fbpx
Таг: ЛДП

таг: ЛДП

ЛДП: Партиите и институциите да покажат зрелост и да се направи брз трансфер на власта

Либерално-демократската партија денеска ги повика сите политички субјекти и институции во Македонија да покажат зрелост и да се изврши брз и мирен трансфер на власта. „Процесот на формирање ново парламентарно мнозинство мора да биде поврзан со формирањето на нова влада во Македонија и тоа што е можно поскоро. Демократските процеси во државата мора да продолжат. Сите заеднички мора да се...

ЛДП бара нов закон за употреба на канабис

Либерално-демократската партија денеска соопшти дека преку пратениците во Собранието на Република Македонија ќе достави предлог до новата влада за носење на ново законско решение за легализација на канабисот за медицинска употреба и за декриминализација на канабисот за лична употреба. „Предлог-законот ќе биде усогласен со потребите на сите засегнати страни и во соработка со граѓанскиот сектор. Зголемената понуда на масло од...

ЛДП: Власта во заминување да не си игра со егзистенцијата на вработените во МЖ

Шести ден патничките и товарните возови во Македонија не сообраќаат поради протестот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат исплата на јануарската плата, а штети трпат и патниците и компаниите, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). Во него се додава дека ова е уште еден доказ дека власта во заминување си поигрува со егзистенцијата на вработените во МЖ...

ЛДП: Зврлевски потврди дека е последното упориште на режимот на Груевски

Првиот човек на Јавното обвинителство на Македонија, Марко Зврлевски, уште еднаш потврди дека е последното упориште на режимот на Никола Груевски, велат од Либерално-демократската партија, во врска со вчерашното соопштение на Јавното обвинителство дека е отворена истрага против поранешни високи функционери на МВР и други правни и физички лица од Скопје, Куманово и од Струмица, поради изборни нерегуларности. „Јавниот обвинител,...

ЛДП: Власта во заминување ја „промовира“ државата и по отровот што го дишеме

Власта во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на сите нас, ја „промовира“ државата во светот и по отровот што го дишеме, велат од ЛДП. „Трите најголеми градови во Македонија, Скопје, Битола и Тетово, ги полнат весниците и научните списанија низ светот токму поради енормно загадениот воздух кој, за жал, секојдневно го дишеме ние и нашите сограѓани. Власта на ВМРО-ДПМНЕ...

Милевски на средба со Гуерини: Коалицијата за живот во Македонија ќе формира влада

Делегација од Либерално-демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, вчера попладне со првиот советник за политички прашања при мисијата на ОБСЕ, Симоне Гуерини, разговараа за актуелната политичката ситуација во Македонија. На средбата, како што се наведува во соопштението на ЛДП, Милевски истакнал дека Коалицијата за живот во Македонија е онаа која ќе ја формира новата влада, за што веќе се...

ЛДП: Да престане хајката против амбасадорите пријатели на Македонија

Либерално-демократската партија изрази загриженост за последните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, со кои, како што велат, свесно се нанесува штета на односите помеѓу државата и западните земји - пријатели на Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ во еден ден успеа да се скара со САД, Германија и со ЕУ, откако без трошка срам и почит кон функцијата, безочно бараше „виновници“ за политичката криза во амбасадорите Бејли, Алтхаузер...

ЛДП: Груевски да даде отчет за лажираниот инвестициски „бум“

„Пропаднаа во вода лагите на Груевски дека од Македонија направил одлична бизнис-дестинација, со голем економски потенцијал и „сцена за светската бизнис-публика“. Затоа го повикуваме Груевски и неговиот инвестициски „дрим тим“ да дадат отчет пред македонските граѓани за нереализираниот ’инвестициски бум’“, порача ЛДП во реакција по вчера објавеното истражување на проектот „Призма“ на БИРН, кое покажа дека странските инвестиции се седум...

ВМРО-ДПМНЕ: За потребата од екстерно тестирање знаеја и СДСМ и ЛДП кога беа власт

Потребата за екстерно тестирање е препознаена уште во периодот кога СДСМ и ЛДП беа на власт, односно во рамките на Националната програма за развој на образованието во Република Македонија ‎2005-2015, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на Либерално-демократската партија. „Очигледно е дека за ЛДП, исто како и за СДСМ, воведувањето какви било реформи меѓу кои и образовните...

ЛДП: Со екстерното тестирање власта го продолжува насилството врз граѓаните

Со завршувањето на зимскиот распуст и почетокот на второто полугодие од оваа учебна година, продолжуваат фрустрации за околу 20.000 матуранти, за нивните родители и блиски поради екстерното тестирање, кое е „бесмислен каприц“ на власта на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Либерално-демократската партија (ЛДП). Од партијата велат дека е нелогично само со прашања со заокружување, кои треба да се научат напамет, да се...

ЛДП бара Груевски да го врати мандатот и да се формира реформска влада

Либерално-демократската партија бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да го врати мандатот за составување влада бидејќи, како што велат од ЛДП, на државата ѝ е потребна влада која ќе почне темелни реформи базирани врз препораките на извештајот на Прибе. „И по една недела од доделувањето на мандатот, Никола Груевски не успева да формира влада. Напротив, тој и понатаму си игра...

ЛДП бара да се засилат активностите за чистење на снегот по патиштата

Либерално-демократската партија денеска побара засилени активности на надлежните институции за подобрување на состојбите на патиштата. „И покрај тоа што лошата временска состојба, односно снежните врнежи и ниската темература беа најавени десетина дена порано, голем дел од патиштата долго време беа непроодни. Големи застои и тешкотии во одвивање на сообраќајот имаше и на меѓународните патни правци на Коридорот 10 и на...

Политичките партии да ги тргнат канџите од ДИК, порача ЛДП

Политичките партии, учесници во изборниот процес да престанат со вршење притисоци врз работата на Државната изборна комисија, порача денеска Либерално-демократската партија, додавајќи дека е неприфатливо какво било мешање во работите на ДИК, па ни најмала интервенција врз процедурите на нејзиното одлучување. „Членовите на ДИК да не потклекнуваат на политичкото влијание и на притисоците,  да не потклекнуваат на пресијата од повикот на...

ЛДП: Постојат решенија за намалување на загадувањето на воздухот

Државни инвестиции во производство на енергија од обновливи извори, итна забрана на увоз на стари возила, стимулација на користење на електрични возила, изградба на подземни сообраќајници во големите градови, се некои од мерките кои Либерално-демократската партија ги предлага за да се намали загадувањето на воздухот. - Загадувањето на амбиентниот воздух е една од најголемите закани по здравјето на граѓаните. Веќе...

Изборите и човековите права, теми на разговор помеѓу европарламентарците и ЛДП

Делегација на Либерално-демократската партија во состав Филип Аврамчев и Јасмина Конеска, денеска оствари средба со европратениците Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн. За време на средбата, присутните се осврнале на неколку теми, меѓу кои и Договорот од Пржино, како и изборите на 11 декември. На европратениците им биле презентирани програмските приоритети на ЛДП, економијата, екологијата и човековите права. Европратеникот Вајгл сериозно бил...

Бриселската тројка на средби со Катица Јанева и со партиите

Тројцата известувачи на Европарламентот за напредокот на Македонија, европратениците Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан и Иво Вајгл, утринава пристигнаа во Скопје и ги почнаа средбите со македонските претставници, при што разговараа за подготовката за изборите и за текот на изборната кампања. Европратениците во моментов имаат средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а потоа е предвидено да имаат средба со лидерот на...

ЛДП: Груевски да понесе политичка и морална одговорност поради масовното прислушување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и за уништувањето на демократијата воопшто, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). - Наместо да се крие зад пораки на „Фејсбук“ за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската јавност и да се извини...

ЛДП: По изборите ќе бараме да се избрише „ВМРО“ како предзнак на политички партии

Предзнакот „ВМРО“ денеска е узурпиран од политички партии кои сакаат да ги присвојат само за себе придобивките на славната организација од минатото, иако немаат ништо заедничко со нејзините цели и традиции, велат од Либерално-демократската партија. „Либерално-демократската партија им го честита на граѓаните на Република Македонија, 23 Октомври - Денот на Mакедонската револуционерна борба. Предзнакот „ВМРО“ денеска е узурпиран од политички...

Горан Милевски е единствен кандидат за пратеник на ЛДП од Битола

Горан Милевски е единствениот кандидат за пратеник на Либерално-демократската партија (ЛДП) од Битола што општинската огранизација на партијата го предложила за петтата изборна единица. Милевски се очекува да биде меѓу првите на листата на опозицијата предводена од СДСМ. Меѓу битолчани сè погласно се зборува дека Милевски ќе биде и носител на листата во петтата изборна едница, со оглед дека е лидер...

ЛДП Битола: Нерамномерниот економски развој ја уназади државата

Загрижувачки е трендот на сè поголемиот нерамномерен развој на планските региони во Македонија, а особено назадувањето на Пелагонискиот Регион, во однос на Скопскиот Регион. Така жителите на Скопско земаат двојно повисока бруто-плата во однос на жителите на Пелагонија. Со вакви анализи и обвинувања на сметка на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој, денеска на прес-конференција...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...