МЗШВ: Промена во цената има само на еден тип на леб


Скопје, 5 декември, 2018 - 16:30 (META) 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено три компании производители на леб од Скопје и една компанија од Тетово, како поединечна одлука на фирмите. До овој момент големите фирми не ја имаат зголемено цената на лебот.

„Сите останати информации се груби манипулации со јавноста. Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, МЗШВ веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери, која што по жетвата направи јавна набавка од 13.000 тони пченица. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот“, соопштуваат од МЗШВ.

Од таму додаваат дека пченицата е берзански производ и цената ја диктира светската берза.

„Лани и оваа година поради климатските промени имаше помали приноси, што во опкружувањето предизвика недостиг на пченица и зголемување на цената на пченицата и на брашното, што може да е една од причините поради која што неколку компании донесоа одлука за зголемување на цената на еден тип на леб од 15 на 18 денари“, се додава во соопштението.


ССК: Лошата жетва може да влијае на поскапување на брашното и на лебот


Скопје, 14 јуни, 2017 - 15:50 (META) 

Агробизнис-комората при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), предупреди дека пред почетокот на жетвата се очекуваат значително помали приноси, особено во споредба со минатата година, а во одредени региони од земјата нема ниту да има жетва.

Причини за ваквата состоба се лошите временски услови, но и недоволната примена на агротехничките мерки за да може да се спаси родот.

„Очекуваните приноси од пченицата годинава се преполовени во споредба со минатата година. Во вакви услови за стабилизирање на пазарот, препорака е да се изврши интервентен откуп на пченица од страна на Бирото за стокови резерви, пред почетокот на откупот, за да бидат заштитени сите страни и да има стабилност на пазарот. Битно е да се собере секое зрно, бидејќи ако се зголеми откупот, автоматски интересот за сеидба за следната сезона ќе се зголеми, а со тоа и површините со житни култури“, изјави Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис-комората.

Горан Ѓорѓиевски, кој доаѓа од мелничко-пекарската индустрија, вели дека доколку имаме ситуација на зголемување на цената на пченицата, тоа ќе значи зголемување на цената на брашното, а со тоа и на цената на лебот.

„Трба да се напомене дека поради лошата сезона, можно е да потфрли и квалитетот на пченицата. Затоа дел од мелничарите се одлучуваат за увоз на поквалитетна пченица по иста цена со домашната. Минатата година цената на брашното беше 12 денари за еден килограм“, изјави Ѓеорѓиевски.

Според официјалните податоци, минатата година од 80.000 хектари насеани со пченица, родот тежеше 306.000 тони или 60 проценти повеќе во споредба со претходната жетва. Просечениот принос беше 3.800 килограми на хектар.


Разбојник од Струшко добил секира по глава во охридско Ново Село


Охрид, 23 септември, 2016 - 11:56 (META) 

Жител на струшкото село Делогожда се обидел да изврши разбојништво во охридско Ново Село, откако со измама дека му треба леб, влегол во куќата на 56-годишната Ф.А. во 2 часот по полноќ и физички ја нападнал.

Оштетената, која била сама, успеала да дојде до секирата и за да се одбрани, го удрила пријавениот по главата.

Одкако пријавениот Ф.А. паднал на подот, оштетената избегала од куќата и побарала помош кај соседите. По кратко време, со нив се вратила во куќата, но напаѓачот бил избеган.

СВР од Охрид на Ф.А. (38) му поднесе кривична пријава поради основан сомнеж дека сторол разбојништво.


Лебот ќе поевтини од два до пет денари


Скопје, 11 февруари, 2016 - 14:42 (META) 

Цената на лебот ќе се намали за два до пет денари поради поевтинување на српското брашно кое Македонија го увезува, најавуваат од мелничарската индустрија.

Мелничарите побараа итно да се преземат мерки за да се спречи напливот на евтино увозно брашно, кое се увезува по цена колку што чини домашната пченица што мелничарите ја купуваа во жетва.

Тие предупредуваат дека доколку не им се помогне во најкраток можен рок, голем дел од нив ќе ги затворат своите објекти или нема да можат да откупуваат оваа година.


Нов леб од „Жито лукс“, кој трае една недела


Скопје, 13 ноември, 2014 - 13:17 (META) 

Компанијата „Жито лукс“ произведе нов бел леб на парчиња со свежина и со вкус кои траат и до една недела.

Продолжената свежина, вели продукт-менаџерката на компанијата, Даница Ническа, е добиена со иновативниот метод на пакување и на пастеризација, која се состои од две фази на печење преку кои лебот го задржува вкусот, квалитетот на составот и сите хранливи состојки во текот на една седмица.

Таа најави дека „ Жито лукс“ ќе продолжи да ја збогатува понудата на лебови и континуирано ќе го подобрува квалитетот без притоа да додава конзерванси.


Босанците увезуваат леб!


Сараево, 9 ноември, 2014 - 14:05 (META) 

По неконтролираниот увоз на вода, млеко, како и на многу суровини и преработки, во Босна и Херцеговина се увезува и леб.

На полиците за прехранбени производи во Босна и Херцеговина, се нуди увозен леб, пренесува „Фена“.

Спакуван во пластични вреќички од 500 грама, овој тост-леб е увезен од Полска, а продажната цена му е 0,7 евра.