fbpx
Таг: ликвидност

таг: ликвидност

Анкетата на СКМ покажа дека 65 отсто од компаниите имаат проблеми со ликвидноста

Податоците од неодамна спроведената анкета на Стопанската комора на Македонија, СКМ, меѓу македонските компании од сите големини и сектори, кои претставуваат годишни приходи од 1,5 милијарди евра, а во врска со очекувањата и ефектите од корона кризата, јасно покажуваат дека последиците за македонската економија нема да бидат занемарливи и тоа неминовно ќе се одрази и врз ликвидноста. Според податоците од...

Депозитите растат, кредитирањето е на пониско ниво од очекуваното

Податоците на Народна банка покажуваат раст и кај депозитите и кај кредитите, во март месец. Во извештајот се додава дека поради подобрите остварувања на крајот на 2018 година, растот на депозитите, на годишна основа и натаму го надминува растот проектиран за крајот на првиот квартал од оваа година. „Во однос на кредитната активност, послабите остварувања на крајот на минатата година...

Тевдовски: Наплатата на приходите е одлична, засега нема ребаланс на буџетот

Министерот за финансии, Драган Тевдовски рече дека во моментов има одлична наплата на приходите и кога министерството ќе реши да направи ребеланс, јавноста ќе биде запознаена. - Немало година, да не се направи ребаланс, но најголем дел од нив се правени поради слаба наплата на приходите. Ние во моментов имаме одлична наплата на приходи, но секако дека размислуваме како подбро...

НБРМ: Нефункционалните кредити на банкарскиот систем се зголемуваат

Квалитетот на кредитното портфолио забележа благо влошување во овој квартал, се вели во извештајот за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2017 годинa на Народна банка. „Вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем се зголемија за 8,1 отсто. Зголемувањето на учеството на нефункционалните во вкупните кредити беше во целост концентрирано кај корпоративното кредитно портфолио, каде што ова учество се зглеми...

Миноски: За исплата на субвенциите, чекаме да се објави одлуката на Уставен суд

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска изјави дека буџетот е ликвиден, а за исплата на земјоделските субвенции ќе се чека да се објави одлуката на Уставниот суд на официјалната веб-страница или во „Службен весник“. - Треба да ја видиме одлуката и да видиме кога ќе биде објавена. Доколку не е спорна и ако не постои законска пречка, ќе може да...

Граѓаните исто штедат како лани, а и банките повеќе ги кредитираат од компаниите

Нема промени кај штедењето на населението во првиот квартал од годината во споредба со истиот период лани, соопшти Народна банка. Заклучно со март, има пораст на кредитите на месечна и на годишна основа, со поизразено кредитирање на населението. „Во март, ликвидноста на банките продолжи да се зголемува, со поумерена динамика и главно под влијание на сезонски пониската побарувачка за готовина во...

Банките имаат вишок пари за кредити кои малку се бараат поради кризата, велат од НБРМ

Ликвидноста во банкарскиот систем се зголемува петти месец по ред, што се должи на редовните трансакции на државата, како и на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар за нето-откуп на девизи, велат од Народна банка. Во услови на солидна девизна ликвидност кон средината на месецот, на меѓубанкарскиот пазар се јави вишок понуда на девизи. - Порастот на потенцијалната ликвидност на...

Банките го намалија кредитирањето, а ја зголемија ликвидноста во јануари

Народна банка нотираше намалување на вкупните кредити во јануари како резултат на пониското ниво на кредити на претпријатијата, при умерен раст на кредитирањето на населението. - На годишна основа, според првичните податоци, кредитната активност во јануари расте со солидно темпо, што е блиску до проектираниот раст за првиот квартал на 2017 година, согласно со октомвриската проекција - велат од Народна...

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 проценти

Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, од 3,75 на 3,5 проценти. Ова било одлучено на 10 јануари кога се одржала редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на...

И Наумов се жали на опструкции: Од Финансии не ми даваат никакви документи и податоци

„Министерство за финансии продолжува со ист начин на работа како и претходно и во последниот месец, откако сум повторно на функција, немаме никаква соработка“, се пожали дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, на средбата со претседателот на Стопанска комора на Сојузот на Северозападна Македонија, Неби Хоџа. Тој додаде дека ниту еден документ што го побарал од кабинетот на министерот за финансии,...

Наумов – Георгиева: Државата навреме да ги исполнува обврските кон приватниот сектор

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, се сретна со извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева. На средбата зборувале за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се во рамки на надлежностите на институции кои се поврзани со надлежностите на Министерството за финансии, како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа. - Беше истакната неопходноста од навремено исплаќање на обврските...

Кога се работи за поголема сума на ДДВ, државата потешко го враќа на компаниите

Компаниите на кои државата треба да им врати данок на додадена вредноста (ДДВ) во износ поголем од два милиони денари месечно, многу потешко ги добиваат тие пари, покажува најновата анкета на 800 компании, што ја спроведе Стопанска комора на Македонија во август. Доцнењата во исплатата подолго од предвидениот рок им задаваат тешкотии во работењето. За фирмите кои имаат помала сума на повраток...

Се подобрува девизната ликвидност на банките

Сезонско зголемување на понудата на девизи од менувачи и истовремен пад на побарувачката на девизи од фирмите е забележано изминатиот месец, информираат од Народна банка. - Трансакциите со физички лица, натамошното намалување на побарувачката и зголемувањето на понудата на девизи, придонесе банките да остварат релативно висок нето-откуп со овие клиенти. Поволните движења во трансакциите со клиенти придонесоа за подобрување на девизната...

Миноски: Со еврообврзницата се обезбеди ликвидност на буџетот

Средствата од еврообврзницата нема да се користат само во оваа буџетска година, туку и во наредната, а дел од нив ќе бидат искористени за исплата на долговите, истакна министерот за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во вестите на телевизија „Сител“. Тој појасни дека „благодарение на вчерашното издавање на еврообврзницата обезбедени се неопходните финансиски средства со што има целоснa ликвидност на буџетот.“ Според него,...

Намалена ликвидноста на банките за 7 милиони денари

Ликвидноста на банкарскиот систем забележа месечен пад од 7.035 милиони денари, информираат од Народна банка. - Ликвидноста позначително се намали во втората половина од месецот, кога се зголеми неизвесноста поврзана со политичката ситуација во земјата, што беше проследено со шпекулации за стабилноста на банкарскиот систем и за девалвација на курсот на денарот. Во вакви услови беше зголемена склоноста на економските...

Банките работеле попрофитабилно лани во однос на 2014 година

„Ликвидноста на банкарскиот систем е на задоволително ниво. И покрај благото намалување на ликвидните средства во 2015 година, тие и понатаму учествуваат со повеќе од 30 отсто во вкупните средства на банките и покриваат близу 60 отсто од вкупните обврски“, се вели во најновиот извештај на Народна банка. И во 2015 година, во банкарскиот систем во Македонија најзастапен е странскиот капитал,...

За странските партнери на компаниите, земјава е „ризично подрачје“

Откажување на договорите и на нарачките од странство, отежната наплата од домашните компании и од јавните институции, проблеми со ликвидноста се тоа со што во моментов се соочуваат македонските компании. Ова беше истакнато на одбележувањето на 94-годишнината на Стопанска комора. Според директорката на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ, овие проблеми на македонските компании подолго време се провлекуваат, но...

Намалена ликвидноста на банките

Во текот на четвртиот квартал на 2015 година, ликвидноста на банките се намали за 1.934 милиони денари во однос на крајот на третиот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај. Со тоа, состојбата на сметките на банките кај НБРМ во декември изнесуваше 15.960 милиони денари. На крајот на годината, примарните пари на годишна основа се повисоки за 0,6 отсто за разлика...

Ликвидноста на банкарскиот систем е стабилна

Ликвидноста на банкарскиот систем и понатаму е стабилна и е на задоволително ниво и покрај користењето на ликвидните средства на банките, кои се зголемија во вториот квартал од 2015 година, се вели во најновиот извештај на Народна банка. - Стабилната солвентност на банкарскиот систем дополнително зајакна. Во вториот квартал од 2015 година, стапката на адекватност на капиталот благо се зголеми...

Зголемена ликвидноста на банките

Ликвидноста на банките под влијание на автономните фактори во август се зголеми, при што банките имаа зголемен интерес за пласирање на вишокот ликвидни средства кај Народната банка. - На пазарите на пари, обемот на тргување беше висок, што овозможи ефикасно управување со ликвидноста на банките и задржување на каматните стапки на релативно стабилно ниво - велат од НБРМ. Во однос на...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...