fbpx
Таг: лажни пасоши

таг: лажни пасоши

Почна судењето за лажните пасоши, дел од обвинетите признаа вина

Во Кривичниот суд во Скопје денеска започна првото рочиште од судскиот процес за издавањето фалсификувани пасоши, во кој се опфатени вработени во МВР и еден посредник. Петмина од нив во судницата се изјаснија за виновни, а една обвинета, којашто отсуствуваше на судењето, преку својот адвокат исто така ја призна вината. Други петмина обвинети, пак, се изјаснија како невини. Постапката за...

Судењето на Грујовски и на Бошковски во Солун одложено за 1 декември

Судењето против поранешните разузнавачи Горан Грујовски и Никола Бошковски, кое требаше да се одржи денеска во судот во Солун, одложено е за 1 декември, објави „Телевизија 24“. Судењето е одложено поради тоа што судот немал преведувач. По Грујовски и Бошковски македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, по обвинението од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи...

Четири вооружени лица со лажни бугарски пасоши уапсени во Србија

Четири лица биле уапсени од српските власти откако се обиделе да влезат во Унгарија со големо количество оружје. Тие имале лажни бугарски документи за идентификација. Помеѓу уапсените бил и 31-годишен Србин, кој минатата година бил уапсен во Шведска и се смета за клучен член на криминална група што го снабдува Муслиманското братство со оружје од поранешна СФРЈ. Другите три лица се 35-годишен...

МВР го заврши дигиталното вештачење за „тајната фабрика за пасоши“

Министерството за внатрешни работи завршило со дигиталното вештачење на фотографиите и на видеозаписот на кои се гледа како рачно се изработуваат пасоши, јавува „Фокус“. Резултатите од вештачењето се испратени во Основното јавно обвинителство, а од МВР не соопштуваат повеќе детали. Шефицата на јавното обвинителство, Гордана Гешковска, за „Фокус“ потврдила дека тие од утре ќе ја анализираат дигиталната форензика.

Јанкулоска: Опозицијата да ни го достави тоа што личи на пасош

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска упати апел до опозицијата, ако поседува нешто што ним им личи на патна исправа, да го достават за МВР за да направи анализа и за да се отстранат сите сомнежи, пренесува „Радио Слободна Европа“. - Ако немаат такво нешто и само манипулираат со јавноста, тогаш нека си одберат друга тема за сопствена политичка...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...