fbpx
Таг: лажни вести

таг: лажни вести

РСЕ: Велешани повторно мамат и заработуваат на Трамп

По големата приказна дека претходните претседателски избори во САД, Доналд Трамп ги добил со помош на велешани, сега, пред новите избори во Америка, велешани повторно мамат и заработуваат на интернет, со продавање „милионски“ картички кои би добиле на вредност кога Трамп ќе победи, пишува Радио Слободна Европа. Најновата „жртва“ е бабичка од 86-години од САД, Ен Братон, која мислела дека...

Со дезинформации се урива финансиската помош за Украина

Во регионот се шират лажни вести за тоа дека украинскиот претседател, Володомир Зеленски купил две јахти во износ од 74 милиони евра, со пари добиени од САД за одбрана на Украина од руската агресија. Станува збор за фабрикувани документи кои наводно покажуваат дека сопственици на јахтите се двајца блиски соработници на Зеленски – браќата Борис и Сергеј Шефир. Овојпат веста не потекнува...

Би-би-си: Лажни видеа ги шират руските лаги до милиони гледачи на ТикТок

Руска пропагандна кампања која вклучува илјадници лажни кориснички сметки на ТикТок што шират дезинформации за војната во Украина, е откриена од страна на Би-би-си. Видеата рутински привлекуваат милиони прегледи и имаат очигледна цел да ја поткопаат поддршката на Западот, пишува Би-би-си. Корисниците во неколку европски земји биле подложени на лажни тврдења дека високи украински функционери и нивните роднини купиле луксузни автомобили...

Краткиот пат на една лажна вест – долг пат на еден општествен хаос

Publish („објави“) е копчето кое е најлесно да се притисне. Да се притисне е лесно, но дали се исто така лесни и последиците што тоа може да ги донесе? Доволни се пет зборови кои ќе ја привлечат публиката и текст од десетина реда кои ќе ја шокираат јавноста или ќе предизвикаат наплив од чувства, без разлика дали се позитивни...

МВР: Лажна е веста објавена на „Курир“ дека исчезнатото девојче е пронајдено во друга држава

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава. "Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи...

Мета.мк со предавања за лажни вести и дезинформации е дел од фестивалот за млади „Џифони Македонија“

Новинската агенција Мета.мк денеска ќе биде дел од 11. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“, на кој учествуваат стотици млади луѓе од различни држави во светот. Како придружен дел од фестивалот предвидени се работилници и мастер часови на различни теми, а Мета.мк ќе биде дел од овој младински настан. Заменик-уредничката во Мета.мк, Мери Јордановска и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист...

Шаќири: Градиме медиумски писмени ученички генерации кои знаат да препознаваат лажни вести

Кога имате милиони извори на информации и тоа особено на интернет, каде учениците, како и сите ние, минуваат добар дел од дневното време, мора да научите да анализирате и да препознавате кои се точни и вистински вести, а кои се лажни информации и шпекулации со скриени намери. За тоа, најмногу можат да помогнат наставниците, а тие пак, треба да...

Геополитичка анализа: Дезинформациите од странство го дестабилизираат Западен Балкан

Дезинформациите и лажните вести не се само медиумски проблем, туку се и безбедносен. Тие ги дестабилизираат земјите од Западен Балкан, попречувајќи ја реализацијата на најважните стратешки цели на државите, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Ова е генерален заклучок од новата анализа „Геополитичка перспектива на дезинформациските текови во Западен Балкан“ објавена од Фондацијата „Метаморфозис“, која укажува на поврзаноста меѓу странските штетни...

Спасовски: Една од клучните битки е справувањето со лажните вести

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за порталот „Журнал“ а во однос на тоа колку граѓаните се запознаени со лажните вести и кои се последиците од нив, рече дека лажните се вести се еден од посериозните предизвици на новото време. „Една од клучните битки е справувањето со лажните вести. Владата направи акциски план за справување со дезинформациите и...

Би-Би-Си Верифај: Околу 60 новинари, истражувачи и експерти ќе се борат против дезинформациите

Британскиот сервис Би-Би-Си отвора ново поглавје во својата работа, во однос на проверката на факти и борбата со дезинформациите. Формиран е новиот бренд со име „Би-Би-Си Верифај“ (BBC Verify), каде што ќе работат форензички новинари и експерти од целиот британски сервис, меѓу кои и уредникот за анализа Рос Аткинс и дописникот за дезинформации Маријана Спринг, заедно со нивните тимови. BBC...

Интервју со Тамила Велковска: Проруската пропаганда вешто злоупотребува „болни точки” на македонските граѓани

Иако Здружението на Украинците во Македонија постои веќе повеќе од деценија, јавноста за „Лесја Украинка“ дозна преку настаните поврзани со војната во Украина, која Русија ја започна минатата година. Откако во февруари 2022 година се оддржа протест во Скопје за поддршка на Украина, Здружението почна да организира хуманитарни акции и настани за да ја информира јавноста за воениот терор...

Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна, тепачите и тепаниот се од иста групација

Дел од хибрдната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“. „Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја...

Вечерва дебата на тема „Инфодемија – Како да останеме на вистинската страна?“ на ТВ 21

Директорот за партнерство и развој на ресурси на Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски, претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски и комуникологот Бојан Кордалов ќе гостуваат во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21 посветена на темата „Инфодемија - Како да останеме на вистинската страна?“. Тие ќе разговараат како да се остане на страната на вистината откако заврши пандемијата на ковид-19, но остана...

Спасовски: Најдобрата одбрана од лажните вести е навременото пласирање на точни информации

Најдобрата одбрана од лажните вести е навременото пласирање на точните информации, како начин навремено да се одговори на сите прашања кои постојат на одредена тема, истакна утрово министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за МРТВ. Тој рече дека во последните неколку години јавноста во државата речиси секојдневно се соочува со лажни вести, при што во фокусот не се...

Зилбеари: Според едно истражување, 90% од населението изјавиле дека политичарите се најголемите дистрибутери на дезинформации

Според едно истражување и анкета спроведена од „Метаморфозис“, за перцепцијата околу дезинформациите, 90 отсто од испитаниците се изјасниле дека најголеми дистрибутери на дезинформации се политичарите, потоа медиумите и новинарите, а потоа социјалните мрежи. Ова се само дел од податоците што ги откри главната уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 каде се зборуваше за лажните вести,...

Продолжува акцијата против дезинформациите: „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“ [Фото]

Герила акцијата против дезинформации продолжува во центарот на Скопје. Денес се појави макета со лажговци кои држат транспаренти со лажни вести. „АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!“, „Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – на лагата и се куси нозете, а долги опашките“, „Путин ја ослободува Украина од фашизмот – отвори...

Герила акција: Народната мудрост посилна од лажните вести [Галерија]

Денеска на повеќе локации низ Скопје анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија. Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението. Авторите на инсталациите поставија пет најзлонамерни дезинформации...

Филипче: Со ширењето лажни вести се загрозува јавното здравје

Со ширењето лажни вести се загрозува јавното здравје, а тоа е сериозна работа, ние имаме сериозен проблем, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција на која заедно со премиерот Зоран Заев ја промовираа кампањата „Вакцинирај Се“ насочена против дезинформациите за вакцинацијата и за зголемување на имунизацијата. - Ги слушаме сите ставови на протестите, но досега не сме чуле...

МОН: Лажни вести и фотографии се шират за сексуалното образование, граѓаните да следат официјални известувања од МОН и БРО

Министерството за образование и наука демантира каква било поврзаност на фотографиите и содржините кои деновиве кружат на социјалните мрежи, со сеопфатното сексуално образование. „Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интензивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани со сексуалното образование, како оваа,...

МВР со демант: Пратеникот Апасиев упорно шири дезинформации

Министерството за внатрешни работи ги демантира лажните вести кои упорно ги шири пратеникот Димитар Апасиев. „По минатонеделниот обид со лаги и подметнувања да ја оцрни полицијата, за што доби соодветна лекција и од стручната јавност, Апасиев сега повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста“, се вели во соопштението од МВР. Оттаму посочуваат дека Апасиев на социјалните мрежи објавува фотографија...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...