fbpx
Таг: Ленче Ристоска

таг: Ленче Ристоска

Министерот Лога ja именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со ЕВРОПРАВДА

Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на РСМ ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со ЕВРОПРАВДА. Лога ѝ посакал успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда. Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година, согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка...

Мрежа за заштита од дискриминација: Советот на јавни обвинители да се извини за навредите кон КСЗД

Мрежата за заштита од дискриминација бара од членовите на Советот за јавни обвинители да се извинат за навреди кон Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а во исто време бара да преземе мерки за заштита од родова дискриминација во институцијата. „На 95-та седница на Советот на јавни обвинители, одржана на 11 јануари, се дискутираше за мислењето на Комисијата за...

Жените кои не молчат пред корупцијата: Ристоска, Дамева, Ивановска, Адеми, Трповска

За да се разбере најдобро степенот и напредокот во борбата против корупцијата во годината што измина, доволно е да се прочита втората реченица од Извештајот на Европската комисија во делот на борбата против корупцијата која буквално кажува сè - „не е постигнат никаков напредок“. Корупцијата како најверен, долгогодишен „пријател“ на земјава, си го задржа својот статус во речиси секоја пора...

Советот на јавни обвинители не ѝ се извини на Ленче Ристоска за утврдената дискриминација

Иако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) препорача поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, а сега член, Антонио Јолевски да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска за дискриминација, тоа не било сторено на вчерашната седница на Советот, иако се дискутирало за таа точка. За случајот извести Коалицијата „Сите за правично судење“, од каде изразија сериозна загриженост,...

КСЗД: Обвинителката Ристоска е дискриминирана, Советот на јавни обвинители да ѝ се извини

Поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, а сега член, Антонио Јолевски треба писмено да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска за дискриминација, во рок од 30 дена од приемот на мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Ова е препораката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) која утврди дека обвинителката била дискриминирана при...

Контраспин: Јолевски спинува околу случајот со обвинителката Ленче Ристоска

Наместо претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО), Антонио Јолевски, да ја повика обвинителката Ристоска на разговор од кој можеби и ќе дознае кој тргувал со влијание од Советот, тој и Советот ја упатуваат пред Етички совет за да оценел дали Ристоска со критиките и барањата за трансформација на СЈО сторила дисциплинска повреда и им го нарушила угледот. Ова,...

Ристоска во завршните зборови за „Таргет-Тврдина“: Не е сценарио за филм, ниту крими роман туку афера за која има докази

Денеска, во Кривичниот суд во Скопје, обвинителството и одбраната ги имаат завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на незаконското прислушување во Македонија во периодот од 2008 до 2015 година. Обвинителката Ленче Ристоска пред судот објасни како се случувало прислушкувањето, како се ваделе материјали, кој имал пристап до системите. Имено, според обвинителството, незаконското прислушување се одвивало преку три системи...

СЈО официјално згасна, но борбата за правда не застанува, вели Фетаи

Од денеска стапува во сила новиот Закон за јавно обвинителство. Со тоа и официјално престанува да постои Специјалното јавно обвинителство, СЈО, кое беше во центарот на вниманието на јавноста додека ги водеше истрагите и покренуваше обвиненија против членови на поранешната власт, но и поради случајот „Рекет“ во кој специјалната обвинителка Катица Јанева веќе има првостепена осуда на 7 години...

СЈО и понатаму ќе отвора истраги, рече обвинителката Ристоска

Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа, порача обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, на конференцијата организирана од Институтот за европска политика -ЕПИ, за...

Груевски до Ристоска: Кадија те тужи, кадија те суди

„Кадија те тужи, кадија те суди“ и реплицираше поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, во продолжението на денешното рочиште за случајот „Тенк“, откако обвинителката претходно му се обрати на Груевски со народната поговорка „На човек на сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш“. - Не бараме ништо со...

Ристоска до Груевски: На човек на сила можеш да му земеш, не и да му дадеш

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска му се обрати на поранешниот премиер, Никола Груевски со народната поговорка „На човек на сила можеше да му земеш, но не и да му дадеш“, на денешното рочиште за случајот „Тенк“, откако адвокатите на одбраната се обидоа да ја прекинат и одложат расправата, бидејќи немале време да го разгледаат цд-то со записникот од претходното...

Шврговски најави жалба на пресудата за Грујовски за „Тврдина 2“

Адвокатите на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, најавија жалба на пресудата за една и пол година затворска казна, по завршувањето на денешното рочиште на кое судијката Лидија Петровска ги соопшти пресудите и казните за обвинетите во случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство. - Ние очекувавме ослободителна пресуда бидејќи сме на став дека не постои како објект на заштита...

Ристоска задоволна од пресудата за Грујовски – прва во корист на СЈО

Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска изрази задоволство од пресудата за поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујoвски, и за шесте службенички во УБК, осудени за уништување и за незаконското палење на илјадници списи во случајот „Тврдина 2“, како и за фалсификување службена исправа. - Денеска СЈО ја доби првата пресуда. Обвинетите се осудени, а ваквата пресуда беше според нашите...

Ристоска: Државата треба да заземе посериозен пристап во борбата против перењето пари

Македонија треба конечно да заземе посерозен пристап во борбата против перењето пари, кој треба да биде инклузивен и интердисциплинарен, изјави обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, по отворањето на денешната меѓународна конференција за спречување на перење пари и финансирање тероризам, што се одржа во Скопје, во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ). На конференцијата, покрај Ристоска,...

Ристоска побара од судот максимална казна за Грујовски за „Тврдина 2“

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, денеска побара од судот максимална казна за поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, за случајот „Тврдина 2“, додека за другите шест службенички од УБК, обвинети во случајот, таа му предложи на судот да им одреди алтернативни, односно условни казни. Инаку, Грујовски и службеничките во УБК беа обвинети за уништување на документацијата од...

Рочиштето за „Тврдина 2“ одложено, се чека известување од МВР за Грујовски

Денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ се одложи бидејќи судот и СЈО го чекаат известувањето од Eдиницата за потраги на МВР во врска со достапноста на обвинетиот во случајот, Горан Грујовски, кој е во бегство и по кого е распишана потерница. Известувањето е неопходно за да може СЈО да побара на Грујовски да му биде судено во отсуство. Обвинителката на СЈО,...

ВМРО-ДПМНЕ: Дејствувањето на СЈО е израз на стравот на СДС дека губи на изборите

Секогаш кога на СДС му е потребно дефокусирање од реалните теми и скандали, се активира алатката СЈО, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата дадена на обвинителка од СЈО, Ленче Ристовска, во врска со случајот „Талир“. „СЈО покажа дека е продолжена рака на СДС, чија единствена цел е политичка борба со ВМРО-ДПМНЕ. Дејствувањето на СЈО е израз на стравот на СДС...

Ристоска: Замрзнувањето на имотот ќе го заштити ВМРО-ДПМНЕ од раководството

Со замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ (седиштето на партијата) би се ставило забрана за раководните лица во партијата да не можат тој имот да го продадат и со тоа да нанесат дополнителна штета на политичката партија, изјави обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, по седницата во Врховниот суд. Седницата беше по повод барањето на СЈО, Врховениот суд да ја прогласи незаконита...

Мијалков даде збор дека редовно ќе се јавува во суд

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска пред тричлениот совет на Апелацискиот суд Скопје изјави дека нема зошто да бега од државата, бидејќи е убеден во својата невиност и оти верува дека во понатамошната постапка и судот ќе го увиди тоа, пренесува „Нова ТВ“. Апелацискиот суд денеска ги разгледува жалбите на Специјалното јавно обвинителство и...

Расправата за „Тврдина 2“ се одложи, Шврговски не стасал да го види предметот

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Тврдина 2“, на кое требаше да почне главната расправа, се одложи за 26 септември, на барање на Љупчо Шврговски и на Миле Петровски, застапници на обвинетите. Шврговски од судијката Лидија Петровска побара да го одложи рочиштето бидејќи, како што рече, непосредно пред неговото одржување бил ангажиран за бранител на првообвинетиот Горан Грујовски и...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...