот процес, а дали и колку се совпаѓа таа со извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, не знам..., одговори Иво Котевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на прашање од „Мета“ дали партијата ќе има реакција на вчерашната оценка за телото на ОБСЕ што ги следи изборните процеси. Инаку, ОБСЕ/ОДИХР зборуваше за напредок во спроведувањето на изборите. – Иако...

ЕУ: Новоизбраните градоначалници да придонесат за реформите

Локалните избори што се одржаа на 15 октомври беа спроведени во натпреварувачка атмосфера, стои во соопштението на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, во врска со изборите. Во оценката на изборниот процес, ЕУ се повикува на првичниот извештај на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и ги повикуваат властите во земјава ефективно да ги разгледаат препораките што ќе бидат испорачани од ОБСЕ/ОДИХР. „Оценката на...

Досега нема приговори до ДИК, роковите истекуваат денеска

Во 19 часот денеска истекува рокот за поднесување приговори за процесот на гласањето до Државната изборна комисија (ДИК), а на полноќ ќе заврши и рокот за поднесување приговори за првичните резултати од локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, за „Мета“ вели дека досега ниту една политичка партија нема поднесено приговори. Рокот за поднесување приговори што се...

Полицијата привела 19 лица за време на изборите

Во текот на вчерашниот ден, за време на изборниот процес, од седум до 19 часот, приведени се вкупно 19 лица, соопшти МВР. Десет лица се приведени поради фотографирање гласачко ливче. Од МВР посочуваат дека сите овие случаи се расчистени и против лицата ќе бидат поднесени прекршочни пријави. Во Битола приведени се три лица поради сомнеж дека давале поткуп при гласање. За нарушување...

Амбасада на САД: Изборите поминаа мирно, сите неправилности веднаш да се истражат

Амбасадата на САД во Македонија во изјава за „Мета“ оцени дека првиот круг од локалните избори вчера поминал на мирен и уреден начин. Од таму ги поттикнуваат граѓаните доколку се соочиле со неправилности и злоупотреби, да ги пријават, а службените лица веднаш да ги истражатт преку соодветен процес. „Амбасадата на САД им честита на граѓаните на Македонија кои го остварија своето право...

ДИК не знаела колку приговорите во записниците ќе влијаат на резултатите

Оценка за постапката на гласање даваат домашните и меѓународните набљудувачи, а нашата оценка, како што кажавме и вчера, е дека локалните избори минаа во фер и демократска атмосфера, рече Александар Чичаковски, претседателот на Државната изборна комисија, соопштувајќи ги на прес-конференција првичните резултати од гласањето. Тој рече дека во записниците од комисиите имало некои забелешки, но сепак не можеше да каже...

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите минаа во согласност со меѓународните стандарди

Вчерашните избори минаа во согласност со меѓународните стандарди и продонесоа за зајакнување на довербата во демократскиот процес, заклучија меѓународните набљудувачи преводени од ОБСЕ/ОДИХР и од делегацијата од Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа. - Иако процесот сè уште не е завршен, на овие избори се виде напредок во демократскиот процес на оваа земја и довербата на гласачот...

Борисов телефонски му честиташе на Заев за успешното спроведување на изборите

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со својот бугарски колега, Бојко Борисов, кој, како што соопштија од Владата, му го честитал на Заев успешното спроведување на локалните избори. „Премиерот Борисов му го честиташе на премиерот Заев успешното спроведување на локалните избори во Република Македонија и истакна дека организацијата на изборите создаде услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа...

Шилегов: Имаме победа во првиот круг, резултатот претставува чест, но и обврска

„Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг“, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција. Тој им честиташе на граѓаните на Скопје за одважноста, храброста и за одлучноста и за тоа што гласале за заокружување на промените и за живот за сите во...

ВМРО-ДПМНЕ ја снема и од интернет, по дебаклот на изборите

По исходот од вчерашните локални избори, на кои СДСМ извојува убедлива победа во повеќе од 40 општини уште во првиот круг, денеска целосен молк од ВМРО-ДПМНЕ, која доживеа тежок пораз. На официјалната интернет-страница на ВМРО-ДПМНЕ нема објави денеска. Го нема ниту синоќешното обраќање на партискиот лидер, Никола Груевски. Нови објави нема ниту на официјалниот фејсбук-профил на Груевски. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не одговараа ниту...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...