fbpx
Таг: Литванија

таг: Литванија

Малиукевичиус: Целта на дезинформациите е да шират хаос, тензии и поделби

За ширењето на дезинформациите е одговорен процесот преку кој луѓето разменуваат информации, па наместо разменување информации, целта станува ширење хаос, тензии и поделба. Ова го истакна д-р Неријус Малиукевичиус, истражувач од Литванија, од Институтот за меѓународни односи и политички науки на Универзитетот во Вилнус, кој денеска одржа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Д-р Неријус Малиукевичиус е водечки литвански експерт...

Украина и балтичките земји ќе го бојкотираат самитот на ОБСЕ поради доаѓањето на Лавров

Одлуката да му се дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да присуствува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје доведе до бојкот на присуството на настанот од Украина и од балтичките земји, пренесува Гардијан. Украина денеска побара Русија да биде исклучена од ОБСЕ, додавајќи дека сите мора да работат заедно за да се спаси ОБСЕ од Русија....

Украина, Полска и Литванија постигнаа договор за забрзување на извозот на жито

Украина, Полска и Литванија постигнаа договор кој би требало да го забрза извозот на жито од Украина, од што придобивки би имала не само Украина, туку и земји надвор од Европа, соопшти украинското Министерство за земјоделство. Според договорот, инспекциските и царинските проверки наместо на украинско-полската граница, ќе се вршат во литванското пристаниште Клаипеда, на Балтичкото Море. Тоа ќе предизвика полесен...

Можна трговија со украински деца, Литванија отвори истрага за сомнителни посвојувања

Литванските власти покренаа истрага за трговија со 43 украински деца за посвојување, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, во своето обраќање во пленарната сала на Европскиот парламент. Таа ја повтори опасноста од таква трговија со луѓе во услови на долготрајни воени дејствија. „Околу два милиони деца избегаа од Украина. Многу деца сега се соочуваат со нова опасност“, рече Јохансон додавајќи...

Вонредна состојба во Молдавија и Литванија, Централна Европа се подготвува за бегалци од Украина

Молдавија и Литванија прогласија вонредна состојба на територијата на нивните земји по руската воена инвазија на Украина што започна утрово. Литванскиот јавен радиодифузен сервис објави дека вонредната состојба започнува денеска во 13 часот и ќе трае до 12 март. Литванските власти наведуваат дека ова е неопходно за пофлексибилно да се користат државните резерви и да се засили граничната контрола....

Мигрантската криза на границата со Полска ескалира, Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ќе одржи седница, на која Естонија, Франција и Ирска планираат да го покренат прашањето за состојбата со мигрантите што се заглавени на границата меѓу Полска и Белорусија. Стотици мигранти се наоѓаат на самата гранична линија, при што Полска се обидува да го спречи влезот на овие лица на нејзина територија. Генералниот секретар на...

Џафери во работна посета на Романија и Литванија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од денеска до четврток ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија. Тој ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби. Седницата во романскиот парламент ќе се одржи утре, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе оди во придружба на пратеникот...

Џафери во Романија и Литванија на ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од 12 до 14 март ќе престојува на работна посета во Романија и Литванија, каде ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби. Седницата во романскиот парламент ќе се одржи на 13 март, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе оди во придружба...

Македонија во февруари првпат „на столче во НАТО“

Состанокот на министрите на земјите-членки на НАТО за одбрана, што ќе се одржи во Брисел на 13 и 14 февруари, е првиот состанок на кој Македонија „ќе седне на столчето во НАТО“, односно на кој ќе учествува како земја-пристапничка на Алијансата, но сè уште без право на глас. Оваа или следната недела НАТО и Македонија треба да го потпишат...

Димитров во четиридневна работна посета на балтичките земји

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, од денеска е во четиридневна посета на балтичките земји. Како што соопштија од МНР, Димитров регионалната турнеја ќе ја почне во Естонија, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ, ќе ја продолжи во Латвија, а ќе ја заврши со работна посета на Литванија. Во рамките на посетата, министерот на своите балтички колеги ќе...

Литванија подигнува ограда на границата со Русија

Литванија почна да гради ограда на границата со руската енклава во Калининград во обид да спречи криумчарење и илегална имиграција, како и да ги зајакне надворешните граници на ЕУ. На церемонијалниот почеток на изградбата присуствуваше и министерот за внатрешни работи на Литванија, Елмутис Мисиунас. Проектот подразбира и електронски системи за надзор и дронови. Се предвидува дека вкупните трошоци ќе изнесуваат 3,6...

Сауљус Сквернелис е новиот премиер на Литванија

Парламентот на Литванија го одобри именувањето на поранешниот министер за внатрешни работи, Сауљус Сквернелис, за нов премиер на државата. За него гласаа 90 пратеници, четири беа против, а другите членови на парламентот, кој има 141 пратеник, биле воздржани или не биле присутни на гласањето. Сквернелис беше кандидат за премиер на земјоделската партија Сојуз на селани и зелени, која победи на изборите...

Литванија стравува дека Путин би можел да ја тестира НАТО

Литванија предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја тестира Северноатлантската алијанса (НАТО) во неделите пред Доналд Трамп и официјално да стане претседател на САД. Министерот на надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, рече дека „многу стравува“ за Балтикот, како и за сирискиот град Алепо. - Русија не е суперсила, таа е суперпроблем – рече Линкевичиус за „Би-би-си“. Москва тврди дека...

Бомбаш на универзитетот во Вилнус

Маж со голем куфер дошол пред влезот на универзитетот во Вилнус, каде се заканил дека ќе активира експлозив. Локалните литвански медиуми наведуваат дека во тек се преговори меѓу полицијата и лицето што се заканува со експлозивна направа.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...