fbpx
Таг: Липково

таг: Липково

ЦУК: Активен пожарот во Липково, вчера имаше 29 пожари во државата

Во текот на вчерашниот ден имаше 29 пожари на отворен простор, од кои само еден е актиквен, оној во општина Липково над селата Извор и Белановце (шумски пожар), информираат во Центарот за управување со кризи. „Синоќа изгореа три куќи и две помошни простории во селата Бељаковце и Руѓенце. Гореа ниска вегетација и грмушки. Во општина Старо Нагоричане во атарот на...

Нуркачки тимови во потрага по човекот кој исчезна во езерото Глажна, Липковско

Три нуркачки тима од специјалната единица „Тигар“ ги пребарува водите на езерото Глажна во Липковскиот регион, на местото на кое исчезнал 30-годишен човек, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Лицето исчезнало вчера во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковско. Нуркачки екипи на МВР и вчера го пребарувале вештачкото езеро, каде што човекот влегол да се капе и не...

Тренчевска: Дневниот центар за деца со попреченост во Липково ја потврдува успешноста на социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, денеска го посети специјализираниот центар за дневен престој на деца со попреченост, лоциран во населеното место Оризаре. По приближно една година од добивањето на дозволата за вршење дејност од областа на социјалната заштита, во овој специјализиран Дневен центар на дневно ниво престојуваат 14 деца,...

Порталб: Жителите на Липково сите услуги ги вршат во Куманово, но немаат јавен превоз

Општина Липково со над 30.000 жители нема општински јавен превоз ниту во нејзини рамки, ниту пак меѓуопштинска линија со градот Куманово. Тоа е неопходно, бидејќи жителите на Липково најголем број услуги вршат во Куманово. Градоначалниците на двете општини велат дека се заинтересирани за отворање линии меѓу овие две општини, но не прецизираат кога тоа може да се случи, пишува...

За труењето со арсенот во Кумановско институциите „перат“ раце и си ја префрлаат одговорноста

Илјадници граѓани од општините Липково и Куманово се трујат со арсен и други опасни материи расфрлани на две локации во Табановце и Лојане, а надлежните институции си ја префрлаат одговорноста за преземање на активности, со коишто барем ќе се заштитат најмладите и неинформираните за опасноста што го демне секој што ќе дојде во допир со расфрланиот арсен. Поаѓајќи од она...

Илјадници жители од Кумановско четири децении се трујат со арсен и други отровни материи [фото]

Кумановските села Табановце, Лојане и Ваксинце со децении наназад се трујат со арсен и други опасни материи што се расфрлани на две локации покрај самата граница со Србија. На првата локација, во непосредна близина на железничката станица во Табановце, сместена е дивата депонија која содржини стотици тони јаловина од затворениот рудник за хром, антимон и арсен „Лојане“, којшто престанал да...

Вистиномер: Изградена филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково

„Мета“ ја пренесува анализата на „Вистиномер“ во однос на ветувањето за изградба на филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково.   OБРАЗЛОЖЕНИЕ: Во кампањата за локалните избори во 2017 година, поточно во текот на предизворната дебата на МРТВ 2,  граданачалникот на Општина Ликово, Еркан Арифи  вети дека ќе биде изградена филтер станица за прочистување на водата со што целосно ќе се...

Девет општини ќе добијат 165 милиони денари за еколошки проекти

Министерството за животна средина ќе додели 165 милиони денари на девет општини за реализација на проекти од животната средина. Финансиските средства, како што информирааат од Министерството, се обезбедени со последниот ребаланс на Буџетот кој пред два дена беше усвоен во собраниска процедура. Најголем дел од средствата, 49,9 милиони денари, ќе добие општината Липково, од кои 21 милион за завршување на...

Граничниот премин Белановце – Станчиќ пуштен во употреба

Новиот граничен премин Белановце - Станчиќ меѓу Македонија и Косово денес беше пуштен во употреба во присуство на званичници од двете земји. Премиерот Оливер Спасовски изјави дека успешната завршница на граничниот премин е резултат на добрите односи со нашиот северен сосед. Тој додаде дека со новиот објект се олеснува меѓусебната комуникација на граѓаните меѓу општините Липково и Гнилане, а...

Кумановското обвинителство поведе истрага против лицето што уби тинејџер на свадба

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба завчера во кумановското село Липково. Според соопштението, осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка „смит и весон“ и со умисла истрелал еден куршум со кој го погодил сега починатиот 19-годишник Б.Х., државјанин на Република Германија. Почната е истражна...

Момче убиено на свадба во Липково

На свадба во кумановското село Липково вчеравчер бил застрелан 19-годишен германски државјанин, кој од добиената повреда починал во Медицински центар Куманово, соопшти СВР Куманово. Момчето кое имало потекло од Прешево, Србија, било донесено околу 23.30 часот во кумановската болница, со прострелна рана на левата страна на градниот кош. Со полицискиот увид било констатирано дека околу 22.45 часот, додека момчето и...

Омбудсманот ги повика партиите да не го злоупотребуваат МВР

Народниот правобранител, Иџет Мемети оцени дека петочната полициска акција во Арачиново и Липково имала за цел да го заплаши населението и додаде дека вчерашната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски била конфузна, јавува „Алсат-М“. Според Мемети, неприфатливо е полициските акции да траат со денови, а населението да на знае што се случува. - Многу лесно кај граѓаните се создаваат...

Спасовски: Aкцијата во кумановскo беше превентивна поради бегалската криза

Припадниците на полициските сили синоќа немаа никаква акција во регионот на Липково и Арачиново, туку дејствуваа превентивно поради мигрантската криза и обидите за илегално минување на границата, соопшти денеска од пред полициската станица во Матејче министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. - Синоќа немаше акција. Имавме зголемено присуство на овој терен во светло на кризата што ја имаме. Кумановско-скопскиот регион...

Заврши полициската акција во Липково и Арачиново – МВР ќе соопшти детали во текот на денот

Полициската акција која ноќеска се спроведуваше во реонот на Липково и Арачиново завршила. МВР најави дека во текот на денот ќе излезе со официјални информации за акцијата. Според безбедносни извори, специјалните полициски сили вршеле „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“. Неофицијално се дознава дека акцијата е поврзана...

Полициска акција во Арачиново и Липково – МВР не открива детали

Во Арачиново и во делот на општина Липково во тек е полициска акција во која е блокиран влезот од Арачиново, а повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат за утре. Според безбедносни извори станува збор за „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“. Неофицијално акцијата е во врска со...

Дождовите предизвикаа поплава во Липково

Обилните дождови во текот на изминатата ноќ предизвикаа излевање на надојдените реки Слупчанка и Матејчанка во општина Липково. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, главно се поплавени ниви, а во село Опае се поплавени подрумите на три куќи. „Реката Слупчанка во селото Опае поплави подрумски простории во три куќи и моментално таму од Општина Липково вршат испумпување....

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...