fbpx
Таг: лекари

таг: лекари

Светски ден на здравјето: Пред 20 години имало 18.000 лекари, сега има околу 6.000

Пациентите сè уште немаат пристап до лековите од новата ажурирана позитивна листа, која се најавува веќе две години. Дијабетичарите велат дека ако антидијабетна терапија ги чинела 70 евра месечно, сега за неа мора да плаќаат 120 евра. Пациентките, пак, и натаму мака мачат да стасаат до термин за мамографија и ехо на дојка три месеци, бидејќи нема термини во...

„Не сакаме да си одиме, вие нè бркате“, специјализантите на протест побараа повисоки плати и регулиран работен однос

„Наша борба, ваше здравје“, „Плати скромни, трошоци огромни“, „Ние не сакаме да си одиме, вие нè бркате“. Ова се само некои од транспарентите со кои денеска, неколку стотици лекари специјализанти, побараа повисоки плати и регулиран работен однос. Тие незадоволството од третманот кон нив го искажаа пред зградата на Министерството за здравство. „Бараме покачување на платата на приватните специјализанти согласно просечна...

Докторите кои апелираат за вакцинација не се „убијци во бели мантили“

Објавата шири теорија на заговор, ги жигосува докторите кои апелираат да се спроведе задолжителната имунизација, нарекувајќи ги „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и со заканувачки тон тврди дека „ќе им се суди за геноцид“. Наспроти ваквите напади врз докторите, вакцинацијата на децата е задолжителна и за неа е изготвен Календар за имунизација, кој се спроведува согласно возраста...

Младите лекари добија зелено светло – почнуваат со платената пракса што ја чекаа со месеци

По три месеци поминати во исчекување и бирократски одложувања, околу 100 млади лекари од оваа недела започнуваат со платена пракса. И покрај тоа што ги завршија студиите, а државниот испит го положија во декември, овие млади доктори со месеци не беа викнати во ниту една здравствена установа во земјава на задолжителната пракса што мора да ја поминат ако сакаат...

Дури 80 отсто од лекарите во земјава биле изложени на насилство на работното место

Податоците на Лекарската комора говорат дека 78 отсто од докторите, пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а 80 отсто биле изложени на вербално насилство. Ова го истакна денеска министерот за здравство д-р Илир Демири, по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, 12 Март. „Насилство врз здравствен работник...

Праксата им следува со закон, но нема каде да почнат – младите лекари бараат решение за проблемот

После шест години редовни студии и шест месеци поминат стаж за полагање на државен испит, оставени сме во агонија и загриженост за нашата иднина. Ова е коментарот што денеска го дадоа претставници на десетици млади лекари кои државата ги остави без практична работа по завршување на студиите и полагањето на државен испит. Тие три месеци чекаат да бидат викнати на...

Не е точно дека три лица по кои се трагало за случајот „Онкологија“ избегале во странство

Предметот за Клиниката за онкологија премина од предистрага во истрага, а осомничени се пет лица. Но, според обвинителката која го води предметот Ана Гоговска Јакимовска, нема лица по коишто ОЈО трага, а кои се недостапни, односно нема лица што избегале во странство. Постојат други изолирани случаи поврзани со Клиниката за онкологија каде на некои поранешни вработени на Клиниката за...

Годинава стручен испит положиле 440 лекари

Во десет испитни сесии кои биле организирани во текот на годинава стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање лиценца за работа, соопшти Лекарската комора. Најголем интерес за полагање стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија, кога положиле 232 доктори на медицина. Инаку, докторите на медицина по завршување на Медицинскиот факултет и...

ЕУ: Здравството ви е за ремонт, медицински сестри и специјалисти заминуваат во странство

Беше направена првата трансплантација на црн дроб во земјата. Но, остануваат да се решат многу предизвици во областа на јавното здравје, посебно во однос на контролата на тутунот и достапноста, потоа, опсегот на здравствените услуги, финансирањето на примарната здравствена заштита, а треба да се подобри и  скринингот за рак. Освен тоа, усогласувањето на македонското здравство со здравственото законодавство на...

Измама: Д-р Кедев и д-р Таточенко, злоупотребени за продажба на нерегистриран лек за хипертензија

Фотографиите на професор д-р Сашко Кедев и на познат руски педијатар се злоупотребени во измамничка реклама за наводен лек за хипертензија и ризик од кардиоваскуларни заболувања. Лекот не е лек затоа што го нема во регистерот на лекови во С. Македонија, ниту пак може да се купи во аптеките низ земјава, туку само онлајн за цена од 1990 денари,...

Да престане јавниот линч врз докторите, бара Лекарската комора

Потребно е итно носење на посебен Закон за заштита на докторска дејност со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на докторите, порача Лекарската комора во својата осуда на јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за сторена лекарска грешка. Ова е втора ваква реакција на Лекарската комора, откако и на Светскиот ден...

Светски ден на здравјето: Лекарската комора бара да престане неаргументираниот линч врз лекарите

Лекарската комора преку соопштение по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето, повикува да се најдат начини да се најдат механизми за редистрибуција на постоечкиот медицински кадар, бидејќи најголема концентрација на лекари има во Скопје. Исто така, тие повикуваат да се најдат поедноставни политики за вработување во јавното здравство и прекин на линчот врз лекарите, без аргументи. Според Регистарот на...

ФЗО: Со хакерскиот напад на системот не се украдени податоците на граѓаните

Фондот за здравствено сигурување (ФЗО) демантира дека со хакерскиот напад врз системот се украдени податоците на граѓаните. „Остро ги демантираме наводите дека податоците на граѓаните се украдени. Фондот за здравство ја уверува јавноста дека здравствените и лични податоци на граѓаните се целосно безбедни и дека граѓаните треба да бидат спокојни. Како што ја информиравме јавноста уште од почетокот, при сајбер нападот...

Лекарската комора бара институциите да ги заштитат лекарите кои се злоупотребуваат за лажно рекламирање

Во последно време стана зачестена појавата на лажни и манипулативни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи кои се пласираат на интернет, реагираат од Лекарската комора на Република Северна Македонија. Оттаму велат дека ги осудуваат сите обиди за злоупотреба на професионалниот интегритет и авторитет на лекарите преку различни реклами за лекови, помошни средства за лекување, додатоци во исхраната и...

Венко Филипче злоупотребен за промоција на суплемент преку фабрикувано интервју

Текстот што се пласира на Фејсбук е лажно интервју на извесен новинар Кристи Лиивовгејт со ексминистерот за здравство Венко Филипче. Во текстот, Филипче наводно промовира производ, Cardione, кој корисниците на социјалните мрежи се наведуваат да го купат, бидејќи наводно ќе им ги прочистел крвните садови. Филипче за Вистиномер демантираше дека воопшто дал такво интервју и дека промовирал производ кој...

Докторите на кралицата Елизабета Втора загрижени за нејзиното здравје

Лекарите се загрижени за здравјето на британската кралица Елизабета Втора и советуваа таа да остане под медицински надзор, соопшти во четвртокот Бакингемската палата. Членовите на потесното семејство се информирани и во моментов патуваат во замокот Балморал, кралската резиденција на кралицата во Шкотска. „По дополнителна проценка утрово, докторите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане...

Oтворен реновираниот хируршки ургентен центар

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со министерот за здравство Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска го отворија реновираниот Хируршки ургентен центар во Скопје. Директорот на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски, ја потенцираше важноста од...

Лекарска комора: Стручниот надзор се врши според годишен план кој го одобрува министерот за здравство

Лекарската комора соопшти дека вршењето на редовниот стручен надзор во здравствените установи и здравствените работници, според Законот за здравствена заштита, го врши по однапред утврден годишен план за кој согласност дава министерот за здравство. Ова соопштение дојде повеќе денови откако беше објавен документарниот филм „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија во кој приватната клиника „Жан Митрев“ беше обвинета за...

Вистиномер: Паушално се тврди дека вакцинацијата на децата против ковид-19 е агенда за нивно убиство

Центарот за контрола и превенција на болести на САД ја одобри вакцината против ковид-19 за децата. Извршниот директор и коосновач на „БајоНтек“, Угур Шахин, веќе изјави дека резултатите се „први и единствени откриени долгорочни податоци кои ја демонстрираат безбедноста и ефикасноста на вакцината против ковид-19 кај поединци на возраст од 12 до 15 години“. Мајо клиниката во САД, пак,...

Сè позастапен е пост-ковид синдромот: Опаѓање на коса, пад на имунитет, главоболки

Вртоглавици, сериозен пад на имунитет, продолжена кашлица, активирани синуси, анксиозност, се само дел од здравствените проблеми и состојби со кои се соочуваат мал дел од лицата кои прележале ковид. Темата за пост-ковид синдром е сериозна и се очекува допрва да се прават анализи и планови за тоа како да се треитраат пациентите кај кои се развиваат ваквите состојби. Општиот лекар...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...