fbpx
Таг: Либија

таг: Либија

Последна офанзива против ИД во Сирт

Силите на либиската влада на национално единство ја поведоа последната фаза од офанзивата на преостанатите положби на Исламска држава во Сирт. - Нашите сили влегоа во последните два квартови на ИД во Сирт. Почна последната битка за Сирт – изјави Реда Иса, портпарол на медиумскиот центар на владините сили, кој додаде дека околу 1.000 војници учествуваат во оваа операција. Сирт, кој...

Во експлозија во Бенгази загинаа 22 лица

Дваесет и две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени при експлозија на автомобил бомба во источниот либиски град Бенгази. Нападот, кој бил насочен кон безбедносните сили, се случи во населбата Гуарша, каде се водат борби меѓу владините сили за безбедност и сојузот на исламисти. Организацијата Маџлис шура туар Бенгази (Консултативно собрание на револуционерите од Бенгази) ја презеде одговорноста за нападот.

ОН: ИД пред пораз во Либија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун денеска изјави дека борците на Исламска држава во Либија се соочуваат со „изразена можност“ да бидат поразени во своето последно упориште и веројатно ќе се распрскаат во другите подрачја на оваа северноафриканска земја или во регионот. Бан во најновиот извештај на Советот за безбедност на ОН навел дека земјите членки проценуваат оти во Либија...

Дванаесет војници загинаа во експлозија на автомобил бомба во Бенгази

Дванаесет припадници на либиските сили лојални на генералот Калиф Хафтар загинаа денеска во експлозија на автомобил бомба во Бенгази. Хафтар е командант на силите под контрола на владата со седиште во Источна Либија, кои се борат против исламските екстремисти во тој регион.

Спасени повеќе од 2.000 бегалци во Средоземно Море

Италијанската крајбрежна стража успеала да спаси околу 2.000 мигранти недалеку од брегот на Либија, во последната серија спасувачки операции во Средоземно Море, јавуваат светските агенции. Според информациите објавени вчера, италијанската крајбрежна стража координирала 15 спасувачки операции, во кои 2.000 мигранти се спасени и сместени на безбедно. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (ОН) проценува дека од почетокот на оваа година во...

Стотина мигранти се удавија кај брегот на Либија

Стотина мигранти настрадаа во бродолом во Средоземното Море, во близина на брегот на Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ), повикувајќи се на изјави на преживеани. Според податоците на ИОМ, бродот превезувал околу 650 лица, повеќето Мароканци. Италијанската морнарица спасила 562 лица, но стотина се водат за исчезнати.  

Се превртел брод со мигранти кај Либија

Околу 500 лица се спасени, а седум се удавиле откако брод полн со мигранти се превртел кај брегот на Либија, соопшти италијанската морнарица. Досега пронајдени се телата на седум лица, но операцијата за спасување продолжува. Светските агенции јавуваат дека патролниот брод „Бетика“ примил повик за помош од брод кој превезувал мигранти.

Москва: Укинување на ембаргото за Либија по политичката стабилизација

Укинувањето на ембаргото за испорака на оружје за Либија може да се разгледува по спроведувањето на политичкиот процес во земјата, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Генадиј Гатилов на состанокот во Виена. - Прашањето може да се разгледува по склучувањето на спогодбата меѓу силите кои учествуваат во процесот – изјави Гатилов. Рускиот претставник додаде дека е неопходно „владата на национално единство да...

САД се подготвени да ја вооружат либиската влада

Соединетите Американски Држави (САД) и други светски сили се подготвени да ја вооружат либиската влада на национално единство, која ја има поддршката на Обединетите нации, како помош во борбата против Исламска држава (ИД), јавува „Би-би-си“. Објавувајќи го планот на меѓународниот министерски состанок во Виена, државниот секретар на САД, Џон Кери, изјавил дека светските сили ќе ја поддржат владата во барањето...

Денеска во Виена меѓународен министерски состанок за либиската криза

Во главниот град на Австрија, Виена, денеска се одржува меѓународен министерски состанок за решaвање на кризата во Либија, а на кој, како што е соопштено, учествуваат клучните земји од тој регион и најважните меѓународни дипломати. Американскиот Стеј департмент соопшти дека со состанокот ќе претседаваат САД и Италија и дека на него ќе се води расправа околу давањето поддршка на либиската...

Хамон во ненадејна посета на Либија

Шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд, денеска допатува во ненајавена посета на Либија, јавува агенцијата „Франс прес“. Хамонт во Триполи ќе се состане со претседателот на либиската влада за национално единство, Фајез ел Сараџ. Шефот на британската дипломатија ќе одржи прес-конференција со премиерот, соопшти портпаролот на британската дипломатија. Владата на национално единство има поддршка од Обединетите нации, Европската унија и од САД....

Обама: Најголема грешка ми е лошиот план по интервенцијата во Либија

Претседателот на САД, Барак Обама, смета дека најголемата грешка што ја направил за време на својот мандат, е неуспехот во планирањето по соборувањето од власт на либискиот претседател Моамер Гадафи во 2011 година. Тој во интервју за „Фокс њуз“, кое вчера беше емитувано, истакнал дека интервенцијата во Либија „била исправна“, но дека не успеал да испланира што да се прави по неа. Американскиот...

Вооружени напаѓачи упаднаа во телевизија во Триполи

Вооружени напаѓачи упаднале во седиштето на телевизиската станица „Ал Наба“ во центарот на Триполи, го прекинале емитувањето на програмата и ги натерале вработените да ја напуштат зградата, јавува „Гардијан“, повикувајќи се на изјави на двајца новинари на локалната телевизија. Никој не е повреден во вчерашниот инцидент, рекле новинарите и додадоа дека напаѓачите веројатно се приврзаници на Владата на национално единство,...

Убиени седум милитанти на границата на Тунис со Либија

Туниските сили за безбедност денеска убиле седум напаѓачи во немирите на границата со Либија, со што бројот на убиените милитанти во последните два дена порасна на 55. Туниските власти соопштија дека потрагата по милитантите на Исламска држава продолжува по најновите напади на безбедносните сили, извршени во текот на ноќта меѓу понеделник и вторник. Во акцијата на туниските сили се ангажирани хеликоптери...

САД се подготвени за нови удари врз ИД во Либија

САД би можела да ја нападне Исламска држава во Либија доколку се покаже дека има потреба од тоа, соопшти портпаролот на Белата куќа, Џош Арнест. Изјавата на Арнест доаѓа по веста во весникот „Њујорк тајмс“ дека Пентагон има план со воздушни удари да ја ослаби ИД во Либија. Арнест рече дека американските сили извршиле големи напади врз позиции на ИД во...

Во Либија уапсен лидер на ИД

Либиската милиција лојална на администрацијата во Триполи соопшти дека уапсила лидер на крило на Исламска држава во Сабрата, град кој американските сили го бомбардираа минатата недела. Во соопштението на специјалните сили за одбрана, објавено на „Фејсбук“, се наведува дека Мохамед Сад ал Тажури е уапсен, а дека во вооружените судири се убиени неколку десетина припадници ИД. Тажури е познат како Абу...

Комесарот за човекови права на ОН бара акција во Либија

Комесарот за човекови права на Обединетите нации, Зеид Рад ал Хусеин, денеска го повика Советот за безбедност да го зголеми надзорот во Либија и да преземе акција против кршењето на правата. Апелот доаѓа по објавувањето на извештајот во кој се документираат тортурата и насилството во земјата во изминатите две години, по соборувањето на Моамер Гадафи и по големите поделби...

Службеници на српската амбасада во Либија, убиени во воздушните напади на САД

Двајца службеници на српската амбасада во Либија, кои беа киднапирани на почетокот на ноември минатата година, во градот Сабрати, најверојанто се убиени во воздушните напади на војската на САД на база на Исламска држава (ИД) во тој град, изјави денеска на вонредна прес-конференција, шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. „За жал, вчера попладне добивме инфромации дека во тој напад настрадале...

Воздушни напади во Либија, 41лице убиени во Сабрата

Најмалку 40 лица загинаа во воздушни напади што утринава ги извршиле неидентификувани воини во западниот либиски град Сабрата, соопштија либиските власти. Весникот „Њујорк тајмс“, цитирајќи западни претставници, јавува дека нападот го извршиле САД. Градоначалникот на Сабрата, Хусеин ал-Тауди, соопшти дека авионите почнале да дејствуваат околу 3.30 часот, кога била погодена зграда во квартот Каср Талил, во кој живеат странски работници. Тој рекол...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Либија

Милитантна организација во Источна Либија, поврзана со Исламска држава, ја презеде одговорноста за терористичките напади во кои вчеравечер загинаа најмалку 60 либиски полицајци. Групата која се нарекува Исламска држава во провинцијата Барка, на „Твитер“ напиша дека Абу ал-Абас ал-Мухаџир го активирал експлозивот во камионот што влегувал во база на граничната полицијата во Либија. Во напад на полицискиот камп во градот Зилтен, убиени се...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...