fbpx
Таг: лето

таг: лето

Алексиќ: Единственото нешто што може да го спаси светот од пропаст се книгите

Во ова динамично и брзо време на живеење, кога дури и одморот претставува „замор“ преку гледање во екраните на телефоните, Мета.мк со цел повторно да ја разгори љубовта кон книгите и желбата за дегустирање нови содржини кај читателската публика, преку викенд-серијал текстови разговара со јавни личности од секоја општествена сфера за нивните омилени книги за време на летниот период,...

Не јадете сладоледи, брза храна и чистете ги фрижидерите – препорачува ИЈЗ за заштита од цревни инфекции

Летниот период и високите температури го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции, односно инфекции кои се пренесуваат преку храна. Затоа од Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), препорачуваат посебно внимание населението да обрати на тоа, каде и каква храна консумира. За заболувањата кои се пренесуваат преку храна (food borne diseases), е карактеристичен нивниот сезонски карактер...

Mерките и препораките за заштита на граѓаните од топлотниот бран ќе важат денеска и утре

Владата ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури и усвои мерки и препораки за овие два дена, односно за денеска и утре. Продолжуваат да важат мерките и препораките кои беа донесени и претходно. Владата препорачува: • Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години; • Во установите...

Суровоста на климатските промени: oд невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]

Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни бранови и намалени ледени...

ОН: Топлотните бранови се новото нормално – САД и Кина надминаа 50 степени Целзиусови

Екстремните температури што ја зафатија земјината топка неделава, се новото нормално во светот загреан од климатските промени, соопшти метеоролошката агенција на Обединетите нации. Во делови од САД и Кина температурите во неделата надминаа 50 степени Целзиусови, пренесува Би-би-си. Светската метеоролошка организација предупреди дека топлотниот бран во Европа може да продолжи и во август. Милиони луѓе ширум светот се под мерки и...

Хронично болните нема да бидат ослободени од работа поради топлотниот бран, можат да земат боледување

Засега Министерството за здравство нема да предложи хронично болните лица да бидат ослободени од работните обврски, поради топлотниот бран што ја зафати Европа, но и светот. Од Министерството за здравство за Мета.мк велат дека на последната владина седница, завчера, биле усвоени сетот препораки за заштита на граѓаните од енормно високите температури и портокаловата фаза во која се наоѓа земјава, но...

Продолжува портокаловата фаза – од денеска забрана за движење во шумите и заштитените подрачја

Портокаловата фаза во којашто се наоѓа земјава продолжува и денеска и се очекува да трае во следите десетина дена. Оваа информација ја соопштија вчеравечер од Владата, по одржаната седница на која била разгледана Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекува да продолжат и деновиве. Портокалова фаза летово за првпат беше прогласена од четвртокот, кога стапија на...

Турција со пеколни температури – жителите и туристите бегаат по околните острови [фото-вест]

Турција, исто како и многу делови од светот се бори со последиците од климатските промени, со оглед на тоа што и таму се засилува жешкиот топлотен бран. Редакцијата на Мета.мк пренесува дел од атмосферата во Истанбул, каде што голем број жители и туристи деновиве се упатуваат на разладување кон околните острови, чекајќи ред за траект. Канцеларијата на гувернерот на Истанбул...

Топлотен бран: излегувајте ако е неопходно, внимавајте на храната и заштитете ги животните

Топлотниот бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, а се прогнозира дека во овие делови од светот во наредните денови ќе бидат забележани рекордни температури. Се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција, јави Би-Би-Си. Од денеска во земјава, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на...

Средношколците можат да се возат бесплатно во ЈСП и за време на летниот распуст

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите за време на летниот распуст, информираше ЈСП Скопје. Како што велат од ова претпријатие, правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во...

Гиро четири евра, а кафе пет – вилите во Грција полупразни пред почетокот на летната сезона

„Солени“ цени во рестораните, но и попусти на некои од основните прехранбени продукти ќе ги пречекаат туристи годинава во Грција, една од најпосетуваните дестинации за македонските граѓани, пишува Порталб.мк. Но, за разлика од минатите години, оваа сезона според оценки на грчки угостители не стартува со полн ек. На прагот на летото, голем број од сместувачките капацитети се полупразни. Она што...

Не излегувајте во периодот од 10 до 14 часот, апелира Министерството за здравство

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на земјава, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Ако УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се...

РСБСП апелира до возачите да возат одморени за време на долгите патувања и почесто да прават паузи

Летото е период кога температурите секојдневно се издигнуваат над 30°C. Во вакви услови возењето и патувањето стануваат се потешки и бараат многу повеќе внимание, концентрација и фокусираност. Високите летни температури влијаат на способноста на возачот, влијаат на техничката исправност на возилото, а секако влијаат и на условите на патот. Со цел безбедно патување, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на...

Летово регистрирани 43.928 прекршоци за неносење маска, полицијата најстрога била во јуни (инфографик)

Полициските службеници изминатово лето регистрирале 43.928 прекршоци за неносење маска низ градовите во земјава. Во текот на летниот период, односно месеците јуни, јули и август, најмногу прекршоци за неносење маска (20.026) се регистрирани во месец јуни, а речиси двојно помалку се констатирани во текот на јули (11.054), покажуваат податоците на МВР. Мерката за прекршоци беше донесена на 22 април годинава,...

Епидемиолозите предупредуваат дека на есен случаите на ковид ќе бидат многу побројни од сега

Собирањето на повеќе луѓе на едно место, како што последно се случи вечерта по изборите или сите други приватни собири на кои секојдневно сме сведоци, можат да го зголемат бројот на новозаразени лица со ковид-19, предупредуваат епидемиолозите, кои нагласуваат дека ако не се почитуваат препораките за лична заштита, бројот на нови случаи на ниво на држава, нема да се...

Променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура се движеше од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува...

Првиот ден на летото сончев со умерена облачност, на западот попладне невреме

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура се движеше од 14 до 19 Целзиусови степени, а  дневната ќе изнесува од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде 8. Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната...

Утре почнува летото

Од утре во Македонија и на северната хемисфера почнува летото. Истовремено, на јужната полутопка настапува зимата. Во Македонија летото ќе почне утре 12.07 часот. Сонцето ќе изгрее во 4.58 часот, а ќе зајде во 20.12 часот. Утрешниот, 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Летото ќе заврши на 22 септември, кога ќе почне есента. На...

Високите температури предизвикаа пожари во Грција, Португалија и на Корзика

Високите температури и сувиот воздух предизвикаа нови пожари на југот на Европа, а најмногу во Грција, Португалија и на Корзика. Пожарот што изби во село кај Атина, уништи неколку куќи и го примора локалното население да ги напуштат домовите. На францускиот остров Корзика поради пожари евакуирани се околу 1.000 луѓе. Пожарите избувнале во четвртокот, пренесуваат локалните медиуми. Повеќе од 4.000 пожарникари се борат...

„Охридско лето“: Вечерва концерт на „Судар перкашн“ и музика за удирачки инструменти

Во предворјето на црквата „Света Софија“ вечерва, со почеток во 21 часот, ќе настапи Ансамблот „Судар перкашн“ од Хрватска. На програмата на концертот, кој е во рамките на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“, се дела од Мештровиќ, Моцарт и од други композитори. Ансамблот е формиран во 2010 година за да се поттикне развојот и создавањето на музика за удирачки инструменти. Во ансамблот членуваат млади...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...