fbpx
Таг: лица со посебни потреби

таг: лица со посебни потреби

Во четврток во Прилеп ќе се отвори изложбата „И јас сум тука“

Изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“ ќе биде отворена на 15 октомври (четврток) од 19 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, информираат од прилепскиот Центар за култура. Притоа, ќе бидат промовирани и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите приказни на луѓето-учесници на изложбата, како и македонскиот превод на „Не престанувајте да...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одлучува дали се врши дискриминација на лицата со посебни потреби во Канцеларијата во Карпош

По објавувањето на истражувачката сторија на Порталб.мк , Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе го разгледа барањето за да се утврди дали во Канцеларијата за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ во Карпош се врши дискриминација на лицата со посебни потреби. Порталб.мк посети неколку од канцелариите каде што граѓаните можат да комуницираат со нивниот локален...

Шорткат: Репортажа од првиот ранч со програма за хипотерапија

Главна тема во најновата епизода на „Шорткат“ е ранчот „Контрисајд“, кој е прв во земјава што работи со програма за хипотерапија за лицата со посебни потреби. Од ранчот во општина Ранковце направивме репортажа, која што ќе можете да ја погледнете вечерва со почеток од 19 часот. Во „Шорткат“ информираме и за тоа како помина првиот академски час на факултетите низ...

Само 2,5 отсто од зградите во државата имаат пристап за лица со посебни потреби

Од вкупно 533.659 згради во С. Македонија, само 13.142 или 2,5 отсто имат пристап за лица со посебни потреби, пишува во четвртиот сет податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година. Овој изненадувачки мал процент покажува дека речиси никој од градежниците не се грижи за лицата со посебни потреби и не гради пристапни патеки до објектите. Според податоците,...

Скопската гимназија „Орце Николов“ ги исполнува стандардите за инклузивно образование

СУГС „Орце Николов“ Скопје ги пречека учениците во новата учебна година со современ лифт по ISO стандарди наменет за лица со посебни образовни потреби. Од скопската гимназија на нивната Фејсбук страница објавија дека реализираната инвестиција е уште една причина да бидат едно од ретките училишта кои инфраструктурно ги задоволуваат условите за сите ученици. „Инклузивното образование ги зема предвид индивидуалните потреби...

Отворен новиот Центар за лица со интелектуална попреченост за поголем број на корисници

Шахпаска фото: МТСП
Денеска беше отворен новиот дневен Центар за деца и млади со интелектуална попреченост во населбата Топанско Поле, при Јавната Установа Завод за рехабилитација на деца и млади, за што Министерството за труд и социјална политика (МТСП), преку европски фондови, инвестираше 3,5 милиони денари (50 илјади евра). Оваа институција од почетокот на минатата година е во фаза на целосно реконструирање и...

Абаз Бериша секој ден на своја кожа ги чувствува пречките и дискриминацијата на лицата со посебни потреби

Немање елементарни услови за живот, занемарување, негрижа од страна на системот и пречки на секој чекор од животот. Ова се само неколку од пречките на кои наидуваат секој ден од својот живот лицата со посебни потреби, а кои изгледаат апсурдни во нормалните и развиените земји, пишува Порталб.мк. Ова прави да се чувствуваат дискриминирани и ги попречува во нивното интегрирање во...

Велосипедска тура во Ресен за спортисти со попреченост

На 7 и 8 септември годинава во Преспа се одржа велосипедска тура за спортисти со попреченост во организација на Здружението на граѓани за адаптивни спортови и рехабилитација „Рекреакција“ и партнерите, Здружение на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“, Здружение на граѓани со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Здружението „Преспа Бајк – Ресен“. На Велосипедската тура...

Возач на ЈСП не пуштил лице со посебни потреби со куче – придружник во автобус

Александар Велески, кој боледува од церебрална парализа, денеска не бил пуштен да се вози со неговото куче - придружник Бен во автобус на ЈСП. Од ова јавно претпријатие, пак, уште во вторникот испратија соопштение дека лицата со посебни потреби ќе можат да се возат со куче - придружник во нивните автобуси. Како што објаснува Александар Велески во својот Фејсбук -...

Град Скопје ќе ангажира асистенти на стари лица и на ученици

Вклучувајќи се во програмата за општинско корисна работа, Град Скопје  ќе ангажира десет образовни асистенти во девет средни училишта во Скопје, кои ќе работат со ученици со посебни образовни потреби или ученици со интелектуална попреченост. Исто така, ќе бидат ангажирани и пет персонални асистенти за лицата со телесна попреченост и пет негуватели на стари лица. За позицијата асистенти ќе бидат...

Лицата со попреченост бараат прилагодени тоалети во угостителските објекти

Под мотото „Живот без пречки, тоалет за секого“, вечерва од 18 до 21 часот во ресторанот „Александрија“ во скопската населба Влае ќе се одржи хуманитарен настан чија цел е да ги поттикне институциите и угостителските објекти да обезбедат тоалети погодни за користење од лицата со попреченост. „Лицата во инвалидска количка не може да се социјализираат и да излегуваат во угостителски...

Кампања на „Мобилност“: „И мојот глас се брои“

За време на денешната кампања „И мојот глас се брои“, членовите на здружението „Мобилност“ сликовито посочија со кои проблеми се соочуваат додека се движат низ Тетово. За да пристигнат до седиштето на нивното здружение, тие мораа да се движат по улица ризикувајќи ги своите животи. Тротоарите беа узурпирани од автомобили и од трактори на кои се продава зеленчук. - Тротоарите се...

#Одговорност се рампи за лицата со телесен инвалидитет

Во Македонија, во 21 век, лицата со физички хендикеп не само што сè уште имаат тешкотии да влезат во некои објекти, туку, да биде иронијата поголема, најголем проблем имаат да пристапат во образовните институции и тоа можат да го сторат само на првиот кат! За непоставени пристапни рампи за лица со посебни потреби, државата може да земе максимална сума од...

Масакр во дом за лица со посебни потреби во Јапонија

Деветнаесет лица се убиени, а 45 се повредени откако 26-годишен маж утринава упаднал во дом за немоќни и за лица со посебни потреби во јапонскиот град Сагамихара и почнал да напаѓа со нож. Осумнаесет од повредените лица се во критична состојба. Напаѓачот подоцна сам ѝ се предал на полицијата. Засега не се открива неговиот идентитет, но се соопштува дека самиот се...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...