fbpx
Таг: Лисиче

таг: Лисиче

Во скопски Аеродром втор ден по ред алармантно ниво на аерозагадување

Во скопската општина Аеродром, односно на мерната станица Лисиче, веќе втор ден по ред се регистрирани алармантни концентрации на ПМ-10 честички во воздухот. На 25 декември е измерено присуство на ПМ-10 од 211,2 микрограми на метар кубен, додека завчера на истата локација имало дневни концентрации од 175,4 микрограми на метар кубен од оваа загадувачка супстанца. Инаку, прагот на алармирање за...

Полициска станица Аеродром времено се сели во населбата Лисиче

Министерството за внатрешни работи извести дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена од сегашната локација во Ново Лисиче во населбата Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1. Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и...

Не е само Вардариште депонија, туку целото корито на Вардар кон Јурумлери и излезот на Скопје

Поранешната депонија Вардариште, која и денеска е горлива еколошка точка за граѓаните на општините Аеродром и Гази Баба, ги скара скопскиот градоначалник Петре Шилегов со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Власта и опозицијата се караат, а на терен може да се забележи секојдневно фрлање на ѓубре на целиот потег од Вардариште кон Јурумлери и останатите населби на излезот од Скопје, каде...

Ќе се испитуваат изворите на загадување на воздухот во Карпош и Лисиче

На две локации во општините Карпош и Аеродром во Скопје во следната година ќе се мониторира квалитетот на воздухот за да се утврдат изворите на загадувањето. На овие локации, во рамките на проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, поставени се уреди кои во следните 12 месеци ќе собираат примероци од воздухот 24 часа на ден. Тие примероци ќе се...

Грантови до 10.000 долари за подобрување на енергетската ефикасност на куќи во Лисиче

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објави повик за избор на домаќинства во скопската населба Лисиче, коишто ќе бидат поддржани со грант во висина до 10.000 американски долари, во денарска противвредност, со цел да преземат мерки за зголемување на енергетска ефикасност на своите домови...

Допрва ќе се анализира дали возот е економски исплатлив како јавен превоз во Скопје

Министерството за транспорт и врски допрва ќе прави анализа за нивото на економска исплатливост на проектот за воспоставување на приградски железнички сообраќај во Скопскиот регион. Владата во својата 4 - годишна програма за работа ја вклучи идејата за користење на возот како средство за јавен превоз во Скопје со 4 железнички краци, вклучувајќи ги линиите кои би поаѓале од...

Не може да се активираат итните мерки за загадувањето без мерните станици во Лисиче и Гази Баба

Нефункционалните мерни станици за загадување со ПМ10 честички во Лисиче и Гази Баба ја оневозможуваат Влада на Република Македонија да ги активира интервентните мерки против аерозагадувањето, велат од „Скопје смог аларм“. „Согласно уредбата, доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честички е над 200 микрограми на кубен метар во два последователни денови во најмалку две мерни станици во Скопје, тогаш стапуваат на...

Мерната станица во Лисиче не работи од кога почна енормното загадување

Инструментите со кои се мерат канцерогените ПМ10 честички во скопските населби Лисиче и Гази Баба не се во функција од 5 октомври, односно од 14 август. Информациите од веб-апликацијата „Мој воздух“, која податоците ги добива од инструментите на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека мерната станица во Лисиче престана да работи кога загадувањето почна да ја надминува...

Мерната станица во Лисиче три недели не го мери загадувањето на воздухот

Мерната станица која го мери квалитетот на амбиенталниот воздух во скопската населба Лисиче веќе три недели не е во функција и не покажува податоци за загадување со канцерогените ПМ-10 честички и воопшто не го мери количеството на ПМ-2,5 честичките, а нередовно ги покажува и концентрациите на озон. Инструментот поставен во Гази Баба уште од август не ги мери концентрациите на...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...