fbpx
Таг: лого

таг: лого

Вистиномер: Со лажна наградна игра се мамат Фејсбук корисниците да споделат лични податоци

Не е вистина дека „Шпаркасе банка“ доделува над 25 илјади евра преку наградна игра на Фејсбук. Станува збор за лажна Фејсбук страница која го злоупотребува името и брендот на банката, доведувајќи ги во заблуда корисниците во обид да дојде до нивните лични податоци. Вистинската Фејсбук страница на „Шпаркасе банка“ има повеќе од 86 илјади следачи и бројни елементи кои...

„Амазон“ го промени дизајнот на иконата поради споредби со ликот на Хитлер

Амазон лого
Гигантот за е-трговија „Амазон“ ја промени иконата на својата мобилна апликација за пазарување, откако корисниците на социјалните мрежи реагираа дека претходната многу наликувала на ликот на Адолф Хитлер. После пет години, стариот дизајн со кошничката беше променет кон крајот на јануари, кога на неколку европски пазари беше претставена новата икона кој наликува на кафеава кутија залепена со сина лента над...

Кина го одби објаснувањето на Канада дека маиците со логото на Ву-Танг клан не се поврзани со корона вирусот

Продолжи дипломатскиот спор меѓу Кина и Канада околу нарачката на маици со изменето лого на хип-хоп групата Ву-Танг клан, а Пекинг го отфрли објаснувањето на Канада дека маиците не биле навреда поврзана со корона вирусот. Министерството за надворешни работи на Канада оваа недела објави дека маиците со логото „W“ на кланот Ву-Танг, но со името на групата заменето со „Вухан“...

По повод 10 години постоење Инстаграм додаде нова опција за менување на логото

Една од најпопуларни социјални мрежи, Инстаграм слави 10 години постоење откако за првпат се појави на Ејпл маркетот на 6 октомври во 2010 година. „Како што еволуираше Инстаграм, покажавте дека постојат бесконечни можности како да се сподели светот околу нас. Вашата креативност, љубопитност и хумор нè туркаат напред, создавајќи ја иднината. Ајде да продолжиме!“, велат од Инстаграм. По повод роденденот, од...

Редакцијата на „сакамдакажам.мк“ поднесе кривична пријава за ширење дезинформации со логото на медиумот

Редакцијата на порталот „сакамдакажам.мк“ соопшти дека денеска поднела кривична пријава до МВР против непознат сторител за фалсификување на логото на редакцијата и ширење дезинформации. Имено, вчера на Твитер, поточно на профилот на корисник потпишан како „Пази леџа, #Движење бојкотирам”, се појави фабрикувана вест со провокативен и лажен наслов во кој се тврди дека „изборите на 15 јули ќе се искористат...

Кирилицата, традиционалниот вез и тробојката на бугарското лого за претседавањето со ЕУ

Бугарија, која од вчера е новиот претседавач со Советот на Европската Унија го претстави и логото под кое ќе ја води Унијата во следните шест месеци. Логото, како што е наведено во описот на официјалниот твитер-профил креиран за оваа прилика, ги претставува трите симболи кои јасно го отсликуваат бугарскиот идентитет - кириличната азбука, традиционалниот вез и националната тробојка. „Логото ја рефрлектира идејата...

Логото на ОИ во Токио е плагијат?

Организаторите на Олимписките игри во Токио би можеле да го отфрлат логото на натпреварувањето во 2020 година поради наводите дека неговиот дизајн е плагијат. Дизајнерот Канџир Сано ја доби поддршката на организаторите, но националниот сервис НХК пренесе дека логото ќе биде повлечено поради новите обвиненија дека користел туѓа слика без дозвола. Официјалните претставници не ги коментираат ваквите наводи. Сано се соочува со...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...