fbpx
Таг: лекови

таг: лекови

Лекот Фавипир за лекување на ковид-19 одобрен од Агенцијата за лекови, ќе се користи по препорака на лекар

Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со ковид-19, поткрепена со сè почестите барања на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност на лекот на favipiravir (фавипир), информираат од таму. „Во таа насока, сакаме да укажеме дека пациентите ќе можат да го...

Вистиномер: „Лук и вода“ не е чудотворен лек за корона вирусот

Објавата која циркулира на Фејсбук веќе седум месеци ги доведува во заблуда граѓаните дека со консумација на „стар кинески лек“ – напиток од 8 исецкани чешниња лук зовриени со 7 чаши вода, лесно се победува корона вирусот. Ваквата дезинформација е разобличена и оценета како лажна од повеќе сервиси за проверка на факти, а исто така, и Светската здравствена организација...

„Платформа за родова еднаквост“: Министерството за здравство да ги усвои протоколите за абортус со лекови

Во итните напори да се справат со пандемијата, владите во светот заборавија на абортусот, како есенцијална здравствена услуга. Во голем број на земји пандемијата беше изговор за докторите да не го нудат абортусот, опишувајќи го како „неесенцијален“, „неитен“ или „рутински“. Владите мора да им го олеснат пристапот до безбеден абортус на сите оние девојки и жени на кои им...

Во Грција се шират дезинформации дека со ковид-19 се воспоставува контрола врз човештвото

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи

По завршувањето на вонредната состојба престануваат да важат неколку одлуки кои го ограничуваа порастот на цените на основните прехранбени производи, јужното овошје и заштитната опрема, а кои беа донесени за да се спречат манипулации во трговијата по појавата на корона вирусот. Министерството за економија ги информира трговците на мало и на големо дека со крајот на вонредната состојба престанува да...

Хронично болните од утре можат да земаат лекови директно во аптека, преку електронски рецепт

Фондот за здравствено осигурување информира дека од утре, 1 мај, воведува пропишување и издавање на лекови без хартија, преку електронски рецепт, еРецепт. за хронична терапија за хронично болни лица. „Тоа значи дека нема потреба хроничните болни да одат кај матичен лекар за да им биде препишан и издаден хартиен рецепт. Наместо да губат време за одење, чекање во ординации и...

Научник од Оксфорд: Во моментов се тестираат 69 лекови против корона вирусот

Не постои режим на исхрана во светот што може да ве направи имуни на корона вирусот. Сепак, се препорачува здрава исхрана која би му помогнала на вашиот имунолошки систем, вели Детина Зали, научник и професор на Универзитетот во Оксфорд, која што во моментов со група научници од Универзитетот Харвард и МИТ работи на детални истражувања. Во изјава за „Порталб.мк“,...

ДУИ ги активира волонтерите на терен во време на изолација, колку можат тие да бидат заштитени?

Во време кога владата постојано апелира како мерка на претпазливост да не се излегува од дома, една од владејачките партии ДУИ повика да се оди по домови на стари лица за да се дава помош. Редакцијата на „Порталб.мк“ постави неколку прашања до оваа партија за тоа како смета дека нема да ги загрозува во поголема мерка граѓаните и нема...

Дончев: Нема земање лек без лична карта, ова го правиме за да имаме контрола

Од први октомври стартуваат новините при издавање и подигање лекови. Ден Дончев, директорот на Фондот за здравство, денеска на брифинг со новинарите рече дека за половина месец се укинуваат квотите, односно ќе стартува т.н. нулта фаза, која предвидува при потпишување рецепт и при подигање на лекот, да се покаже лична карта или пасош. - Рецептите на хартија ќе се елиминираат,...

Филипче: Од почетокот на октомври, лекови на рецепт насекаде и цел месец

Целосно ќе се укинат квотите за лекови на рецепт од 1 октомври низ целата земја, исто како што од почетокот на август ги укинавме квотите во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, потсети вчера министерот за здравство Венко Филипче. „Придобивка од ова решение е надминување на проблемот со недостатокот на лекови, да бидат подостапни за пациентите. Ова е...

Од утре се укинуваат квотите за лекови во туристичките места

Од утре се укинуваат квотите на лекови во туристичките места во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија, односно лекови на рецепт ќе може да се подигнат без ограничување, најави министерот за здравство Венко Филипче. Причината за оваа одлука, е, како што рече Филипче, тоа што , во туристичките места во летниот период поради напливот на гости и брзо трошење на...

Обвинителство нема да покрене постапка за јавните набавки во Министерство за здравство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), односно надлежен обвинител, донело одлука да не почнува постапка зза јавните набавки во Министерство за здравство. „За да постои кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 потребно е јавната набавка да е спроведена на незаконит начин и да има склучен...

ФЗОМ ги зголеми квотите на лекови и за април

Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите на лекови за дополнителни 12.000 денари, поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и по направена сондажа за искористеност на квоти за месец април на приватните здравствени установи аптеки која изнесува од 85 до 90 проценти. „Ова зголемување е обезбедено за секоја...

Возачот не бил под дејство на алкохол или лекови, ќе се испита дали зборувал на мобилен

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека денеска во 13.15 часот завршил увидот на местото каде вчера попладне излета автобусот на „Дурмо Турс“, при што животите ги загубија 14 лица, главно млади луѓе. Известувајќи за сите постапки што се преземени при увидот, од Обвининителството велат дека возачот на автобусот при разговорот со двајцата обвинители не дал релевантни информации за...

Клиниката за хематологија најави засилен мониторинг на јавните набавки со лекови

ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје информира дека организациите „Транспарентност Македонија“ и Здружението на граѓани за борба против рак „Борка“, со свои претставници ќе го мониторираат целокупниот процес на јавни набавки. „Согласно член 30, став 1 од Законот за јавни набавки, со својство на надворешни стручни лица кои не се вработени на клиниката, со делегирана надлежност да го следат и да...

Филипче: Намалени се максималните цени на 336 генерички лекови

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека намалени се максималните цени на вкупно 336 генерички и 222 оригинаторни лекови, односно таканаречени иновативни лекови. Тој додаде дека согласно Законот за лекови и медицински средства и методологијата за начинот на утврдување на цените на лековите, Министерството за здравство спроведе годишна ревизија на цените на сите лекови, кои се издаваат на рецепт. - Намалувањето на...

ФЗОМ ќе ги зголеми квотите на лекови во аптеките за овој месец

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) одлучи да ги зголеми квотите на лекови за овој месец во износ од 15 милиони денари кои ќе бидат линеарно распределени по аптеките, рече денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев. Тој додаде дека вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно, ќе има...

СДСМ: ОЈО да ги расчисти злоупотребите во Домот за стари лица во Прилеп

Членот на Советот на Општина Прилеп од СДСМ, Александар Китаноски бара Основното јавно обвинителство да ги расчисти кривичните пријави против поранешниот градоначалник, Марјан Ристески и поранешните директори на Домот за стари лица, Ирена Стерјовска Локвенец и Дарко Рибароски, за кои вчера актуелниот директор на оваа институција ја извести прилепската јавност. - Веднаш да се расчистат сите индиции од кривичната пријава дека, поранешниот...

Филипче: Ќе правиме реформи за никогаш повеќе да нема здравствени кризи

Ќе направиме се, па и измени на законската регулатива за никогаш повеќе да не се повтори криза како оваа со инсулинот и сите лекови во иднина да се набавуваат дури и предвреме. Ќе направиме и целосна надградба на електронскиот систем во здравството за тој да ги опфати сите институции и да ја олесни работата и да ни овозможи многу...

СЗО: 11 отсто од лековите во земјите во развој се фалсификувани

Светската здравствена организација соопшти дека околу 11 отсто од лековите во земјите во развој се фалсификувани. Како што наведуваат од СЗО, таквите лекови веројатно се причина за смрт на десетина илјади деца од болести како што се маларија и воспаление на белите дробови. Ова е прв обид СЗО да направи проценка и да го разгледа овој проблем, јавуваат светските агенции. Експертите разгледале...

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...