fbpx
Таг: леб

таг: леб

Николовски не гледа причина за поскапување на лебот

Владата на денешната седница донесе одлука за нова финансиска поддршка од 3 денари по килограм на производителите на пченица и јачмен, а помош ќе добијат и производителите на домати и краставици. Притоа, министерот за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека пазарот е стабилен и не постои ниту една причина зошто мелничката индустрија би барала повисоки цени на лебот, во услови...

Од денеска не важат замрзнатите цени на дел од основните прехранбени продукти

Владината одлука за замрзнување на цените за дел од основните прехранбени продукти престанува да важи од денеска. Министерот за економија Крешник Бектеши пред два дена изјави дека нема да ја продолжи мерката, со оглед на тоа што инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува. „Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената...

Трговци казнети со вкупно 15.000 евра оти не ја замрзнале цената на лебот

По одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) претходната недела извршил 300 контроли и издал прекршочни платни налози на трговски објекти во вредност од 960.000 денари, или над 15 илјади евра. Ова на својот профил на Фејсбук го објави директорот на ДПИ, Горан Трајковски. „Пазарниот инспекторат е на терен и интензивно спроведува...

Во Штип не се купува од маалска кооперација, има продавници на големи маркети

Во обид да ги одбрани големите пекари, кои одбија да продаваат леб по 33 денари, цена утврдена од Владата, потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска аргументираше дека во градовите како Штип лебот се продава за 30 денари, бидејќи нема големи маркети. Потрошувачите во Штип, според неа, се снабдуваат од маалски продавници, бидејќи во градот нема големи маркети, како...

ДПИ: 250 контроли и шест изречени казни за трговци што не продаваaт леб до 33 денари

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) на 4 март изврши повеќе од 250 надзори и контроли на територија на цела Македонија и констатира прекршувања на одлуката на Владата за цената на лебот кај шестмина трговци, кои добија прекршочни казни во вкупна висина од 960.000 денари, соопштија во Инспекторатот. „Она што е утврдено од надзорите и контролите е дека поголем број од трговците...

Контраспин: Спинувањето околу лебот им се чини „вкусно“ и на партиите и на бизнисот

„Вистиномер“ утврди повеќе спинови од политичките партии и од дел од бизнис заедницата за причините зошто нема бел и полубел леб во голем дел од продажните места во земјата, состојба што настана по одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари донесена на 28.02.2023 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Откако...

Од утре на рафтовите ќе има леб за 33 денари, производителите почнуваат правна битка со Владата

Од утре во маркетите ќе почне да се испорачува бел и полубел леб од 33 денари, соопштија од Групацијата на мелничко пекарската индустрија. Сепак, како што соопшти претседателот на Групацијата, Горан Малишиќ, ќе биде поведена правна постапка за наплата на штетата што се претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. Малишиќ вели дека Владата донела неуставна и...

Владата ги обврза производителите да произведуваат и продаваат леб, тие најавија реакција денеска

Владата синоќа донесе одлука со која ги обврзува производителите и трговците на леб да произведуваат и продаваат леб по утврдената цена од најмногу 33 денари. Ваквата одлука следува откако пред два дена големите производители и трговци со леб престанаа да доставуваат леб во маркетите како реакција на „замрзнатата“ цена. Од владата велат ако не се придржуваат до одлуката ќе...

Зголемени приходи, намалени загуби – за пекарите, 2022 не била лоша година за работа

Пораст на приходите од редовните активности, зголемен профит или намалување на загубите во споредба со претходно. Компаниите од мелничко-пекарската индустрија кои котираат на Македонската берза не можат да се пожалат на лоши резултати во работењето, покажуваат финансиските резултати кои самите тие ги доставиле до берзата. Инаку, токму поголемите производители на леб донесоа одлука да престанат со производството и дистрибуцијата на...

Рафтовите во маркетите и денеска празни, лебот бргу се троши каде што го има

И денеска во продавниците не се испорачува бел и полубел леб. Откако Владата завчера ја донесе одлуката да се замрзне цената на 33 денари, рафтовите во маркетите останаа празни поради големите производители. Од обиколката што ја направи Мета.мк претпладнево на неколку маркети во Скопје, увидовме дека може да се најде по некоја векна пченкарен или 'ржан леб. Во помалите...

Големите производители не носат леб, помалите ја користат шансата [фото]

Скопските маркети утрово не добија леб од големите производители на овој основен прехранбен производ. Мета.мк направи обиколка на продавниците низ неколку скопски населби и заклучокот до кој дојдовме е дека големите производители на леб, како што се „Жито лукс“, „Уни Лукс“, пекара „Диме“ и останатите фабрики, утринава не доставиле свеж бел и полубел леб до продавниците. Од претпладневната обиколка, свеж...

Бектеши: Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот

На компаниите не им се ускратува ништо, само дополнителниот профит што некои од нив, не повеќе од десетина, сакаат да го прават согласно утврдените планови, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, во врска со одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. „Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител...

Цената на лебот се замрзнува на 33 денари, нема веќе повластена цена на струјата за компаниите

Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари и ја укина субвенционираната цена на струјата за компаниите. Со замрзнувањето на цената, белиот и полубелиот леб сечен на париња или цел од 450 грама, ќе биде 33 денари, а под 450 грама до 33 денари по леб во сооднос со тежината на лебот. Замрзнувањето на цената на лебот ќе важи до...

Пекарите со уцена: Ќе престанеле да произведуваат леб ако се замрзне неговата цена

Пекарската индустрија со уцена до владата откако министерот за економија Крешник Бектеши во саботата најави дека владата утре ќе донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. По денешниот состанок на компаниите од пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија тие се заканија дека ќе престанат со производството на леб, доколку стапи на...

Бектеши: Во вторник ќе се замрзне на цената на лебот на 33 денари

Владата во вторник ќе донесе одлука за замрзнување на цената на лебот, по што белиот и полубелиот леб нема да смее да се продава по цена од над 33 денари. Ова ќе биде само прв чекор, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства...

Порталб анализа: Во некои маркети маслото и лебот поевтинија, се очекува ценовен пад и на други производи

Владата одлучи за фирмите од прехранбената индустрија, да има пониска цена на струјата што треба да резултира со поевтинување на основните прехранбени продукти, пишува Порталб. Иако првите ефекти се очекуваат од 1 декември, деновиве во повеќе маркети се забележуваат ценовни осцилации – производи од ист бренд се продаваат по различна цена, а лебот и маслото за јадење во некои...

Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крајот на годината

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи. Според Одлуката, оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година, известува министерство. „Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која...

Владата ги замрзна цените на основните прехранбени производи

До крајот на јануари цените на основните прехранбени продукти нема да се зголемуваат. На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе одлука цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото место за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, месото, сувомесните производи, сирењето и урдата да останат на ниво од 1 декември. Во зависност од состојбите, доколку има потреба, трањето на оваа одлука ќе биде продолжено. Замрзнувањето на цените на...

Граѓаните нема да останат без леб, залихи на брашно и пченица има

Насловот на текстот „(Видео) ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЕЗ ЛЕБ?: Резерви пченица имаме за 26 дена, камиони ја товарат и носат во Косово?“ предизвикува паника дека македонските граѓани ќе останат без леб, а тврдењето не е поткрепено со никакви докази, пишува „КриТинк“. Информацијата најостро ја демантираше министерот за економија, Крешник Бектеши, кој уверува дека брашно и пченица има доволно, а исто така, дозволен...

МЗШВ: Промена во цената има само на еден тип на леб

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено три компании производители на леб од Скопје и една компанија од Тетово, како поединечна одлука на фирмите. До овој момент големите фирми не ја имаат зголемено цената на лебот. „Сите останати информации се...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...