fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

ОБСЕ/ОДИХР во 15 часот ќе ги соопшти првичните оценки за вториот круг од изборите

Набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР) денеска во 15 часот ќе ги претстави првичните постизборни оценки за вториот круг од локалните избори. Наодите и заклучоците за изборниот процес ќе ги претстави амбасадорката Одри Гловер, шефица на набљудувачката мисија на ОДИХР. Набљудувачкиот тим на ОБСЕ/ОДИХР кој ги следеше изборите беше составен од 126 набљудувачи од 26 земји -...

ЛП: Говорот на уплашениот Груевски се однесува на изборите од 2008 до 2014 година

„Последниот долг говор на збунетиот и уплашен Груевски не се однесува на овие избори. Човекот зборуваше за своето искуство, за она што правел на изборите во 2008, 2009, 2011, 2013 и во 2014 година“, порача Либералната партија во соопштение, во кое ги оценува изборите како фер и демократски, додавајќи дека нема основа за непризнавање на резултатите од која било...

Села не ги признава резултатите од изборите, го обвини Заев за поразот во Струга

Лидерот на Алијансата за Албанците и кандидат за градоначалник на Општина Струга, Зијадин Села, изјави дека не ги признава резултатите од денешното гласање за локалните избори бидејќи, според него, имало поткуп и уцени на гласачи вршени од партиски активисти заедно со полицијата. Тој од лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев побара одговор за резултатите во Струга, кои се во...

Ахмети објави победа во Тетово, Струга, Кичево, Чаир и во Сарај

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва објави победа на кандидатите за градоначалници од неговата партија во клучните општини со големо албанско мнозинство, како Тетово, Чаир, Струга, Сарај, Дебар, Липково, Долнени, Теарце и Кичево. - Тука сум да ја потврдам веста за големата победа на ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце и во Кичево - соопшти Ахмети. На...

Заев го повика Груевски да ги признае изборите и да работи во интерес на граѓаните

Ова е голема победа на граѓаните на Македонија и им го честитам овој голем празник на демократијата, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, додавајќи дека изборите биле фер и демократски. Заев рече дека резултатот бил очекуван за нив, за опозицијата, но и за граѓаните. Тој истакна дека не смее да има еуфорија, односно дека „прославите завршуваат вечерва, од...

Таравари стана градоначалник на Гостивар, Бејта му ја честиташе победата

Кандидатот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, според првичните резултати од ДИК, го победи неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта, и стана нов градоначалник на општина Гостивар. Тој ги критикуваше премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се мешале во изборите и изјави дека очекува во Владата на неговото место во Mинистерството за здравство да седне...

Спасовски: Двајца приведени за поткуп на гласачи, петмина за фотографирање ливчиња

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес-конференцијата еден час по затворањето на гласачките места објави дека има седуммина приведени за изборни нерегуларности, како и едно лице приведено за физичко насилство, за кое уште се истражува дали е поврзано со изборите. - По долго време Македонија е горда што имаше фер, демократски и мирни избори - рече Спасовски, нагласувајќи дека...

„Мост“ констатираше прекин на електрична енергија на 9 гласачки места во Тетово

Граѓанската асоцијација „Мост“ на последната прес-конференција информирапе дека на вториот круг на локалните избори нивните набљудувачи забележале непочитување на постапката на гласање, присуство на неовластени лица и фотографирање гласачко ливче. На девет гласачки места во општина Тетово имало прекин на електричната енергија еден час, но гласањето продолжило. Во општина Чаир, гласач гласал без претходно да биде проверен во избирачкиот список и...

СДСМ прогласи победа во Штип, Кисела Вода и во Бутел

Пратеничката Ивана Туфегџиќ, на прес-конференција во седиштето на СДСМ по вториот круг на локалните избори, изјави дека партијата победила во Штип, како и во скопските општини Кисела Вода и Бутел. Таа во кратката изјава оцени дека локалните избори поминале во фер и демократска атмосфера. - Граѓаните на фер и демократски избори ги заокружија промените низ цела Македонија. Кандидатите на СДСМ...

Груевски не ги признава изборите и бара нови предвремени парламентарни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва соопшти дека партијата не ги признава локалните избори, кои минале со бројни нерегуларности, со обиди за правење „бугарски воз“, притисоци врз земјоделците и врз администрацијата. - ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори и никогаш нема да ги смета за фер и демократски. Покрај тоа што не ги признаваме, бараме итно враќање на демократијата во земјата,...

Села: Ова беа криминални избори со закани и со поткуп

Кандидатот за градоначалник на општина Струга од Алијансата на Албанците, Зијадин Села, обвини дека овие избори биле криминални и дека на повеќе места во Струга имало закани, уцени и купување гласови, кои се случувале на скриени локации кои функционирале како партиски штабови. Тој ги повика институциите на системот да профунционираат, давајќи им и точна локација каде се случувал изборниот криминал. -...

„Мост“ регистрирала нефункционирање на УВ-ламбата на неколку избирачки места

Семејно гласање во општина Шуто Оризари, нефункционирање на УВ-ламбата на неколку избирачки места, како и фотографирање на избирачките ливчиња, забележале набљудувачите на граѓанската асицијација „Мост“ до 17 часот. Во општина Шуто Оризари имало три случаи во кои членовите на избирачките одбори им помагале на лица да гласаат и им укажувале за кого да гласаат. „На гласачкото место 0440, село Неготино, општина Врапчиште, УВ-ламбата...

Излезноста на гласачите до 13 часот изнесува 24,38 отсто, информира ДИК

Излезноста на гласачите до 13 часот на сите 1.517 избирачки места изнесува 24,38 отсто, информираше Државната изборна комисија. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, рече дека највиоска е излезноста во Демир Капија - 48,91 отсто, а најмала во Јегуновце - 12,77 проценти. Таа информираше дека до ДИК не се доставени официјални известувања во врска со нерегуларности за кои известија одредени набљудувачи. - ДИК ќе...

Кампањата за локалните избори заврши, гласаат затворениците, болните и раселените

За вториот круг на локалните избори, кој ќе се одржи утре, денеска, од 7 до 19 часот ќе гласаат избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор. На гласачките места во 13 казнено-поправни установи, своето избирачко право ќе можат да го остварат 939 гласачи. Денеска, исто така, ќе гласаат и осум гласачи кои се водат како внатрешно раселени,...

На вториот круг од локалните избори, право на глас имаат 833.716 гласачи

Вкупно 833.716 гласачи ќе имаат право на глас на 1.517 избирачки места во 35 општини за вториот круг од локалните избори закажани в недела, на 29 октомври, информираат од ДИК. Утре, од 7 до 19 часот, ќе гласаат избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор. На гласачките места во 13 казнено-поправни установи, своето избирачко право ќе...

Три жени на местата на пратениците што станаа градоначалници

Откако Државната изборна комисија ги потврди освоените мандати во првиот круг на локалните избори, јасно е дека петмина досегашни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе заминат од таа функција и ќе станат градоначалници. На нивните функции ќе стапат нови имиња, од кои три се жени. Така, во првиот круг на локалните избори, градоначалник на Скопје стана Петре Шилегов од СДСМ,...

Алијанса за Албанците останува во Владата, потврди Села

Алијанса за Албанците не излегува од Владата, изјави лидерот на партијата, Зијадин Села, во интервју во емисијата „Топ-тема на ваша страна“ на „Телма“. Информациите дека партијата наводно ја напушта владината коалиција, тој ги нарече шпекулација и политички маркетинг на ДУИ за да се исплашат гласачите. - Ние, како коалиционен партнер, не сме имале дебата на оваа тема - рече лидерот...

Шилегов: Одлуките ќе ги носиме со граѓаните и во консултација со стручната јавност

Новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека ќе работи одговорно, транспарентно, домаќински и, пред сè, во интерес на сите граѓани на Скопје. По преземањето на функцијата од досегашниот градоначалник Коце Трајановски, тој рече дека сите одлуки ќе се носат заедно со граѓаните, а во консултација со граѓанските здруженија и со стручната јавност. - Посветено и одговорно ќе ги спроведуваме...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС му правеше притисок на Управниот суд да не дозволи прегласување

СДС со притисокот врз Управниот суд и врз ДИК, за тие да одлучат во негова полза, мисли дека го прикрил поткупот на гласачи, заканите и уцените врз граѓаните, кои ги вршеа неговите активисти, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста. „Завчера, поради политичкиот притисок што во изминатиот период го вршеа СЈО, СДС и медиумите блиски до нив, Управниот суд подлегна на притисокот,...

Нема прегласување на првиот круг од локалните избори, одлучи ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница ги прогласи за конечни резултатите од првиот круг од локалните избори, откако од Управниот суд ги доби одлуките за тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, ТМРО, Левица и од Алијанса за Албанците. На седницата на ДИК било заклучено дека нема да има прегласување на првиот круг во ниту една од општините во Македонија, додека вториот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...