fbpx
Таг: литургија

таг: литургија

Не е точно дека Украина го забранила Велигден годинава

Велигденските празнувања не беа забранети ниту во Киев, ниту каде било на друго место во Украина. Постот дезинформира дека  Украина годинава го забранила Велигден. На  видеоматеријал снимен на 16 април 2023 година, може да се погледне како верниците се упатуваат кон храмовите во Киев. Во дворовите на црквите свештениците поздравуваат со „Христос воскресе“ и изведуваат ритуал на прскање со...

Православните христијани денеска го слават Божиќ

Православните христијани денеска го слават Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос. Во македонските храмови низ целата земја се одржуваат литургии, а централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде богослужеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, литургија на Св. Василиј Велики. На Архиерејската божествена литургија во Соборниот...

Српскиот патријарх Порфириј го додели томосот за автокефалност на МПЦ-ОА

По отслужувањето на заедничката литургија во Соборната црква „Свети Архангел Михаил“ во Белград со македонскиот архиепископ Г.г. Стефан, српскиот патријарх Порфириј денеска го врачи томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, јави српската новинска агенција „Бета“. Томосот, кој беше прочитан во црквата, овозможува целосна автокефалност на македонската црква на територијата на земјава, но и во дијаспората. Патријархот Порфириј...

По заедничката богослужба со поглаварот на СПЦ, г.г. Стефан очекува и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

На Литургијата на помирување, која денеска се одржа во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан рече дека раната која болеше цели 55 години е излекувана и изрази надеж дека деновиве ќе се случи и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. „Благодариме на Бога што наидовме на братољубие кај неговата светос Порфириј кој само по неколку дена...

Пораки за мир, соживот и поголема љубов кон Бога и кон луѓето, упати папата Франциск на мисата во Скопје

Папата Франциск денеска чиноначалствуваше со светата литургија на плоштадот „Македонија“ на кој присуствуваше целиот државен врв, 15.000 граѓани од земајва, како и верници од странство. Папата упати пораки пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето. По читањето на делови од евангелијата на светите отци и по молитвите што се упатуваат од светата литургија за време...

Гаврил Светогорец епископот Велички во Штип беше прогласен за светец

Скромниот ерудит, во земскиот живот професор по историја на уметноста, а во световниот, духовник што правеше чуда, Гаврил Светогорец епископот Велички, денеска во Штип беше прогласен за светец. На литургијата во храмот „Свети Никола“, со која чиноначелствуваше поглаварот на МПЦ – ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, беа изложени моштите на епископот Велички, кој се упокои на 12 јануари...

Г.г. Стефан: Тешко ги договараме работите од национален и државен интерес

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска aрхиепископија, г.г. Стефан, по служењето на архиерејската литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во Тетово, по повод празникот Источен Петок, во својата беседа повика на обединување на македонскиот народ и на заштита на државните интереси. - Ние, но особено други забележале дека сме добродушен, кроток, гостопримлив народ. За други сме подготвени да дадеме сè...

МПЦ апелира да не се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат за сиромашните

Македонската православна црква апелира денеска да не се палат бадникови огнови, а собраните дрва да се донираат на социјално загрозени семејства. - Верниците кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога  Скопје, но и другите градови се соочуваат...

Груевски на литургија во Тетово, Иванов, Вељаноски и Трајановски во Соборниот храм

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на литургија и на празнувањето на Божик во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово. Верскиот обред го изведе господин Јосиф заедно со повеќе свештеници од тетовското архиерејско намесништво на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. На литургијата и на празнувањето на Божик во Тетово присуствуваше и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, со семејството. Претседателот на...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...