fbpx
Таг: лекување во странство

таг: лекување во странство

Владата ќе бара решение како да се подмират трошоците за лекување на 18-годишниот Леонид

Владата на вчерашната седница го разгледала случајот на 18-годишниот Леонид Индов кој се лекува во Виена по здобиени повреди лани во Грција, а за случајот детално информирал министерот за здравство Илир Демири. „Образложени беа досегашните процедури што се водат пред надлежните институции и се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов“, информираат од Владата. Во врска со ова...

Државата не може да го плати лекувањето на Леонид и Јани во странство поради закон стар 24 години

Точно 24 години (од 2000 година) е стар Законот за здравствено осигурување со кој се дава можност пациенти од земјава кои се осигурани да се лекуваат во странство на државна сметка ако се исцрпени можностите за лекување во државата. Со овој закон е утврдено дека Фондот за здравствено осигурување не можи да ги покрие трошоците за специјализирана медицинска рехабилитација. Токму...

Манолева: Родителите на Леонид не побараа мислење за негова рехабилитација во земјава

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева тврди дека родителите на 18-годишниот Леонид Индов не побарале никакво мислење од соодветните институции за можноста или неможноста за рехабилитација на нивното дете во македонските установи. Изјавата следува откако македонската јавност се крена на нозе, а по информацијата дека Леонид, кој на 6 февруари годинава со хеликоптер на МВР беше испратен на лекување во Виена,...

Што содржи конзилијарното мислење за младиот Леонид: „Исцрпени се сите можности за лекување во Македонија“

Тројца доктори, заедно со медицинскиот и организацискиот директор на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ (Tрауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар), на 25 јануари годинава го потпишале конзилијарното мислење со кое 18-годишниот Леонид Индов се упатува на лекување во странство, затоа што се исцрпени сите можности за негово лекување во земјава. Документот до кој дојде Мета.мк јасно покажува...

Две недели откако го испратија со хеликоптер, ФЗО даде негативно мислење за лекување на Леонид во Виена

Пред точно две недели, на 6 февруари 2024 година, во 06.30 часот, главната вест во медиумите беше првиот меѓународен лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР, со кој за медицинско лекување од Скопје до Виена, Австрија беше транспортиран пациент – младото момче Леонид Индов. Овој настан одекна со голем аплауз и...

ДЗР: За две години, граѓаните во приватното здравство прелеале 18,6 милиони евра за ковид тестови

Сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и направени 819.240 тестови за две години, од граѓаните во приватното здравство се прелеани повеќе од 18,6 милиони евра, покажа ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на за 2020 година. Како што стои во објавата на ревизорите, изразено е мислење со...

ФЗОРСМ: Сè почеста е злоупотребата на донации за лекување во странство

Фондот за здравствено осигурување реагира поради, како што велат, сè почестата злоупотреба од граѓани кои собираат донации за лекување во странство. „Во последно време има наплив на барања кои кружат на социјалните мрежи со молба граѓаните да се солидаризираат и да помогнат со уплата на телефонските броеви за донација или директно на сметка во банка“, велат од ФЗОРСМ појаснувајќи дека...

Таткото на Ева: Пред мене од ФЗОМ зборуваа со лекарот во Германија

Моето дете ништо не може да го врати. Јас собрав од донации 200.000 евра, но сега сè е залудно. Велам дека не е точно тоа што се кажува за обидот да ја лекуваме Ева во Германија, за „Независен“ вели Благојче Крстаноски, татко на 11-годишната Ева, која почина пред да замине во странство. - Не е важно дали државата ќе потроши...

Дончев: Болницата од Германија не испрати понуда за лечење на Ева

Вкупно три понуди од странски болници добил Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за лекување на малата Ева Крстановска, од кои две од турски болници и една од болница од Италија. Од болницата во Германија не стаса понуда и демантираме дека лекувањето во неа би чинело 200.000 евра, рече на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев. Тој изрази сочувство до семејството...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...