fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

Управен суд утре ќе ги соопшти одлуките за тужбите за приговорите што не ги прифати ДИК

Управниот суд денеска разгледал десет од 16 тужби поднесени од политичките партии Алијанса на Албанците, Беса и Народно движење за Македонија, но одлуките ќе ги соопшти утре. Незадоволни од неприфаќањето на нивните приговори поднесени до ДИК, партиите поднесоа тужби, и тоа Алијанса за Албанците - 11, Беса поднесе четири тужби, а НДМ - една тужба, односно вкупно 16 тужби се поднесени до 10 часот...

Управен суд почна да решава за 16 тужби за вториот круг од изборите

Вкупно 16 тужби од политички партии за вториот круг на локалните избори се поднесени до Управниот суд заклучно до денеска до 10 часот.  Во соопштението од Управниот суд, потпишано од претседателот на судот, се наведува дека 11 тужби се поднесени од Алијанса на Албанците, четири од Движењето Беса и една од Народно движење за Македонија. ДИК на седница ги отфрли...

Спорот за името ќе биде решен наскоро и без референдум, тврди Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“, изјави дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро. Тој тврди и дека Македонија може да избегне референдум за ова прашање, благодарение на решение што би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и од другите стратешки точки кои досега Грција...

ДИК ги отфрли приговорите на Беса, Алијанса за Албанците и на НДМ

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, која заврши вечерва, ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени од партиите Беса, Алијанса за Албанците и НДМ за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, што се одржа на 29 октомври. Од вкупно 89 приговори поднесени од Беса, ДИК отфрли 88, а еден приговор бил...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од претседателот на ДИК, Чичаковски

Бараме неотповиклива оставка од претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, затоа што локалните избори беа катастрофално и скандалозно спроведени, соопшти денеска на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. - Имаме ситуација во која во ДИК повторно се одлучува врз основа на политичките линии. Тоа ли беше целта кога, под наводници, експерти беа вметнати и внесени во ДИК. Имаме претседател на ДИК, Александар Чичаковски,...

СДСМ им платил половина милион евра на пет телевизии за изборно рекламирање

За платената политичка програма на националните телевизии за двата круга на локалните избори, СДСМ потрошил 500.455 евра, информираат од партијата. Од нив, на „Телевизија 24“ СДСМ ѝ исплатил вкупно 73.602 евра за 13,8 часа платена политичка програма, на „Канал 5“ ѝ биле исплатени 106.389 евра за 9,8 часа рекламирање, а на „Телма“ - 93.578 евра за 5,5 часа. Телевизија „Сител“ добила најмногу, односно 155.637 евра за...

Партиите поднесоа 103 приговори до ДИК за вториот круг од локалните избори

Политичките партии до Државната изборна комисија поднеле 103 приговори за вториот круг од локалните избори, информираше за „Мета“ портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска. Најмногу приговори има поднесено Беса – дури 89. Алијанса за Албанците има поднесено 13 приговори и еден приговор има поднесено НДМ. ДИК има рок од 48 часа да одговори на приговорите. - Приговорите треба да се обработат, па потоа...

Џафери закажа собраниска седница за утре во 11 часот

По паузата за време на локалните избори, претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре во 11 часот ја закажа 18. седница. Помеѓу точките на дневен ред се изменувањето на одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, барање за автентично толкување на членови од Законот за градежно земјиште, барање за автентично...

Мицкоски поднесе оставка во Советот на Град Скопје поради „сицилијанските избори“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, си поднел оставка на функцијата член на Советот на Град Скопје, на кој беше избран на локалните избори, поради, како што изјави за „Мета“, „африканско-колумбиско-сицилијанските избори што ги спроведоа Зоран Заев и групата околу него“. - Како човек, како професор, не можам да учествувам и да давам легитимет на тела избрани на таков начин...

Амбасада на САД: Новите градоначалници да бидат отворени, достапни и одговорни

„Силна локална власт обезбедува основи за динамична демократија. Ги охрабруваме новоизбраните градоначалници и советници да бидат отворени, достапни и одговорни за граѓаните во своите општини“, се вели во оценката на Амбасадата на САД за локалните избори. Од амбасадата велат дека ќе ја продолжат соработката со општините, организациите и граѓаните за да се унапредат клучните реформи на локално ниво. „Ги поздравуваме прелиминарните...

Што сè нè чека по изборите: Закон за јазиците, нови амбасадори, уставни судии…

Собранието, Владата, шефот на државата и правосудните институции по завршувањето на локалните избори треба да продолжат со решавање на жешките прашања што беа ставени на стенд бај поради изборите. Станува збор за кадровски решенија во најзначајните државни инситуции, чувствителни законски решенија, екипирање на институции и за најавената разврска на горливите надворешно-политички прашања, важни за евроатлантската интерграција на Македонија. Еве кој и што сè треба да...

ЕК: Новите градоначалници имаат чист мандат, лидерите да се однесуваат одговорно

Локалните избори во Македонија им даваат чист мандат на новите градоначалници и советници за тоа како граѓаните сакаат да изгледаат локалните власти во нивните општини, оцени денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Според неа, акцентот сега треба да се стави на придвижување на реформската агенда насочена кон ЕУ преку инклузивен процес, во интерес на сите граѓани. – Изборите беа набљудувани...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот и во прв план да ги стави интересите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не може да најде оправдување за убедливиот пораз на локалните избори за кои и тие самите знаат дека се одржаа во фер, слободна и демократска атмосфера, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. „Граѓаните по подолго време имаа можност да одлучуваат на фер и регуларни избори, на кои избраа заокружување на промените и...

Ѓорчев: Ова беа најнерегуларни и најнедемократски избори во историјата

Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги имаше најнерегуларните и најнедемократските избори во историјата на независна Македонија, изјави денеска во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, член на извршниот комитет на партијата. - Никогаш последниве 27 години немало понасилни избори и немало избори со повеќе поткуп, насилство и нерегуларности. ВМРО-ДПМНЕ до меѓународните претставници, до ОБСЕ и ОДИХР достави видео и...

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите беа демократски, не забележавме случаи на насилство

Вториот круг од локалните избори се одвиваше во натпреварувачки дух и почитувањето на темелните слободи придонесе за спроведување на демократски избори, заклучи набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарниот извештај за локалните избори што се одржаа вчера. - Законската рамка претставува солидна основа за спроведување демократски избори. Иако повеќето одредби од Изборниот законик се применуваа и во вториот круг, законот нејасно регулира некои аспекти...

Радио „Скопје“ и ТВ „Нова“ го прекршиле изборниот молк, соопшти ААВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска соопшти дека првиот програмски сервис на „Македонско радио“ (Радио „Скопје“) и ТВ „Нова“ го прекршиле Изборниот законик во текот на вториот круг од локалните избори поради што ќе бидат поднесени барања до надлежен суд за поведување прекршочна постапка. Според ААВМУ, во тек на изборниот молк, во емисија за земјоделците на Радио „Скопје“...

„Мост“: Вториот круг од изборите помина во мирна и демократска атмосфера

Прелиминарната оценка на граѓанската асоцијација „Мост“ за вториот круг од локалните избори е дека гласањето се спровело во фер и демократска атмосфера. Според „Мост“, институциите имале брза и ефикасна реакција во текот на гласањето во однос на забележаните неправилности во и надвор од гласачките места. „Во овој изборен круг, исто така беа отстранети техничките предизвици при спроведувањето на гласањето кои беа...

Амбасадорот Бејли ги следел изборите како акредитиран набљудувач

Амбасадорот Џес Бејли беше акредитиран да ги следи изборите, во рамки на меѓународната набљудувачка мисија на изборниот процес, соопштија за „Мета“ од Амбасадата на САД во Скопје, по обвинувањата дека американскиот амбасадор посетувал избирачки места и се фотографирал со активисти и со членови на СДСМ. „Како и во минатото, Амбасадата на САД и другите дипломатски мисии, вчера на терен имаа...

ДС: ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна и силна опозиција

Демократскиот сојуз денеска го оцени вториот круг од локалните избори како фер  и демократски. „Граѓаните без притисоци, закани и клиентелизам, слободно се изјаснуваа за кандидатите за градоначалници и за советници. Граѓаните ги поддржаа промените, реформите и евроатланските процеси, клучни за иднината и за перспективите на Република Македонија. Изборите и победата на коалицијата предводена од СДСМ се чисти како солза. Затоа повикуваме...

Котевски: ВМРО-ДПМНЕ не ги враќа мандатите, иако не ги признава резултатите од изборите

По вчерашниот говор на партискиот лидер Никола Груевски, во кој тој ги проласи изборите за нерегуларни и порача дека не ги признава, денеска од ВМРО-ДПМНЕ за „Мета“ велат дека тоа не значи дека ќе бидат вратени освоените мандати, оти со тоа „само би им помогнале на Заев и на СДСМ полесно да тргуваат со националните интереси“. - ВМРО-ДПМНЕ не ги признава...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...