fbpx
Таг: лидерска средба

таг: лидерска средба

Денеска во 10 часот итна средба на работната група за изборите

Денеска во 10 часот, во Клубот на пратеници ќе се одржи итна средба на работната група во врска со прашањето за избрите, информира белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Средбата доаѓа по целодневен молк на политичките партии по пропаднатата лидерска средба во петокот, кога лидерите на четирите најголеми политички партии, со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан и на меѓународната заедница, по повеќе...

Пропаднаа преговорите: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА сакаат избори на 24 април, СДСМ е против

Пропаднаа преговорите помеѓу четирите политички партии на лидерската средба што се одржа во Пржино со посредништво на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, амбасадорот на САД, Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Четирите најголеми партии не можеа да се договорат околу датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се согласни изборите да...

Хан: Партиските лидери не можат да се договорат за датумот на избори

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, по завршувањето на лидерската средба во Пржино, изјави дека не е постигнат договор затоа што три партии се согласиле предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, но една партија била против. Хан истакна дека Македонија се наоѓа во многу тешка состојба. - Земјата е во многу тешка состојба. Она што...

Заев: Преговорите пропаднаа, не е постигнат договор

Пропаднаа преговорите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино откако вечерва лидерите не постигнаа договор за спорните прашања на лидерската средба заедно со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Работната група на СДСМ, предводена од лидерот Зоран Заев, ги напушти преговорите со образложение дека тие нема да учествуваат на избори доколку се одржат на 24 април. -...

Груевски со пола владин кабинет на средба со Хан

Премиерот Никола Груевски, придружуван од Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Никола Попоски, Илија Димовски и Мартин Протоѓер, тукушто пристигна во резиденцијата на Европската унија во Пржино. Се очекува еврокомесарот Јоханес Хан да има одделна средба со претставниците на владејчката партија. По завршувањето на оваа средба треба да пристигнат претставниците на ДУИ, а потоа и на ДПА. Оттако ќе завршат поединечните средби, треба да...

Хан: Ќе ја потенцирам одговорноста на сите лидери да се имплементира договореното

Европскиот комесар за проширување и за соседската политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил објави дека е на пат кон Македонија, каде треба да се сретне со потписниците на Договорот од Пржино. „На пат кон поранешната југословенска Република Македонија, каде што ќе се сретнам со лидерите на четирите најголеми политички партии. Уште еднаш ќе ја потенцирам одговорноста на сите политички лидери...

Лидерите го повикаа Собранието да ги назначи членовите на ДИК

Лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино, во заедничката писмена изјава го поздравија денешниот договор за целосниот состав на ДИК и го повикаа Собранието да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во ДИК. „Го покануваме Собранието да ги финализира неопходните постапки што е можно побргу, за комисијата да почне со својата работа и да ги преземе...

Ванхауте: Сите беа конструктивни, но има уште многу да се сработи до изборите

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте го поздрави денеска постигнатиот договор за експертите во ДИК. - Многу сум задоволен што можам да ве информирам дека лидерите на политичките партии постигнаа договор за ДИК. Се надевам дека наскоро ќе почне да работи, да избере генерален секретар. Можам да кажам дека сите партии беа конструктивни – рече Ванхауте. Олеснувачот, сепак, нагласи дека до изборите има...

Лидерите се договорија за експертите во ДИК

Заврши лидерската средба во Клубот на пратеници, на која лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино, разговараа за изборот на експерти во Државната изборна комисија и за медиумските реформи. Како што дознава „Мета“, лидерите, наводно, постигнале договор за ДИК и се очекува писмено соопштение. Неофицијално дознаваме дека партиите се согласиле за експертите Атанас Урумов, Александар Чичаковски и...

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници, на која лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино, треба да разговараат за изборот на експерти во Државната изборна комисија и за медиумските реформи. На лидерската средба, заедно со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи, се и американскиот...

Лидерите денеска треба да го откочат Договорот од Пржино

Лидерите на четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, денеска треба да се сретнат и да разговараат за исполнување на Договорот од Пржино. Според најавите на партиите, се очекува лидерите да разговараат за прашањата што се закочени, а кои произлегуваат од Договорот од Пржино. Изборот на тројца експерти - членови на Државната изборна комисија и медиумските реформи треба да бидат во...

Лидерска средба закажана за вторник

За вторник е закажана лидерска средба, на која лидерите на четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, ќе одлучуваат за тројцата експерти за Државната изборна комисија и за медиумите. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува наредната недела да се постигне договор за двете отворени прашања во политичкиот дијалог. Доколку лидерската средба заврши со договор, Заев верува дека веќе по Нова...

Лидерска средба во Грција за бегалската и за внатрешно-политичката криза

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и лидерите на мнозинството грчки партии денеска ќе се соочат на лидерска средба во претседателската палата. На политичкото „мени“ ќе се најдат бегалската криза, но и голем број внатрешни политички проблеми, кои повторно создаваат имиџ на раздор отколку на соработка меѓу сите политички сили за излез од финансиската криза. Покрај бегалската криза, која особено по оградата...

Груевски: Народот е тој што одлучува во оваа земја

„Никој не може да побегне од народот бидјеќи токму народот е тој што одлучува во оваа држава. Ние веруваме во народот“, рече премиерот Никола Груевски по лидерската средба во Клубот на пратениците. - Ние веруваме во одлуките на народот, веруваме дека знае да направи правилен избор и затоа ни беше важно колку што е можно побргу да има избори и...

Заев: Постигнатиот договор е нов почеток за Македонија

„Вечерва победи Македонија, ова вечерва е нов почеток за Македонија и за сите нејзини граѓани. Постигнат е договор кој утре треба да биде само правно, легално формализиран“, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред Клубот на пратеници. Заев соопшти дека е постигнат договор за законот за влада во којшто се дефинираат надлежностите на замениците-министри, за законот за „свиркачите“ и...

Ако лидерите вечерва се договорат, законите утре на собраниска седница

Во Клубот на пратеници почна средбата на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Се очекува лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино да го кажат последниот збор околу спорните прашања за законот за влада и за законот за приватност. На средбата присуствуваат и амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД)...

Вечерва лидерска средба во Клубот на пратеници?

Во тек е средбата на претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во Клубот на пратеници. Неофицијално се дознава дека по денешните разговори, лидерите на четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, вечерва треба да имаат лидерска средба за конечно да го финализираат Договорот од Пржино. Доколку ова се случи, според најавите, законите поврзани со изборите утре треба...

Бејли: Загрижен сум за неможноста на лидерите да постигнат договор

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на својот твитер-профил објави дека е загрижен затоа што лидерите на политичките партии вчера не постигнаа договор на лидерската средба на која присуствуваше и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. „Длабоко сум загрижен за неможноста лидерите да постигнат договор. Договорите од Пржино се начин да се осигура одговорност, да се подобрат условите за слободни...

Почна клучната лидерска средба со Хан во Пржино

Почна лидерската средба на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино во резиденцијата на ЕУ со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која присуствуваат и американскиoт амбасадор Џес Бејли и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте. Партиите треба да се договорат околу законот за влада со кој е предвидено поставувањето министри и заменици-министри од СДСМ во преодната влада, законите за...

Ван Хојте: Работиме напорно, мора да постигнеме напредок во оваа земја

Изминатата ноќ била тешка за работните групи, кои ги договараат точките за имплементација на Договорот од Пржино, изјави белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте, објави „А1 он“ . Тој пристигна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, каде еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе има средби со лидерите на четирите политички партии. - Работиме секој ден за да постигнеме напредок, можам да кажам...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...