fbpx
Таг: лидерска средба

таг: лидерска средба

СДСМ е за избори на крајот на јуни, ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на септември

И по втората лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, лидерите на партиите не постигнаа консензус околу датумот за избори. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се за избори на крајот на август или на почетокот на септември, додека СДСМ за крајот на јуни. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека ги предложиле 23 и 30 август и 13 септември како датуми за одржување...

Лидерите на партиите не договорија датум за избори, следната недела ќе се обидат на повторна средба

Лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА, денеска имаа средба кај претседателот Стево Пендаровски и дискутираа за одржување на предвремените парламентарни избори, но не се договорија за датум. Со консензус било одлучено дека здравјето...

Консензус на партиите за одложување на изборите, терминот ќе се договара попладнево

Претседателот на државата Стево Пендаровски свика состанок со истакнати правни експерти за да се изнајде правен модалитет за одложување на изборите, а конечниот термин најверојатно ќе се договори и ќе се знае до крајот на денот. Средбата е закажана за денеска, во 16 часот во Вила Водно, а ќе присуствуваат професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова, Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска,...

Денеска ќе се одржи лидерска средба за одложување на изборите

Денеска во 12 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе почне лидерската средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои ќе разговараат за одложување на изборите. На лидерската средба е најавено присуство на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса...

Партиските лидери не зборувале за одложување на изборите, митинзите ќе ги прават онлајн

По координативната средба со претседателите на политичките партии околу состојбата со корона вирусот, премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција рече дека од партиите побарал да искажат одговорност и дека сите се согласиле дека е најважно здравјето на граѓаните. Премиерот соопшти дека не се случило тоа што се очекуваше - да се разговара за одложување на изборите поради ситуацијата со вирусот....

Заев: Тоа беше груевизам до доцна во ноќта, со барање амнестија за сите

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата истакна дека е разочаран од лидерската средба со опозицијата за Законот за јавното обвинителство, која траеше до раните утрински часови и заврши без договор. - Разочаран сум од лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да успеат да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници, но за...

Заев и Мицкоски не се договорија за СЈО, лидерската средба неуспешна

По повеќе од седум часа преговори на лидерската средба на Зоран Заев и Христијан Мицкоски и тимовите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и тоа да се трансформира, двете страни не постигнале договор. Неофицијално, на синоќешната средба тимот на СДСМ предложил да се...

Заев: Важното е дали „бомбите“ ќе се користат како докази или не

Најбитното во врска со предлог-законот за Законот за јавното обвинителство, заради кој вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи лидерска средба, не е барањето на опозицијата во врска со постапувањето по предметите на СЈО по 30 јуни 2017 година, туку дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не, истакна денеска премиерот Зоран Заев. Тој појасни и...

Лидерска средба денеска за трансформацијата на СЈО и за избори

По пауза од неколку месеци, вечерва со почеток во 20 часот во Собранието ќе се одржи лидерска средба, на која се очекува премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски да разговараат и евентуално да постигнат договор за Законот за јавно обвинителство, со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) би требало да се трансформира во...

Лидерската средба нема да се одржи, нема услови за консензус, велат од владата

Владата информира дека не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на лидерската средба закажана за денеска и дека таа нема да се одржи. „Владата одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја. Претседателот на Владата Зоран...

Заев ќе предложи смена на директорите на „МЕПСО“, „ЕСМ“,„Македонија пат“ и други

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција во Владата на која информираше за смената директорите на институции, раководители, членови на Управни одбори. За разрешување, Заев ќе ги предложи директорот на МЕПСО Сашо Василевски, директорот на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Драган Миновски, директорот на „Македонија пат Гајур Кадриу“, директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, директорот на МЖ „Инфраструктура“ Ирфан...

Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција ги повика лидерите на партиите на одржување на лидерска средба, в петок во Клубот на пратениците, во 14 часот. Тој упати порака до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села. На лидерската средба, како што посочи Заев, би се разговарало за нов изборен законик и изборен...

Мицкоски не сака Јанева да го води СЈО, Заев вели треба да остане истиот тим

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба се согласија да се формираат работни групи во Собранието за донесување на Законот за јавно обвинителство, но не успеаја да постигнат согласност околу тимот на СЈО. Мицкоски бара Катица Јанева и тимот да не бидат дел од СЈО, а Заев вели дека за тој тим на...

Заев прифати лидерска средба за СЈО и за реформските закони

Премиерот Зоран Заев, најави лидерска средба, како што побара ВМРО-ДПМНЕ во врска со статусот и идината на СЈО. Премиерот, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, беше во посета на комбинатот „Еуро никел“, поранешно „Фени“, рече дека на лидерската средба ќе се разговара и за реформските закони и претседателските избори. - Секако, време е да одржиме лидерска средба. Едно...

Заборави ли Заев на „пржинската влада“ 100 дена пред избори?

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека се можни предвремени парламентарни избори доколку во Собранието не се изгласаат уставните измени што ги предвидува Договорот со Грција. Како можен датум за избори го најави 25 ноември, но, законите велат поинаку. На 23 јули во Клубот на пратеници, на лидерска средба помеѓу четирите најголеми политички партии требаше да биде договорен став за референдумот....

Изгласан новиот состав на ДИК и законите договорени на лидерската средба

Собранието попладнево без образложение и расправа ги избра новиот состав на Државната изборна комисија – ДИК и измените на законите кои беа договрени на лидерската средба во понеделникот. Членовите на ДИК беа избрани со 100 гласа „за“ без ниту еден пријавен за збор. Претседател на Комисијата ќе биде Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, а потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ. Во комисијата членуваат...

Села ќе бара во Уставот и во пасошите да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на прес-конференција во Собранието порача дека го поддржува договорот со Грција, но дека има забелешки. Тој рече дека при менувањето на Уставот, неговата партија ќе бара во пасошите и во Уставот за македонските Албанци да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“. Села рече дека е незадоволен од постигнатото на лидерските средби и дека албанскиот...

Фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Неславно заврши епизодната улога на Мицкоски

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ денеска порача дека вчерашната лидерска средба била дебакл на ВМРО-ДПМНЕ, поради однесувањето на преговарачите од партијата, во кои е и партискиот лидер Христијан Мицкоски. Порачуваат дека партијата мора да престане да биде заштитник на Никола Груевски. „По вчерашниот дебакл на лидерската средба по која го видовме вистинското лице и улога на преговарачите на ДПМНЕ сега е вистински...

Нема договор за референдумот, Мицкоски лаже и бара амнестија, рече Заев по лидерската

Христијан Мицкоски лаже дека сака Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО, лаже дека сака правна држава, лаже дека се бори за чесен референдум, рече премиерот Зоран Заев во изјава по лидерската средба помеѓу четирите најголеми политички партии која траеше повеќе од осум часа. -За жал, Христијан Мицкоски не успеа да го препознaе моментот. Наместо да се качи на...

Собранието ќе чека да заврши лидерската за да премине на Изборниот законик

Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 53-тата седница едногласно со 78 гласа „за“ одлучи Предлог законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, да се разгледува по завршување на лидерската средба која е во тек во Клубот на пратениците. Претходно едногласно, со 61 глас „за“ и без присуство на опозицијата Собранието ги разреши од функцијата...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...