fbpx
Таг: Либан

таг: Либан

Израел го прекрши меѓународното право со тенковско гранатирање во кое загина новинар, откриваат ОН

Случајот во кој израелски тенк уби новинар на Ројтерс и рани шест други во Либан минатата година претставува прекршување на меѓународното право, покажа истрагата на Обединетите Нации. Истрагата на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), не утврди дека имало размена на оган преку границата на Израел и Либан повеќе од 40 минути пред тенкот да пука во Исам...

Израел ќе повлече дел од своите војници од Газа

Израелската влада најави дека ќе повлече дел од своите војници од Газа, известува Гардијан. Најголем дел од војниците кои ќе бидат повлечени доаѓаат од повеќе од 300.000 резервисти кои беа регрутирани за војната. Целта е да се „реенергизира“ израелската економија. Дополнително, ваквата одлука е дел од менувањето на фокусот на израелската офанзива кон попрецизни операции против Хамас. Сепак, дел од...

МНР: Да не се патува во Либан, а граѓаните кои се таму, да ја напуштат земјата

Министерството за надворешни работи (МНР) упати повик кон сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан, поради сложената безбедносна состојба во регионот. Истовремено, МНР порачува дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачува на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска...

Израел најавува евакуација на граѓани кои живеат на два километри од границата со Либан

Израелските сили одбранбени сили најавија дека ќе ги евакуираат сите израелски граѓани кои живеат до два километри од границата со Либан, пишува Гардијан. Станува збор за евакуација на 28 домови. Оваа најава следи по тензијата меѓу Израел и Либан предизвикана од терористичкиот напад на Хамас. По напад со ракети во Израел од либанската паравоена организација Хезболах, Израел го нападна Либан...

Антивладини протести во Бејрут – демонстрантите побараа одговорност за експлозијата

Катастрофално разорната експлозија во Бејрут, во која според последните информации загинаа 145 лица а околу 5.000 се повредени, предизвика антивладини протести во близина на парламентот во Бејрут. Демонстрантите кои беа растерани со солзавец, изразија незадоволство од негрижата на Владата во однос на чувањето на 2.750 тони амониум нитрат што од 2013 било складирано на небезбеден начин кај пристаништето. Двајца владини функционери...

Либан прогласи тридневна жалост, бројката на загинати достигна 137, а околу 5.000 се повредени

Во Бејрут бројката на загинати достигна 137 лица, околу 5.000 се повредени, а 300.000 луѓе останаа без своите домови, се вели во последните извештаи на новинските агенции за билансот на загинати и повредени по катастрофалната експлозија што завчера го погоди главниот град на Либан. Во градот е воведена вонредна состојба во времетраење од две недели, а во државата е прогласена...

МНР: Ниту еден македонски граѓанин во Либан не се обратил за помош

Во врска со вчерашната експлозија во Бејрут, која што однесе повеќе од 100 животи и разори делови од градот, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент не се пристигнати информации за евентуално засегнати граѓани на Република Северна Македонија. Од таму додаваат дека, МНР преку дипломатски канали ги презема сите неопходни мерки и активности за добивање на соодветни...

Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни, информира Министерство за одбрана

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни. „На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут. По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите...

Бројките растат, најмалку 100 загинати и околу 4.000 повредени лица во експлозијата во Бејрут

Според последните извештаи за загинати и повредени лица во експлозијата со разорни последици во Бејрут, загинаа повеќе од 100 луѓе, а повредени се околу 4.000. Владата денеска ќе воведе вонредна состојба, а на итен состанок на Врховниот совет за одбрана беше одлучено да се формира посебна комисија за да се истражи причината за експлозијата во пристаништето во централниот дел на...

Силни експлозии го погодија попладнево Бејрут, има мртви и повредени

Главниот град на Либан, Бејрут попладнево го погодија силни експлозии, од кои има мртви и загинати. Либанските здравствени и безбедносни власти јавуваат за најмалку 10 загинати и најмалку 400 повредени лица. Експлозиите се случиле во пристанишниот дел на град, а првичните информации говорат дека најпрво се случила експлозија на нитрат или експлозив во депото на пристаништето, по што следувала...

ИД го напушта сириско-либанскиот граничен регион

По еднонеделни борби, конвој со припадници на Исламска држава почна, во согласност со договорот, да ја напушта сириско-либанската граница во придружба на сириската војска. За време на минатите денови, најмалку 11 припадници на либанското шиитско движење Хезболах и седум сириски војници загинаа во офанзива на ИД во западниот сириски регион Каламун, наведе Хезболах. Сириската војска и Хезболах во неделата објавија прекин...

Три лица загинале во пожар во бегалски камп во Либан

Голем пожар денеска избувнал во камп за сириски бегалци во Либан, во кој, според информациите на локалните медиуми, загинале три лица. Кампот се наоѓа во долината Бека, во близина на градот Каб Елиас, недалеку од Бејрут. На снимките што ги објавила либанската телевизија можела да се види најмалку една експлозија. Безбедносни извори изјавиле дека причините за пожарот се сè уште непознати. Во...

Седум војници повредени при напад на бегалски камп во Либан

Најмалку седум либански војници се повредени кога пет бомбаши самоубијци нападнаа два сириски бегалски кампа во областа Арсал, во пограничното подрачје со Сирија, соопшти либанската војска. Во соопштението се наведува дека шест екстремисти фрлиле рачна граната на патрола, пренесе „Ројтерс“.

Самоубиствен напад во Либан – шест загинати и 19 повредени

Шест лица загинаа, а 19 се повредени откако бомбаши самоубијци денеска се разнесоа во либанско село во долината Бека на границата со Сирија. Како што соопштија либанските власти, четворица терористи се саморазнеле, при што се убиени цивили. Меѓу повредените има и тројца либански војници. Засега не е јасно кој е одговорен за нападот.

Либан ослободи 16 исламисти од Ал нусра

Фронтот Ал нусра, сириското крило на Ал каеда, денеска со посредништво на Катар ослободи 16 либански војници и полицајци, кои беа заробени во август 2014 година, а од затворот во Либан, за возврат, се пуштени 13 исламисти, вклучувајќи ја и поранешната сопруга на лидерот на Исламска држава, Абу Бакра ал-Багдади. Фронтот Ал нусра ги зароби Либанците за време на нападот...

Ден на жалост во Либан

Либан денеска прогласи национален ден на жалост по двата самоубиствени напади во кои претходниот ден загинаа 43 лица на југот на Бејрут. Локалната телевизија ги посвети утринските вести на нападите кои се случија доцна синоќа во најпрометната населба, упориште на шиитското движење Хезболах. Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава. ОН овој чин го окарактеризира како „гнасен“. Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун,...

Најмалку 17 загинати во две експлозии во Бејрут

Најмалку 17 луѓе загинале во две експлозии што денеска одекнале во главниот град на Либан, Бејрут, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од безбедносните служби. Експлозиите се случиле во предградието Бурџ ел-Барајнех, во јужниот дел на Бејрут, кое важи за упориште на шиитското движење Хезболах. Според локалните медиуми, експлозиите, во кои има голем број повредени, ги предизвикале двајца бомбаши-самоубијци. Како што пренесува „Би-Би-Си“,...

Саудиски принц уапсен со два тона дрога

Обезбедувањето на аеродромот во Бејрут денеска спречи шверц на повеќе од два тона апчиња амфетамин, кои требало да бидат натоварени на приватен авион на еден саудиски принц, соопштија либанските власти. Во полициската акција приведен е принц, како уште и четири лица, соопшти еден либански претставник, кој побарал да остане анонимен. Саудискиот принц Абдел Мохшин бин Валид Абдулазиз и уште четворица се...

Судири на израелско-либанската граница

Израелската армија соопшти дека девет нејзини војници се повредени во нападот на границата со Либан, а Хезболах потврди дека стои зад нападот. Хезболах, исламска воена група со седиште во Либан, соопшти дека нападот го спровела групата која се нарекува Херојски весници Кунајтре, а акцијата е одмазда за израелскиот воздушен напад врз Голанската Висорамнина, извршен на 18 јануари, при кој загинаа...

Либан: Девет загинати во самоубистевн напад во кафуле

Девет лица загинаа, а 37 се повредени откако двајца бомбаши-самоубици се разнесоа во кафуле во либанскиот град Триполи. Како што јавуваат локалните медиуми, прво се разнел едниот бомбаш-самоубиец, а кога гостите почнале да бегаат, вториот се разнел на излезот на кафулето. Групата Џебхат ал Нусра, разгранок на терористичката мрежа Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...