fbpx
Таг: лидерска средба

таг: лидерска средба

Нова средба на лидерите на четирите најголеми партии

Лидерите на четирите најголеми партии, владејачките СДСМ и ДУИ и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и крилото на Беса на Билал Касами денеска повторно седнаа во Клубот на пратениците во Скопје. Тие ќе се обидат да постигнат договор за претстојниот референдум за промената на името, односно за датумот на неговото одржување, формата на референдумското прашање и изборот на Државната изборна комисија, која треба да го...

Груби ја закажа за попладнево комисијата за изменување на Изборниот законик

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, за 17.30 часот денеска закажа седница на која единствена точка е предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка. Овој потег на Груби уследи кратко по завршувањето на лидерската средба, на која претседателите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса на Билал Касами не постигнаа договор. ВМРО-ДПМНЕ претходно многу пати го оквалификува...

Мицкоски: Да превенираме каков било обид да се изигра волјата на граѓаните

По четиричасовната лидерска средба во Клубот на пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека лидерите на четирите најголеми политички партии за некои од прашањата имаат приближување на ставовите, а за некои немаат. Тој апелираше вистинските европски вредности да бидат реални, а не декларативни и дека сите партии треба да се однесуваат според тие вредности. - Тоа значи почитување на законите...

Заев: Компромиси за стратешките цели нема, разговорите продолжуваат в недела

За некои прашања полесно се договараме за некои потешко, разговорите ќе продолжат или в недела вечер или в понеделник сабајле, кога очекувам да се најде конкретно решение за формирање на ДИК и за референдумот, изјави премиерот Зоран Заев по лидерската средба во Клубот на пратеници. - Долги се разговорите за референдумот и за ДИК, но продолжуваме со преговорите. Сакам да...

Ахмети: Имаме разлики, но сите треба да се ангажираме Договорот со Грција да успее

Има разлики кај партиите меѓутоа треба сите да се ангажираме за да имаме успешна имплементација на Договорот со Грција, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по денешната лидерска средба во Клубот на пратеници. - Бидејќи ни се исцрпени сите опции, останува во наредните денови да се продолжи со разговорите. Очекувам сите да делуваат храбро, за да не ја испуштиме оваа...

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Со половина час задоцнување, започна лидерската средба помеѓу лидерите на владејачкото мнозинство и лидерите на опозицијата од македонскиот и албанскиот политички блок. На средбата присуствуваат премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ, Али Ахмети со вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски придружуван од професорката Татјана Каракамишева,...

ССНМ и ВМРО-ДПМНЕ реагираат за инцидентот со фоторепортерите, Забрчанец со друга верзија

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на, како што велат, „спречувањето на тројца фоторепортери да си ја извршуваат својата работа“ на лидерската средба во Клубот на пратениците, нарекувајќи го однесувањето на претставниците на власта „непримерно и израз на ароганција“. Од владата пак одговорија дека станува збор за несоработка од страна на тројцата фоторепортери. Фоторепортерите...

Мицкоски: Излеговме поради Изборниот законик и неприсуството на сите партии

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера ја напушти лидерската средба во Клубот на пратениците по еден час, набргу образложи дека тоа е направено поради, како што рече, неделовничкото донесување измени на Изборниот законик за да се избира Државната изборна комисија (ДИК) без опозицијата, како и поради неприсуството на средбата на сите парламентарни партии. Сепак, на средбата остана Социјалистичката партија на...

„Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името“, е можното референдумско прашање

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба синоќа, информираше дека можното прашање на референдумот ќе биде – „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“. Tој рече дека референдумот ќе биде консултативен и за денеска попладне најави нова лидерска средба. Заев посочи дека разговарал со лидерите на сите партии освен на...

Денеска нова лидерска средба во Клубот на пратеници во 12 часот, но во потесен состав

Премиерот Зоран Заева синоќа најави нова лидерска средба денеска напладне во Клубот на пратеници, но овој пат на четирите најголеми политички партии, така како што бараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа ја напушти лидерска средба еден час по почнувањето. - Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ...

Заев најави лидерска средба за утре попладне

Премиерот Зоран Заев од прес-конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот со Грција и членството во ЕУ и НАТО. - Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес,...

Заев: Може да разговараме и за предвремени избори, а можна е и лидерска средба

Заслужува внимание барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори пред да се разговара за членството во НАТО и ЕУ, ако тоа гарантира успешен референдумски процес, рече премиерот Зоран Заев денеска, на свеченоста за почеток на градежните работи на фабриката на американската компанија „Дура“ во Бунарџик. - Кога? После една година? Во секој случај вредно е за внимание кога опозицијата...

Заев побара поддршка од сите за името Република Илинденска Македонија

Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси, ги информирав претседателот на државата, претседателот на Собранието и претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за сите детали од преговорите и известив дека владите на Република Македонија и Република Грција разговараа за опција и решение кое може да биде прифатливо за двете страни, рече во обраќањето по лидерската средба премиерот Зоран...

Лидерска средба за името утре во 13 часот

Премиерот Зоран Заев денеска во Струга најави дека во утре во 13 часот Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија. На средбата, како што рече, очекува да се изгради консензус за ова прашање. Заев појасни дека министерот...

Во Охрид почнува работниот дел од дијалогот „Жан Моне“

Претставници на парламентарните партии во македонското Собрание денеска во Охрид ќе ги отпочнат разговорите во рамки на дијалогот „Жан Моне“ насловени како „Клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи“. Средбата е иницирана од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Клучните теми...

ВМРО-ДПМНЕ повторно повика Заев да каже што се договара за името

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го повика премиерот Зоран Заев да соопшти на јавноста што се разговара за името и повторно побара лидерска средба. - Трет ден имаме молк од владата и премиерот Заев на повикот за итна лидерска средба на која ќе се разговара за деталите и тековите на  најважното прашање на граѓаните на Република Македонија, прашањето за името. Единствените...

Од средбата на Заев со Мицкоски најавен консензус за реформите

Можен консензус на власта со најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е споменат од премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, по вчерашната средба што во Владата на Република Македонија ја имаше со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.ж Како што соопшти Владата, а и Заев во изјавата за медиумите, се разговарало за актуелните политички случувања, за тековните преговори со Грција, за изборниот...

Нимиц денеска во Атина, в среда доаѓа во Скопjе

Метју Нимиц, посредникот на Обединетите нации (ОН) во преговорите помеѓу Македонија и Грција за спорот со името, в среда ќе дојде во Скопје од Атина, каде, пак, пристигнува денеска. Нимиц доаѓа во посета на двете земји по лидерската средба во Македонија во саботата, во која учествуваа претседателот Ѓорге Иванов со двајца претставници на неговиот кабинет, премиерот Зоран Заев со министрите...

И Али Ахмети на лидерската средба за името

На лидерската средба, в сабота во Клубот на пратениците во Скопје, на која претседателите на најголемите политички партии ќе разговараат за рамката за решението на спорот со името, кој нашата држава го има со Грција, ќе учествува и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, потврди за „Мета“ Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на партијата. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски,...

По притисоците од меѓународната заедница, Рама и Баша седнаа на заедничка маса

По притисоците од меѓународната заедница, Еди Рама и Љуљзим Баша денеска одговорија на повикот на претседателот во заминување, Бујар Нишани, и се сретнаа во претседателскиот кабинет. По тричасовната средба на претседателот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија, Рама, и на претседателот на опозициската Демократска партија, Баша, двете партии не соопштија што е договорено, но во одредени медиуми се...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...